Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој правено домашен чиа пудинг и притоа да му успее?
Правев според рецепт од интернет и не ми нарасна семето.
2 мали лажички во 200 мл цеден портокал. Оставаш околу 1-2 саати и повремено размешуваш. Нема утка.
 
Дали е можно свежо исцеден сок да се зачува за пиење до зима? Ми останаа 100 килограми круши, сакам некаков сок од нив да направам, ама не знам како :D Или свежо исцеден или некако поинаку направен..... знае некој? :D
 
Па свежо исцеден не можеш да го зачуваш, но можеш да го конзервираш во домашни услови. Или да направиш слатко, компот, мармалад од нив.
 
Не знам ништо за конзервирање, како се прави тоа? Дали ке се смени вкусот на сокот, до кога ќе може да се користи...... А може и да се направи некакво слатко, само сакав и сок да пробам :D
 
Дали е можно свежо исцеден сок да се зачува за пиење до зима? Ми останаа 100 килограми круши, сакам некаков сок од нив да направам, ама не знам како :D Или свежо исцеден или некако поинаку направен..... знае некој? :D
Сок од круши не е вкусен.
Подобро направи си компот
Во тегла нареди исчистени и излупени парчиња круша, за тегла од литар додај 2-3 супени лашици шекер и малки лимонтус.
Теглите со круши, налиј ги со вода да се прекријат крушите и стави ги во тава и во рерна ( тавата служи ако пукне некоја тегла )
Во рерна нека зовријат и додека се топли затвори ги со капаче херметично
И во текот на зимата ќе уживаш во мирисите на летото!
Наместо во рерна теглите можат да се зовријат во тенџере со вода )
 
Баба ми правеше многу убава пита (штрудла) со тиква, ама бев многу мала и сеќавањата ми се избледени како ја правевме порано. Знам дека сама ги правеше корите, а за филот ја рендаше тиквата и понатака имам дупка. Прашањето ми е дали ќе биде убава со готови кори затоа што до сега не сум правела кори и дали филот треба да го пржам/варам?! Како да ми стои во сеќавање дека со шеќер во прав го вареше во вода?! Помош како да направам :)
 
Ти личи на таа во ќошот? :D Таа обично ја правиме за бадник, дека посно. Само што ја правиме со рендани јаболка и цимет. Со готови кори во глобала.
Секоја кора се попрскува прво со зејтин, а потоа со кисела вода (само не многу кисела вода да не омекне премногу. Секоја трета кора се филува и се витка во ролат. И на крај шеќер во прав. За со тиква не знам... :D
 
Attachments

  • IMG_20150814_185828.JPG
    IMG_20150814_185828.JPG
    146,9 KB · Прегледи: 23
Баба ми правеше многу убава пита (штрудла) со тиква, ама бев многу мала и сеќавањата ми се избледени како ја правевме порано. Знам дека сама ги правеше корите, а за филот ја рендаше тиквата и понатака имам дупка. Прашањето ми е дали ќе биде убава со готови кори затоа што до сега не сум правела кори и дали филот треба да го пржам/варам?! Како да ми стои во сеќавање дека со шеќер во прав го вареше во вода?! Помош како да направам :)

Баба ми ја вареше тиквата ама не скроз. Па ја пасираше со она за компири и ставаше млеко одприлика, шеќер во прав и ванилен шеќер и ја враќаше на шпорет да се направи како крем. Варењето на тивко.
 
Баба ми правеше многу убава пита (штрудла) со тиква, ама бев многу мала и сеќавањата ми се избледени како ја правевме порано. Знам дека сама ги правеше корите, а за филот ја рендаше тиквата и понатака имам дупка. Прашањето ми е дали ќе биде убава со готови кори затоа што до сега не сум правела кори и дали филот треба да го пржам/варам?! Како да ми стои во сеќавање дека со шеќер во прав го вареше во вода?! Помош како да направам :)

Питата ќе биде убава и со готови кори и со домашни, клучот е во филот. Јас еднаш правев со тиква и колку што се сеќавам мислам дека малку ја запржив тиквата со шеќер и ванила. На маж ми му се допадна, но за мој вкус не беше нешто идеална. Дали од ванилата доби различен вкус или не, незнам.

Во секој случај ако ја направиш питата и го погодиш рецептот слободно споделиго тука со нас :).
 
Купив зачин италијанска мешавина од тинех, дали некој знае за што се користи најдобро?
 
Дај состав, вака тешко дека некој ќе ти помогне.
Иако, сите тие под "италијански зачини" се за пици и тестенини.
 
има: јодирана сол, рузмарин, мајчина душица, пиперка, јужноамерикански црвен бибер, босилок, острагон, чубар, горушица.
Јас го ставив денеска во чорба (пилешка), па ќе видиме како ќе биде. :)
 
Рецепт за полнети мини гамби, ама да има и павлака? По интернет барав има само со урда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom