Како бумеранг можат да ни се вратат мигрантите ако Србија реши да ја затвори границата. Најдобро е да ги држиме на меѓуграничниот простор за да се контролира кој влегува,а кој излегува. Тек сега ќе следат тешките денови за Армијата кога ќе пристигне нов бран мигранти. Истите тие хаос ќе направат по околината ако се препуштаат без контрола.
Па и ако ги префрлиме до Србија ваљда и таму ќе бидат во меѓуграничниот простор ако србите не ги пуштаат, а нашата полиција и војска место у Гевгелија ќе биде на српска граница и враќање назад нема.
До душа и онака они самите не верувам да сакаат да се вратат во Македонија, зошто ако беше за враќање ќе се вратеа во Грција штом гледаат дека ние не ги пуштаме понатаму, ама еве ги не се враќаат туку тука седат. Башка они тој пат низ Средоземно море не го поминале за да седат кај нас.
Вака само ние имаме проблеми, ако настане хаос ќе настане хаос кај нас, нашите полицајци ќе си имаат проблеми и нашите ќе треба да се справат со нив. На грчка страна ко што пренесуваат нема ни полиција ни војска, ништо, туку само ги упатуваат кај нас.
После нас ќе не боли глава, ако Србите дигнат ѕид или затворат границата? Што ќе им правиме на угнетениве? Бугариве нема шанси да ги примат, Грците ни ги носат нас, место да ги вратат назад, Албанција, Косово ќе ги прими, или и они ќе почнат да ја заштитуваат границата?
Што ќе се деси после ако овие видат нема излез од државава, никој не ги прима, ќе заглават тука, бог знае кој е кој од нив по ненормален, и по brainwashed за да направат некој пакос тука. Најдобро е со Србиве некако да се договориме, колку да им пуштаме дневно, после они нека ги носат во ЕУ. И Србите мислат за своја држава како да ја заштитат.
Овие не се играчка, овие се болни умови, без ронка совест каква штета можат да направат, ако кренат бунт,
Воопшто не ги жалам.
Де бе преку ноќ ли се дига ѕид ?
Аман со тие ѕидови, демек унгарците за 2-3 саати го изградија ѕидот што го најавуваа...
И да ако гледаат дека никој не ги прима, баш ќе речат „ај нема шо да праиме, дај ќе си се вратиме во Македонија, библиска земја е тоа, втора најдобра економија во Европа. Шо ако си го ризикувавме животот по морињана, дај ќе си седиме во Македонија“ и оп ќе ни се вратат нас...
Овие слики сеа што ги глеаме со наши полицајци во главна улога, најверојатно ќе ги глеаме пак само во главна улога ќе бидат српските полицајци.
Не можам да кажам дека 100% никој нема да сака да се врати назад и да проба преку Албанија/Бугарија, ама ако им било за тоа и сега ја имаат таа можност, можат преку Грција да одат и во Албанија и во Бугарија, така да веројатноста е мала, а за да не бидеме фатени така на изненадување ќе си има обезбедување на нашата граница.