Телма Телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Види генерално слабо ја гледам и Телма и другите . Чат пат некоја серија или филм, вести на која ке опчекам во моментот и тоа би било тоа во глобала. Турски серии не гледам воопшто, шпански уште помалце , звезде гранда и останати такви натпреварувања исто ( исклучок на пинк звездице или како се викаше ). Но друго ми беше муабетот. Нема врска дали јас и ти како поединци сметаме дека нешто е квалитетно или не , пошто сме поединци. Небитни сме како индивидуи сами посебе. Конкретно за една телевизија да речеме дека е квалитетна и влијателна е да има голем број на гледачи кои ја следат. А би ја следеле кога би имала што квалитетно да понуди, тоа пак иди од квалитетот на кадарот и содржината која ја нуди било тоа да се серии, контактни емисиии, квизови , вести итн итн. Кој што си преферира. Ова правило важи генерално за се и затоа ти реплицирав на твојот пост, а не дека Телма чини или нечини. Можеби ке тропнам онака без везе но Телма ти си ја сметаш онака квалитетна само ради ставот кој го завзема во дневната политика, другото во глобала е небитно. Утре Сител да речиме дека ке завезем онака проопозициски став и таа за некои тука одма ке прочини иако 90% од програмата би и било турски серии и нешто друго безвезе. А сите знаеме на кое ниво ни е новинарството во Македонија. Треба сите вести една по една да ги прегледаш и да донесиш некој заклучок што уствари се случило или по наши кажано сите си ја вртат водата на кај нивната воденица. Или илустративно тоа изгледа вака некако:
What+the+media+wants+you+to+see+what+the+media_8fee64_5137363.jpg
Значи пак не кажа, што сметаш дека кај телма е лошо, за разлика од Сител, Канал 5, Алфа итн, освен дека големиот број на луѓе што треба да ја следат, демек луѓето знаат што е квалитетно ?
Поквалитетна програма имаше во 90-тите отколку сега од едноставна причина, луѓето знаеја што е квалитетно и беше лесно достапно т.е пиратско. Кога почна да се наплаќа и кога испадна интернетот, опадна и квалитетот затоа што интернетот овозможи квалитетното да биде лесно достапно. Не е битно на кој канал луѓето го имаат пуштено телевизорот ионака никој веќе не гледа, серии, филмови и слично се спуштаат од интернет, но тоа не е случај со генерациите со 50+ години.
Конкретно за квалитет се мери, што е најбарано на торент, а не
 
Значи пак не кажа, што сметаш дека кај телма е лошо, за разлика од Сител, Канал 5, Алфа итн
За време на летово Телма е единствената телевизија која емитува од утро до мрак репризи на серии и филмови давани по неколку пати минатава сезона. Зар треба една телевизија, и тоа национална, да си го дозволи тоа? Кој воопшто би сакал да седне и да гледа Телма кога цел ден одат репризи?
Промоа за било што и нема, и доколку има, воопшто не се сензационални да би те натерале да седнеш и да гледаш нешто, без разлика дали е квалитетно или не.
 
Тие што не ги сакаат турските гомна можеби ?
 
Епа нека такви кои би избрале Телма репризи место турски и српски гомна. Рејтинзите го покажуваат тоа, за жал.
Дијаманте, по трет пат ги споменуваш рејтинзите но никако да ги видиме. Штом си толку упатен во нив објави ги, па после ќе дискутираме.
 
За време на летово Телма е единствената телевизија која емитува од утро до мрак репризи на серии и филмови давани по неколку пати минатава сезона. Зар треба една телевизија, и тоа национална, да си го дозволи тоа? Кој воопшто би сакал да седне и да гледа Телма кога цел ден одат репризи?
Промоа за било што и нема, и доколку има, воопшто не се сензационални да би те натерале да седнеш и да гледаш нешто, без разлика дали е квалитетно или не.
Пријатели е класика серија од новите генерации ретко кој ја има гледано. Стрела е прилично нова серија така да џабе кењаш дека е сто пати давана.
Без паника матуранти е дефинитивно најинтересен квиз што моментално се дава во Македонија. Каде каде подобар од срањата на драган.
Топ тема единствена дебатна емисија на македонските тв канал.
Секоја вечер даваат по два филма јебига сеа некој ги имаш глеано некој не. У секој случај пре по стоти пат би го гледал годвадер него фериде. Плус за викенди имаат редовно по некој цртан што е каде каде боље за децата него мемати и компанија.
 
Се согласувам со тебе, само да додадам дека освен Телма и 24Вести има дебатни емисии и многу квалитетни емисии што обработуваат различни теми. 24 Анализа, Очи во очи, Отворено, Трета порта, Патот до успехот....Само Телма и АлсатМ покрај 24Вести имаат исто така емисии од таков тип. Покрај тоа на 24 Вести постојано има документарни филмови и репортажи, и најглавното: убедливо најобјективната и најизбалансирана телевизија во информативниот дел.Тоа го кажуваат извештаите на Обсе/одихр Фридом Хаус итн...
 
