Војниците се распоредени на територијата на Југославија и Грција не за борба против комунистите, а за да заменат германските војници кои се потребни на фронтот. До септември 1944 година бугарската војска не учавства воени дејствија.
Полицијата врши иста дејност, каква прави денес македонската полиција - грижи се за зачувување на редот и законноста.
Мините во Југославија се користат од страна на Германците и бугарски војници се ги обезбедувале - причината е иста. Германските војници се испраќаат на источниот фронт, а бугарските во Југославија и Грција, бидејќи Царството Бугарија не учествува во воените дејства.
Генерал Бојдев никогаш не командувал 15 дивизија, а 5 армија. Не е "сменет од команда ... после тешки губитоци", а си поднесува оставка, бидејќи не сака да учествува во активности против партизаните "јас сум учел за генерал, не за жандарин" (тоа се негови зборови).
Војниот аташе на НДХ во Софија вака иши во својот извештај “Насилието на власта доведоа до отпор и револт кај народот во Македонија, во народот се зборува “се ослободивме од еден јарем а дојдовме под бугарскиот - уште потежок“ и заклучува во извештајот “Македонците се чувствуваат појармени и бараат слобода“
Ако ко шо велиш “До септември 1944 година бугарската војска не учавства воени дејствија“ како да од Мај до Декември 1942 година, воениот суд на 5 Армија имаше 25 судења ма кои се осудени 82 на смрт, 32 на доживотен затвор и 111 на временски затворскии казни ??
Вистината е поинаква, од самото влегување во Македонија бугарската војска беше вклучна во борби против антифашистичкото движење на Македонија и тоа: На 14 октомври 1941 бугарска војска води борба против партизанскиот одред Карадаг, на 17 октомври 1941 против партизански одред Козјак, одред Димитар влахов води на 11 јули борби со бугарска војска во Лисец, во Април 42 бугарска војска води борби со одредо Пелистер, есен 1942 бугарски окупаторски единици водат борби со партизански одред Даме Груев кај Златари и Сопотско, на планина Мукос партизански одред Димитар Влахов се бори против бугарски единици од прилепскиот гарнизон, Крушевскиот патизански одред Питу Гули води борби против бугрските окупациони еиници кај села Дворец, Дреново и на планината Страмор, потполник Христо Белов од 54 пешадиски полк запишува дека 15 свои единици пратил во борба против партизаните во регионот на Прилеп и Битола, 56 бугарски полк изведува воена акција “бабуна“ со цел да го разбие Велешкиот партизански одред Димитар Влахов, се водат борби кај Ореов дол, Азот, Габриште... Во декември бугарски окупациски сили водат борби против партизански одред кај Папрадиште, 20 Декември 1942 година бугарска војска води борби кај Прилепец, во септември се водени борби кај Болно, од 7 до 16 Јуни бугарската војска иведува јунска офанзива против тиквешките партизански одреди кај река Црна, во тој период бугарите оради неуспех на офанзивата ги запалија селата Шивец, Ресава стрелаа 72 селани а во Ваташа о наредба на полковник Апостолов стрелани 12 младинци, во ист период 54 бугарски полк води борби против партизанскиот одред Гоце Делчев во Битолско, во есен 1943 кај Вратница бугарска војска води борба против Шарпланинскиот партизански одред и поради неуспех и големи загуби бугарите по битката стрелаат 15 селлани од тој реон, од 5 до 19 јануар 1944 година заедно со германците, бугарската окупаторска војска изведува офанзива на Пајак планина против партизанските одреди при штопетрпеа тешки загуби и пак својот бес го истураат на народот о палење на села и стрелање на неколку сттотини селани од Моти, Зборско, Фуштани, Лагунци..., од 4 до 7 јануар 1944 бугарската војска претрпе тешки загуби во борби против партизански одреди кај Орешка чука, а во источна Македонија 25 дена трајат борби со бугарски окупатори на Беласица, Плачковица, Огражден и Осогово, од 25 април до 20 јуни бугарските окупатори во соработка со германците изведуваат голема офнзива во која учествуваат речиси 40.000 бугарски војници и полиција но не успеваат да ги разбијат партизанските одреди туку напротив трпат тешки загуби, кај кратово се заробени 120 бугарски војници бугарите се приморани да повикаат на помош артилерија и авијација за да избегне катастрофа, во овие борби загинаа 1200 бугарски војници и 500 се заробени, запленети се топови, митролези, пушки, опрема и храна... на страна на партизаните имаше 50 мртви и 80 ранети. Поради овој пораз на бугарските окупатори сменет е Бугарскиот генерал Бојдев... во 44 година веќа низ цела македонија се водат борби и се разбиваат бугарски воени и полициски единици, разбиен е специеален одред за борба против партизани Бенковски, началник на скопска полициска област праќа извештај дека ни војска ни полиција веќе не се во состојба да се пресметаат со партизанските единици .....
од ко стапнаа па дур не заминаа, бугарските окупатори вршеа терор, пљачка насилие и борба во Македонија. Нема ни збор за некопи “ослободители“