Почитувани, сакам да споделам едно, за мене, пријатно изненадувачко искуство. Имено, поради востановената и дијагностицирана мигрена на левата страна на главата, проследена со неподнослива болка и други непријатни симптоми, помошта ја барав по лекарите ширум Македонија, каде што ќе слушнев за позитивни лекувања и третмани. За жал, најчесто ми препишуваа лекарства кои буквално понекогаш и со “цела шака“ ги пиев. Освен некои минимални и подобрувања болката беше постојано присутна.
Бев слушнала од некои мои пријатели дека алтернативната медицина помага. Во почетокот бев скептична, но бев приморана да пробам и на ваков начин да се лекувам. На интернет се запознав со “благодетите“ на Акупунктурата. Бев пријатно изненадена кога на еден сајт видов дека и кај нас сме имале стручњаци во оваа сфера и тоа замислете дипломиран лекар во НР Кина, во Пекинг кој со Акупунктура се занимава повеќе од 25 години. И тоа во моето родно Куманово.
По уредна најава, бев примена, прегледана и третирана со фамозните иглички. Резултатите повеќе од фантастични. После првата сеанса од 12 третмани, болките напросто исчезнаа, т.е. на праг на поднесување, така што, веднаш по втората сеанса од 10 третмани целосно лековите не ги употребувам. Моето искуство сакам да го споделам со сите оние коишто имаа било каков тип на главоболка, па дури и мигрена нека се јават и третираат со акупунктура.
Дали Вие верувате во лечењето со акупунктура?