Ако праиме споредба меѓу 24 Вести и Телма за објективност, тогаш 24 Вести ја јаде Телма за доручек. Пример пред некоја недела имало некој си извештај од ММФ, на 24 Вести кажуваат „ММФ ја пофали Владата за тоа и тоа и тоа“, Телма кажуваат спротивно или дека баш за тоа што 24 Вести вика дека сме биле пофалени Телма кажуваат дека било посочено како проблем.
Се е океј тоа со Топ тема, Без паника, Френдс, филмови, серии, ама за објективност не е нешто премногу објективна телевизија Телма.
Ако сакам стварно од вести да се информирам тогаш глеам на 24 Вести, а ако сакам да видам до кај е дојдена мизерноста на државава глеам на Шител.
 
Не реков дека народот е генерално глуп. Тоа дали е глуп или не, е друг муабет, што нема врска со овој.
Реков дека мејнстримот отсекогаш и насекаде имал ниски културно уметнички критериуми, што нема врска со бизнисот. Бизнисот во културата и уметноста повеќе зависи од масовноста. Гледаноста (а со тоа и еконмскиот успех) на Сител и Канал 5 и порано А1, е дело на масовноста, додека културно-уметничките дострели и постигнувања немаат врска со квантитетот на публиката. Веќе споменав дека општеството традиционално има оформено институции кои ги одредуваат овие вредности. Воглавно, она што го сака мнозинството, може само да се искористи економски, додека неговата културно-уметничка вредност, во огромен број случаи, објективно е дискутабилна.
Абе види ако правиме споредби Моцарт правел каде каде поквалитетна музика од некој било кој од денешно време. Од друга страна на рака ке се избројат луѓе кои дома наместо секојдневна музика ке застани и ке си пушта опери или појма немам таму што. Уште помалце ке најдеш барови, кафичи, кафани , забави каде се пушта музика од моцарт. Иако е ајде да речеме поквалитетна народот не сака да ја слуша и нормално не ја пуштаат пошто никој нема да им оди. Е сега според твојата логика народот е глуп пошто очигледно одбира да слуша музика која споредбено со моцарт е каде каде понеквалитетна. Се работи за избор и побарувачка. Никој никаде нема да го спречи газдата наместо шунд да пушти класична музика. Ке си седи сам во кафичот ама битно можи да си пушти тоа што си сака наместо тоа што популацијата го бара. Значи и покрај тврдењето на повеќето тука кои ете се еманиципарни, просветлени и имаат високи критериуми на што е квалитетно а што не (нормално за разлика од другите кои се глупи и немаат вкус) телевизиите и сите масовни медиуми пуштаат програма која народот сака да ја гледа безразлика колку тоа на поединци не им се допаѓало. Колку повеќе гледаност, толку повеќе влијание толку повеќе реклами и повисоки цени за истите. А на крај тоа е и она битното во секој бизнис. Парите и што повеќе од нив.[DOUBLEPOST=1439730037][/DOUBLEPOST]
Значи пак не кажа, што сметаш дека кај телма е лошо, за разлика од Сител, Канал 5, Алфа итн, освен дека големиот број на луѓе што треба да ја следат, демек луѓето знаат што е квалитетно ?
Поквалитетна програма имаше во 90-тите отколку сега од едноставна причина, луѓето знаеја што е квалитетно и беше лесно достапно т.е пиратско. Кога почна да се наплаќа и кога испадна интернетот, опадна и квалитетот затоа што интернетот овозможи квалитетното да биде лесно достапно. Не е битно на кој канал луѓето го имаат пуштено телевизорот ионака никој веќе не гледа, серии, филмови и слично се спуштаат од интернет, но тоа не е случај со генерациите со 50+ години.
Конкретно за квалитет се мери, што е најбарано на торент, а не
Мислам дека ти одговорив јас на прашањето, само незнам колку си ме сфатил. Не правев конкретно муабет за Телма која како што и реков слабо ја пратам ( не дека другите ги пратам којзнае колку повеќе).Повеќе ти реплицирав како реакција на твојот заклучок дека
Ама тоа не значи дека нема квалитетна содржина и влијание
што е контрадикторно самопосебе, пошто да имаше ке беше и влијателна и гледана и квалитетна. Значи ке ти нагласам дека јас не зборувам конкретно за Телма туку општо. Било кој медиум тука или надвор подлежи на овие правила освен онаму каде е само еден и нема некој избор освен тој. Ако збораме за турските серии или гранд глупостите мене ич не ми се по кеф. Но од друга страна тие коштаат пари, сигурно не им ги даваат муфте, а овие ги купуваат правата за емитување оти народот преферира да ги гледа нив наместо нешто друго. Да не сакаше народот да ги гледа немаше ни да ги емитуваат како прво. Глуп неглуп, просветлен непросветлен тоа си сака да го гледа и тоа го гледа, а дека мене , тебе или на една рака луѓе не им е по кеф е најмалце битно. Ете и друг пример чисто онака ради репер. Има телевизии кои даваат цело време спорт, квалитетни лиги, ова она. Јас лично значи за мене зборувам да ми играат во дворот ке ги избркам а не пак да ги гледам на тв. Ама ете има некој што сака да ги гледа и опстојуваат на етерот. Од моја гледна точка тие ми се жива глупост, џабе потрошен канал но некои други бунт кренаа затоа што едно време се укинаја мислам ради незна што. И сега таа телевизија е квалитетна или не ? Има влијание или не?
 
