Еволуцијата е адаптација.
Еве како да ја следиш еволуцијата.
https://en.wikipedia.org/wiki/Punctuated_equilibrium
Најпознат пример за ова се едни пржојки кои си живееле на една страна од некој гребен. И така пржојките си живееле, си живееле, си живееле кога еден ден дошол бранот и однел дел од пржојките на другата страна од гребенот.
Поради промена на адреса, пржојките морале брзо да еволуираат за да преживеат и се десило таква скоковита адаптација.
Друг пример, е еден чичко кој 26 години од својот живот наместо на секс, дрога и роќенрол го потрошил на гледање бактерии во фрижидер.
И гледал, гледал, гледал чичкото во бактериите, прошле 50.000 генерации бактерии, значи дедо бактерија, тато бактерија итн.
После негде 20.000 дедовци е. коли, имало 45 мутации.
После 30.000 генерации, дел од жителите на градот (да, изградиле и град) на Е. коли почнале да користат различна јаглеродна молекула во растворот како бензин за нивните автомобили.
И така Е. Коли продолжија да живеат во градот бактериите happily ever after.