Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.403
- Поени од реакции
- 36.609
Што ќе прави со златото?Парите барем за да запали оган ќе ги искористи, да испече некој дивеч.
Што ќе прави со златото?
Ебаго, па ќе купи храна со златото. Златото секогаш има вредност. Не и хартијата на која се принтаат фиат валутите како доларот. Или сакаш да кажеш дека ти навистина би претпочитал хартија наместо златници, во некоја идна економска криза?
Кога тоа во историјата вредноста на златото паднала на нула? И за споредба, колку пати пропаѓале фиат валутите?
О да, споредбата воопшто не е фер... за фиатот.
Како oна рекол Едмунд Бурк... „Оние кои на ја знаат историјата, осудени се да им се повтори“
Мало потсетување за најпознатиот пример (а не е дека и овде кај нас немало хиперинфлација, прашај ги родителите ако не веруваш):
Не, многу погрешно ти е сето ова.Напротив, ти си тој што не прави разлуика помеѓу ресурси и имагинарни вредности напишани на хартија. Она што сакам да ти кажам е дека златото не гарантира никаква вредност. Вредноста на златото е имагинарна...
Златото е фиат вредност исто колку што се парите, без разлика на неговата физичко присуство или отсуство. Мислам дека ова не е баш тешко да се сфати, така?
Мислам не само дека тоа е погрешно во дефиниција а ти упорно го тераш како да не е (за тоа заслужуваш изненадување во облик на Монти Пајтон 16тонски тег), туку погрешно е и во концепт на самото твое резонирање. Дека не разбираш, до толку те разбирам.
Нејсе, нема сега со семантика да се занимаваме. Но мора да разбереш дека не ти зборувам генерално за манипулативните менувања на разните вредности - пази ваму: ти зборувам за разликата во можностите на манипулација што ги нудат тие два вида платежни средства. (и дефинтивно земи препрочитај ја последнава реченица се додека не ја разбереш).
Разликата меѓу златото и фиатот е огромна. Вредноста на златото може да се манипулира, ама неговото физичко постоење и физичката ограниченост на неговата достапност - е тоа никако не може да се манипулира. Затоа златото е неспоредливо подобар избор за валута. Затоа дури и криптовалутите се подобри од класичните фиат валути (барем во концепт, ако не и во реализација).