Едно прашање до вас, ме интересира што мислите. Како што видовте, верувале или не, клуб од Албанија успеа да обезбеди групи на елитно натпреварување. Игра плеј оф за лига на шампиони, поточно Скендербеау Корча против Динамо Загреб. Со победа нормално обезбедуваат пласман во групи во ЛШ, а пораз им носи шанса за играње во групи од ЛЕ. Колку што гледав стадионите им се ужас, натпреваров против Динамо за плеј оф ќе го играат во Елбасан на стадион со мизерен капацитет од 12 000 гледачи, а најголемиот стадион им е со капацитет од 19 000 во Тирана, исто така мислам дека не би ги исполнувал условите за ЛШ или ЛЕ.
Сличен проблем имаа и Лудогорец лани, беше неизвесно дали ќе играат во Софија, Букурешт или Скопје, сепак на крајот некако испадна да иргаат во Софија, меѓутоа стадионот во Софија е 50 пати подобар од оние " најквалитетните " во Албанија....
Еве поконкретен
линк за стадионите во Албанија