Прашања до Атеистите II

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Хахаха, одамна тоа дошло, веќе си заминува по малку со годиниве. Бери му ти гајле дали ти дошол воопшто :D
Немој да влегуваш во такви илузорни филмови дека годините по дефолт носат мудрост и знаење......иначе не би можел да берам гајле ако го немам умот, пошто ќе немам со што да го берам.
Како и да е, ќе и киднеш ти на кармата во наредните години што одат, дали на бандаш или со саглам гуми не е битно :D
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Кармата е реална само ако веруваш во неа.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Немој да влегуваш во такви илузорни филмови дека годините по дефолт носат мудрост и знаење......иначе не би можел да берам гајле ако го немам умот, пошто ќе немам со што да го берам.
Како и да е, ќе и киднеш ти на кармата во наредните години што одат, дали на бандаш или со саглам гуми не е битно :D
Мопре дислексичен, кај пишав такво нешто?
 
D

Daedalus

Гостин
Еј @Зорт @Ipsissimus @MikioBo и @karan муабетов ви е одличен али идете оф топик. Ќе ви ги префрлам муабетите у темата за еволуција, па продужете таму.
(се јавуе некој bug кога пробувам да ги преместам и нејќе али чим се опраи, ќе бидат преместени.)
 
З

Зорт

Гостин
Момче, ти сериозно си ги измешал лончињата. Што имам потреба аргумент да давам за да не верувам во било што? Очигледно не го сфаќаш значењето на зборот “неверување“.Неверување во одреден став (мислење, тврдење.....итн) не значи негација на истото. Не би сакал да ти кажам за кого е верувањето.
Ќе ги средиме лончињата, ако не од прва, од два-три пати сигурно.

Велиш теизмот се докажува затоа што е верување а атеизмот не се докажува затоа што е неверување. Значи ако некој вели не верувам дека утре ќе врне не треба ништо да образложува а ако друг рече верувам дека утре нема да врне мора тоа и да го образложи.
Не ти се чини ли дека и оние што веруваат и оние што не веруваат го прават тоа врз основа на некакви претпоставки , факти , искуства...работи кои треба да се образложат.

Или ај да ја гледаме работава и од друга страна. Ако неверувањето не треба да се образложи затоа што не е тврдење тогаш и верувањето не мора да се образложува затоа што и тоа е верување а не тврдење.

Слободно кажи за кого е верувањето. Само пази, со тоа прилично ќе ја заплеткаш дискусијава зашто од неверување отворено одиш во тврдење! Или?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Ја негирав ли јас еволуцијата? Го доведувам под сомневање начинот и причините поради кои се извршува.

Еве ти еден став од Карл Саган, егзобиолог и исклучително ангажиран на популаризација на науката. Сепак тој тврди дека:

Еден едноставен протеин може да се состои од сто аминокиселини кои можат да се појават во дваесет вариетети. Веројатноста овие аминокиселини случајно да го формираат оној поредок кој е потребен за да настане протеин е 10 на -130 степен. Доколку комбинациите би се вршеле со брзина од 1000000000000 во секунда не би можелe да создадат молекул на протеин за сето времетраење на универзумот.

