Вака,Лара е лабрадорка,скоро 9 месеци има...многу е весела,дури и премногу,немам видено толку весело куче..живее во околина во која сите ја сакаат повеќе од самите себе

но не е воопшто агресивна,баш е како бебе,едина маана и е тоа што кога ќе дојде некој што го сака(пример јас) се шекнува тотално,почиња да трча како улава,да цивка...но тоа не е најголемиот проблем.
Поради тоа што Лара е хранета како да е кангал,а не лабрадор,е премногу силна,мускулеста и развиена.Во последно време приметив дека дур ја шетаме,и кога ќе ја пуштиме да игра со друго куче.....едноставно,ДОМИНИРА.Без разлика на расата или полот...една хаска која имаше година дена,буквално бегаше кај сопственикот и го гледаше у очи,како да му викаше носи ме дома,оваа е луда...денеска истото го направи и со друго куче,женка,златен ретривер,иста возраст...со неа е од мала и кога ќе ја види не знае што прави,но денес дур трчаа,ќе ја фати за уше и ќе ја легне на земја и не и дава да стане...ја тргнав,ја држев некоја минута,и кога ја пуштив,се залета и ја лупна како воз,кучето сирото се претркала...и не застанува,туку ја држи на земја и не ја пушта(не со заби,туку со нозете од страна и едноставно не и дава да стане).
па ме интересира,дали е некој индикатор тоа,или едноставно има премногу енергија,бидејќи јаде премногу,и тоа не било што,туку јаде по 2-3 парчиња стек варен,леб,зеленчук,овошје(знам дека не смее АМА....) и + нејзина храна барем 1 у денот...што е премногу протеин за неа,100 грама да е едно парче стекче,тоа се 28-30 гр протеин...значи на дневна база грубо земено внесува околу 80-90 гр протеин...а тежи околу 20-25 кг..