Кога се задолжуваме го покриваме буџетскиот дефицит. Темава е дали можеме да го сервисираме долгот или не, е па можеме, НБРМ е задолжена за ликвидноста.
Од кои извори го сервисираш долгот а од кои буџетот и дефицитот? И како притоа ќе се справиш со огромниот долг на фирмите и граѓаните? Да не се лажеме дека парите за камати и за ребаланси се од марс паднати. Дали знаеш колкава е дупката во пензискиот фонд, во здравствениот? Дали знаеш дека ние плаќаме двојно за партиципација за лекови дури и во однос на средноевропските држави или САД?
А девизните резерви покажуваат дека владата може уште повеќе да се задолжува. Па дури и да се постави обратното прашање, зошто владата кога веќе има простор не оди со уште поголеми задолжувања, односно поголем буџетски дефицит.
а за што се задолжува? Ако се задолжиш за непродуктивни цели, парите мора од негде да ги земеш, а во иднина аир нема да видиш од тоа задолжување.Значи се прават задолжувања за да се исперат пари преку тендери и градби со енормни цени, за истите тие задолжувања да ги покријат граѓаните и фирмите.
Еве еден пример-патот Скопје Косово каде се одвива огромен дел од прометот, со оглед на фактот што со Косово имаме огромна позитивна трговска размена. Зошто не се вложи во тој дел наместо во тркала, црквички и галии кои никогаш нема да донесат пари? Многу е јасно зошто, дали ти знаеш зошто.