Вежби за губење килограми

  • Креатор на темата Креатор на темата loveanimals
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 август 2015
Мислења
105
Поени од реакции
14
Возраст
27
Ај темава нека биде за тоа како губите килограми затоа што јас се мачам да изгубам килограми на нозете и задникот никако не можам како мал бев постојано со повеќе килограми, успеав да ослабам ама не доволно. Затоа ми треба некој совет како да ги изгубам килограмите на задникот и нозете? ;):)
 
Движи се повеќе и прави диета.
Џабе ти е целото вежбање ако немаш правилна исхрана.
Не јади благо, газирано, брза храна, пржено, леб, алкохол и не јади пред спиење.
 
Почни да вежбаш фитнес, најуспешно ќе ти биде слабеењето и зацврснувањето на телото. А ако не си во можност да плаќаш за фитнес, земи трчај секој ден, прави чучњеви, исчекор, внимавај на исхрана (читај не пиј газирано, не јади благо, не јади многу мрсно...) ............., гледај за доручек да јадеш варени/пржени јајца, за ручек што има, но без леб, а за вечера салата и пиј многу вода.
:)
 
:oftopik:
Он:

На телото не можеш да му кажеш од каде да слабее, пред се генетски ти е предодредено да го складираш вишокот во нозете и задникот.
Почни да внимаваш на исхраната, еве ти тема каде што ако ја прелисташ имаш корисни информации кои ќе ти помогнат да стигнеш до целта.
Околу тренингот мој совет ти е да почнеш да вежбаш или теретана или дома со своја тежина 3-5 пати неделно во зависност дали ќе вежбаш цело тело или сплит, воведи и 3-4 кардио тренинзи од 20-30 минути максимум и тоа HIT кардио по можност.
Оди на дефицит на калории, внимавај на јаглехидратите бидејќи тие ти најголем непријател (претпоставувам дека си ендоморф со оглед на тоа што имаш проблем со вишок во пределот на нозете и задникот). Трпелив, дисциплиниран и упорен ти е патот до успех на ова поле.
 
Ај темава нека биде за тоа како губите килограми затоа што јас се мачам да изгубам килограми на нозете и задникот никако не можам како мал бев постојано со повеќе килограми, успеав да ослабам ама не доволно. Затоа ми треба некој совет како да ги изгубам килограмите на задникот и нозете? ;):)
јас да сум како тебе ќе се дупам повеќе
 
15-workouts-glutebridge-main-new.jpg

ако има некоја женска седната врз тебе уште подобро
 
Пиј течности како јогурт, негазиран сок, вода, ќе си јадеш зеленчук и овошје уместо леб, месо и чоколади (ама и тоа во умерена количина, не да изедеш 2 кила патлиџани и толку пиперки.) И секако иди раздвижи се (трчај, вози точак, ако имаш можност теретана...) и пред се најважно имај трпение и волја иначе се врати на истото. И кога ќе ослабеш пак внимавај што јадеш, зошто за неколку дена експресно можеш да ги вратиш килата. И секако после некое време напрај си крвна слика да не ти ослабе па крвта.
Јас вака почнав па до сега симнав колку толку килца.
Со среќа. ;)
 
Јас не би играл со овие две работи во диета, не знам кој те лажел али овошје/негазираните сокови (џусови најверојатно мислиш како оние на гора/браво и тн и тн) не одат со намалување на килограми.
 
Абе тебе те мрзи да изгуглаш и научиш, а не па да ослабнеш.

Откажи се и биди дебел/а, каков/ва што си. Засекогаш!
 
Јас не би играл со овие две работи во диета, не знам кој те лажел али овошје/негазираните сокови (џусови најверојатно мислиш како оние на гора/браво и тн и тн) не одат со намалување на килограми.

Кај мене успева, иначе овошје слабо јадам во диетава ама уважно јогурче пијам и Браво. Никој не ме лажел, јас сам си искомбинирав. ;)
Па овошје и зеленчук ако не јадеш, од што ќе живееш, од воздух?
 
Кај мене успева, иначе овошје слабо јадам во диетава ама уважно јогурче пијам и Браво. Никој не ме лажел, јас сам си искомбинирав. ;)
Па овошје и зеленчук ако не јадеш, од што ќе живееш, од воздух?
Се живее и без овошје, а не ти реков да не јадеш зеленчук.
Еве ти накратко пример за исхрана од мене:
Оброк 1:
50гр овесни со вода + 3 варени јајца (180 ккал + 220 ккал = 400ккал)
Оброк 2
300 грама стек + 2 оризови тркалца ( мерата за стекот е сиров не приготвен, 350-400 kkal + 70 kkal цел оброк околу 450ккал)
Оброк 3
300 грама ослич + салата (сезонски зеленчук) (исто осличот сиров мерен 220-250kkal од ослич + 150тина од салата)
Ужина дозерка протеин 130ккал
Оброк 4
300 гр нискомасна урда + салата (домати, пиперки, кромид) (околу 300ккал цел оброк)

1600-1700ккал максимум од сите 4 оброци и протеинот, од кои имаш не повеќе од 60-70 гр јаглехидрати.
 
Back
На врв Bottom