Ова ми е најсомнителната работа во цела оваа ситуација. Обично 70% од бегалците се жени, деца, инвалиди, старци и така натака. Овие се тука млади луѓе мажи, каде им се жените, сестрите ќерките, мајките, бабите? Кај им се татковците, дедовците, синовите? Зарем тек така ги оставиле да гинат и избегале?
Значи пак ќе кажам, поголемиот дел од Сиријците, бегаат од војна и страдања, меѓутоа станува очигледно дека голем дел од нив имаат скриена агенда. Ние сме имале бегалска криза и знаеме што значат бегалци, кој им е соодносот, мажи/жени, возрасни/деца/старци и така натаму. Ова не е таков однос.
И згора на тоа овие луѓе не можеме да ги означиме како бегалци, пошто они може да се бегалци во Турција или во првата држава кај што ќе стапнат, а е мирно. Овие се веќе мигранти. Зошто инсистираат да одат во Европа? Дали се животно загрозени во Турција? Авганистанците поминуваат низ Иран. Во Иран е релативно мирно, јазикот им е сроден со Иранците. Зошто не останат во Иран? Зошто инсистираат на Европа? Според мене, оваа миграција е намерно предизвикана од одредени структури на Блискиот Исток. Демографската структура е поставена, да има понекое дете и жена, колку да се залажат и да се сожалат луѓето кај што поминуваат овие мигранти.
Една друга нелогична работа што ми се провлекува без некој да се запраша сериозно е: Претежно најзагрозени се областите што се традиционално Курдски. Поточно Ирачки и Сириски Курдистан. Зошто во бегалците не преовладуваат Курди. Тие дефакто се борат против ИД и се најзагрозени од дејствата на ИД. Зошто нема православни од Мосул? Зошто нема Језиди? Зошто нема Асирци, кои се едни од најзагрозените во Сирија? Зошто нема Ерменци од Сирија, каде се во бројка значително малцинство? Зошто нема шиити од Ирак? Тие исто така се ѕверски убивани од ИД.
Значи генерално сум, за хуман однос кој бегалците, но све во границата на своите можности и во безбедноста на држава.
Мојот став е, Србија ни се јавува пуштете 1000 души, ние пуштаме на Јужна граница организирано 1000 луѓе. За 2-3 саати со воз или автобус, ќе стигнат до Србија. Никакво задржување во Македонска територија. Толку!