Ова е таа аргументирана дебата што збориме цело време...
Jaс поставив неколку прашања на кои никој од овие што ги бранат мигрантиве не успеа да одговори. Па еве ќе ти ги преповторам тебе и на останатите, па да ги видиме вашите аргументи.
1. Меѓу бегалците претежно доминираат военоспособни мажи кои си ги оставиле родните огништа да им ги бранат жените, сестрите, мајките, ќерките. Ако мажите избегале, кој ќе им пружи отпор на крвниците од ИСИС да стигнат непречено до нивните домови? Со што ќе се одбранат жените? Веројатно со ова:
Зошто очекуваат дека ИСИЛ-овците ќе им ги поштедат жените од силување, тепање, и убивање? Можеби затоа што ИСИЛ-овците им се соборци? Што мислиш?
Паметиш ли
@puno, кога твоите бегаа од Косово кон Стенковец колку жени и деца имаше во колоните? Паметиш ли колку трудни жени имаше помеѓу нив? Зошто тогаш не ги оставивте жените на Косово да ги пречекаат војниците на Милошевиќ, како што прават Сиријците сега?
2. Вашите
@puno, кога бегаа од Косово не паметам да бараа засолниште во македонските семејства. Тие беа привремено згрижени кај македонските Албанци, значи кај сличните на нив, по вера, обичаи и менталитет. Тогаш зошто Сиријците не бегаат кај сличните на нив, како што се Саудиска Арабија, Кувајт, Емирати, Иран, каде што ќе бидат прифатени и лесно ќе се вклопат туку во Германија, Франција, Шведска, кадешто живее народ со друга вера, други обичаи и друг менталитет скроз некомпатибилен со нивниот, каде нема да бидат прифатени и ќе живеат во гета, каде сите ги мразат и каде е сосема извесно дека ќе бидат изложени на напади на ултрадесничарите?
Тоа ти е исто како да речеме неколку Македонци од мариовските села поради немање услови, не можат да останат на родните огништа и се преселат не во Прилеп, Битола или Скопје, туку одлучат да се населат во Мала Речица или друго село со 100%-но албанско население. Што мислиш, дали овие Македонци таму ќе ги пречекаат со добредојде, или што поскоро ќе им го покажат патот за назад?
3. Вие кога бегавте од Косово, бегавте во соседните земји. Не бегавте од две до четири илјади километри далеку од дома колу што има од Сирија до Германија, Франција, В.Британија и Шведска и тоа по воздушен пат. На оние што бегаат од Авганистан и Пакистан поблиску им е Малезија кадешто патот е многу полесен за одење бидејќи претежно поминува по рамнини и крајбрежја, отколку Западна Европа кадешто мораат да минуваат преку планини и пустини низ Иран и Турција.
4. Читам на форумов како ги осудуваат Македонците што им наплаќале по 2 евра за да им наполнат телефон. Од истите тие, не прочитав ниту еден збор осуда за криумчарите на луѓе кои истите овие Сиријци ги превезле од Сирија до Родос, а кои им земале многу, многу повеќе од 2 евра.
Ајде сега да ги видиме вашите аргументи. Повелете!