За случајни корисни мутации кај посложени системи веројатноста не вреди ни да се разгледува.
Тоа важи ако еден научник во своја лабараторија прави таков експеримент, но целата земјина кугла секој сантим кубен беше лабараторија во која се правеле експериментми 1-2 милијарди години 24 часа дневно, така да подели ги комбинациите со кубни ете не сантиметри туку метри на земјината топка па ќе видии тој Саган дека и те како е голема веројатност тоа да се случи
ПС
Земјата има волумен од 1.097.509.500.000.000.000.000 кубни метри и во секој кубен метар може да има и по 100.000 лабаратории кои 2 милијарди години работеле нон стоп, секоја секунда
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ќе ги средиме лончињата, ако не од прва, од два-три пати сигурно.
Мразам да сецкам постови ама овде морам оти си контрадикторен.
Велиш теизмот се докажува затоа што е верување
Никогаш не сум рекол такво нешто, се додека верувањето некако магично и според твдрењето на тој што верува не се престорило во (кобожем) знаење.
а атеизмот не се докажува затоа што е неверување.
Како и предходното, се додека не е кобожем знаење.
Значи ако некој вели не верувам дека утре ќе врне не треба ништо да образложува а ако друг рече верувам дека утре нема да врне мора тоа и да го образложи.
Види погоре и јасен е одговорот.
Не ти се чини ли дека и оние што веруваат и оние што не веруваат го прават тоа врз основа на некакви претпоставки , факти , искуства...работи кои треба да се образложат.
Не, не ми се чини. Верување и факти не одат заедно. Или веруваш (во нешто, што и да е, не мислам само на боговите) или имаш факти. Двете не може да ги има истовремено.
Или ај да ја гледаме работава и од друга страна. Ако неверувањето не треба да се образложи затоа што не е тврдење тогаш и верувањето не мора да се образложува затоа што и тоа е верување а не тврдење.
Апсољутно тачно.
Слободно кажи за кого е верувањето. Само пази, со тоа прилично ќе ја заплеткаш дискусијава зашто од неверување отворено одиш во тврдење! Или?
За секој паметен доволно е тоа што кажав. Не е тврдење, факт е.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
но целата земјина кугла секој сантим кубен беше лабараторија во која се правеле експериментми 1-2 милијарди години 24 часа дневно
Кој ги правел тие експерименти?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Кој ги правел тие експерименти?
мајка природа, атоми молекули се судрувале постојано се спојувале, распаѓле,некогаш останувале заедно, до принцип на одржливост и постојаност
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
мајка природа, атоми молекули се судрувале постојано се спојувале, распаѓле,ногашостанувале заедно, до принцимп са одржливост и постојаност
Експеримент посочува на свесност и воља. Освен ако не си подржувач на Гаја хипотезата, тогаш погрешен термин употреби.

За концептот општо се согласуваме.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Експеримент посочува на свесност и воља. Освен ако не си подржувач на Гаја хипотезата, тогаш погрешен термин употреби.

За концептот општо се согласуваме.
тоа оти ние свесни луѓе правиме нешто не значи дека е доказ за свесност.
Ете сабајле се какав, тоа е доказ дека сум свесен? - тоа е потреба и морање.
Ние презедовме природен процес и го прогласивме за екслузивно авторско право на човекот и се шо се прави е доказ за нешто возвишено и магично.
Еден ден нас ќе не нема ќе ги нема ни црвите кои не изеле а природата ќе си продолжи со своите процеси
 
З

Зорт

Гостин
Мразам да сецкам постови ама овде морам оти си контрадикторен.

Никогаш не сум рекол такво нешто, се додека верувањето некако магично и според твдрењето на тој што верува не се престорило во (кобожем) знаење.

Како и предходното, се додека не е кобожем знаење.

Види погоре и јасен е одговорот.

Не, не ми се чини. Верување и факти не одат заедно. Или веруваш (во нешто, што и да е, не мислам само на боговите) или имаш факти. Двете не може да ги има истовремено.

Апсољутно тачно.

За секој паметен доволно е тоа што кажав. Не е тврдење, факт е.
Во ред. Сме мислеле исто, сме користеле други изрази. Но со тврдењето дека верувањето е сосема различно од знаењето не се согласувам. Помалку или повеќе секое знаење се темели на претпоставка а не на сигурен доказ.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Во ред. Сме мислеле исто, сме користеле други изрази. Но со тврдењето дека верувањето е сосема различно од знаењето не се согласувам. Помалку или повеќе секое знаење се темели на претпоставка а не на сигурен доказ.
Твое мислење кое никој не може да ти го земе. Се согласувам дека не мора да се согласиме (во однос на болдот).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom