Во Дневник е објавен напис во кој се оценува дека падот на цената на нафтата ќе има позитвивно влијание на македонската економија
http://dnevnik.mk/?ItemID=8C473F90E3A0104E85D21FB654E3B8E2
Од Дневник претпоставуваат дека буџетот ќе се полни повеќе со акцизи заради зголемените количини потрошени нафтени деривати:
„Економистите се согласуваат дека намалените цени нема да имаат буџетски последици со оглед на тоа што акцизите за нафтените деривати се фиксни и се наплатуваат по количина. Сепак, во услови на зголемена потрошувачка при намалени цени, буџетот може да има и позитивен ефект најмногу поради зголемување на приходот од ДДВ.“
Ова не е точно, потрошувачката на нафтени деривати стагнира,
а буџетот ќе изгуби заради намалените приходи од ДДВ:
Во 2014 година во Македонија потрошила исто вкупна енергија како и во 2013 година, но по структурата потрошената количина на енергија е различна кај разните типови на енергенси. Има покачување од 9,4 отсто во потрошувачката на лигнитот и јагленот, кај природниот гас 6,4 отсто, кај геотермалната енергија за 6,2 отсто и коај огревното дрво за 1,4 отсто,
а има помала потрошувачка на електрична енергија од 11,4 отсто, кокс 7,6 отсто и
сурова нафта и нафтени деривати 0,8 отсто“, рече претседателот на МЕА Кочо Анѓушев на денешната пресконференција.