Последно уредено:
Пријатели е класика серија од новите генерации ретко кој ја има гледано. Стрела е прилично нова серија така да џабе кењаш дека е сто пати давана.
Без паника матуранти е дефинитивно најинтересен квиз што моментално се дава во Македонија. Каде каде подобар од срањата на драган.
Топ тема единствена дебатна емисија на македонските тв канал.
Секоја вечер даваат по два филма јебига сеа некој ги имаш глеано некој не. У секој случај пре по стоти пат би го гледал годвадер него фериде. Плус за викенди имаат редовно по некој цртан што е каде каде боље за децата него мемати и компанија.

Пишав за летово, не знам ти кај ја гледаш Топ тема летово, Цртан за викенд - реприза, филм навечер - реприза, Стрела, ЦСИ - реприза трет пат откако минативе месеци два пати ги дадоа и тоа едно по друго. Значи не зборувам за квалитетот на програмата која ја дава Телма, тоа не е спорно. Зборувам за начинот на кој ја дава, без никакво промо, воопшто и ако има промо тогаш нема никаква сензационалност и воедно репризирање постојано на истите серии и филмови.
 
За време на летово Телма е единствената телевизија која емитува од утро до мрак репризи на серии и филмови давани по неколку пати минатава сезона. Зар треба една телевизија, и тоа национална, да си го дозволи тоа? Кој воопшто би сакал да седне и да гледа Телма кога цел ден одат репризи?
Промоа за било што и нема, и доколку има, воопшто не се сензационални да би те натерале да седнеш и да гледаш нешто, без разлика дали е квалитетно или не.
Другите телевизии репризите ги даваат секој ден од 10-16 преку текот на целата година, мислам овие се цвеќе за мирисање.
Од сите телевизии во Македонија, Телма има најквалитетна програма, макар ја давале и реприза. Боље ќе гледам реприза на Friends, отколку вести на сите други телевизии
 
Пишав за летово, не знам ти кај ја гледаш Топ тема летово, Цртан за викенд - реприза, филм навечер - реприза, Стрела, ЦСИ - реприза трет пат откако минативе месеци два пати ги дадоа и тоа едно по друго. Значи не зборувам за квалитетот на програмата која ја дава Телма, тоа не е спорно. Зборувам за начинот на кој ја дава, без никакво промо, воопшто и ако има промо тогаш нема никаква сензационалност и воедно репризирање постојано на истите серии и филмови.
душо а ти ко мала само по еднаш ги гледаше цртаните? Не ме јеби ајде лајон кинг по три четири пати неделно го гледав. Филм навечер ти кажав некој ги имаат давано некој не јебига не може се премиери да пуштаат. За серии ги даваа и person of interest и таа данската со премиерката. Не знам што повеќе сакаш, гејм оф тронс секој понеделник премиери да даваат?
 
Данската ја даваа репризно откако Сител ја даде целата и не им беше доволно еднаш, туку мораше уште еднаш да ја репризираат.
Што се однесува до цртани, за разлика од Телма, на Сител премиерно секој викенд одат цртани.

Ете разлики во тоа колку Сител вложува, а колку Телма вложува во премиерна програма.
 
Анкетиве кои ги имаат правено односно рејтинзите најчесто ги прават претпладне кога најголемиот дел од младите сме на работа,дома се останати пензионери и постари и нив сигурно не им се допагаат серииве од западот да речам така бидејки потешко можат да прочитаат доле на кајронот додека турскиве серии има синхронизација на македонски и многу е полесно,А за тоа дека сител и канал 5 имаат програма за национална телевизија јас мислам дека треба да се срамат.Вложувале во програма што имаат купено Гранд Звезда ,Мењам жену,Сител се откажа од тоа Хотелот Малдиви или веке како се викаше ја избркаа Пинк Тв од македонија бидејки ширеле србизам па сега сите телевизи тоа и го прикажуваат барем да ја оставеја Пинк 15 се ке беше во тој канал едно време вредеше Алфа тв ама со менување на сопственоста ја сменија програмската шема репризни српски серии и нови премиери на бугарски шунд емисии за "циганите" кои се расправаат во Бугарија тоа суд или веке како се вика емисијата.Некој еве тука нека спроведе анкете кој телевизија е најгледана без да се спомнува вести и дневна политика туку програмска шема
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom