Верски вести III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
ЧУДО: ПРОГОВОРИ ИКОНА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА!?

Стотици верници се собираат во една црква во Сиднеј, каде што се случува ЧУДО, велат тие.

Верниците пред неколку дена во црквата Св. Шербела во Сиднеј снимија иконата на Пресвета Богородица, која, како што велат, се моли со нив. Шокираните верници објаснуваат дека може да се види дека Дева Марија ја движи устата среде молитва.


http://reporter.mk/2015/07/22/чудо-проговори-икона-на-пресвета-бого/
 
Асад ќе објави нова, „ревидирана“ верзија на Куранот

Сирискиот претседател Башар ал-Асад наредил да се објави нова, „ревидирана“ верзија на Куранот со дополнети толкувања, сè со цел да се избегнат „искривеноста“ и „погрешните“ учења, објави сириската државна телевизија.

Одлуката да го одобри издавањето на „нова стандардна верзија“ на Куранот Асад ја објавил во понеделникот, заедно со министерот за верски прашања, како и со член на Комитетот на министрите за прашања поврзани со Куранот.

Во официјалниот извештај се наведува дека новата верзија ќе содржи поинаков, поедноставен и почитлив фонт. Според медиумите од Сирија, не е променет самиот текст на Куранот, туку толкувањето на текстот. Инаку, во исламот науката што се занимава со толкување на Куранот се нарекува тефсир.

Новата верзија ќе биде дистрибуирана низ цела Сирија, или барем во делот од земјата што е контролиран од Асад.

Асад и неговите сојузници меѓу исламските научници веќе подолго време тврдат дека пораката на Куранот е „искривена“ поради влијанијата од Саудиска Арабија и од вахабистичкото движење.

Д-р Џон Хувер од Универзитетот во Нотингем изјави дека сè уште не е јасно за каков вид промени станува збор.


„За да дадам какви било коментари ќе мора да ја видам новата верзија. Дотогаш не е можно да се каже што направил споменатиот проект со текстот и толкувањето на Коранот“, рече тој.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/asad-kje-objavi-nova-revidirana-verzija-na-kuranot
 
Филмот за дедо Добре, кандидат за „Оскар“
dedence.jpg

Филмот за живиот светител од Бајлово, дедо Добри, ќе се бори за наградата „Оскар“, за најдобар документарен филм, велат неговите создатели.

Молчаливиот ангел“, како што се вика филмот, ќе учествува со сигурност и на фестивалот во Кан.

Филмот сосема наскоро ќе биде завршен, и се очекува да се појави во бугарските кина на крајот на летото или почетокот на есетна.
 
РИСЈАНИ СВИНГЕРИ
Побожна брачна двојка од Флорида нашла иновативна техника да го проповеда божјиот збор, да ја шири евангелската мисија и да го љуби не - баш - толку ближниот свој: свингерството.
risjani-svingeri-122691.jpg

Кристи и Дин Параве се во душа христијани а во тело билдери (и двајцата учествуваат во натпревари). И првото и второто го користат за нивната трета активност, свингерството, често менување партнери и сексуални односи со други двојки.

Се сретнале онлајн пред 8 години и оттогаш редовно се мењаат. Многумина сметаат дека ваквата промискуитетност е во судир со нивните религиозни убедувања но тие искрено веруваат дека нивните нови познанства се одличен начин да се шири христијанската вера, љубов и надеж.

"Бог ме ставил овде за да ја пренесам неговата реч а свингерската заедница е одлична средина за тоа бидејќи не можеш да бидеш поблиску до човек отколку кога имаш секс со него' велат Параве и додаваат една фина христијанска метафора:

"Господ не би фрлил слон меѓу лавови. Затоа решил да фрли свингери меѓу свингери. Баш така едноставно. А доколку сите свингери се грешници, кој е најдобриот начин да им се приближиш? Да им се придружиш, така?"

Уверени дека свингерството е нивната божја мисија, имаат и веб сајт за наоѓање сродни души а твитер акаунтот им е чудесна мешавина од библиски цитати, црковни песни и апели за богоугодни дружења.

Link
 
Со огромно задоволство го најавувам големиот настан за 2015 e.v., во организација на АЛЕФ Скопје во соработка со Secret Fire Oasis.

Во периодот од 05.12 - 08.12 наш гостин во Скопје ќе биде доцент Henrik Bogdan од универзитетот во Гетеборг (вториот по големина град во Шведска). Доцентот предава по предметот религиски студии и историја на религија на катедрата за литература, историја на идеи и религија. Посебно поле на интерес му се новите религиски движења, западната езотерија и слободното ѕидарство. Неговиот академски профил може да го погледнете на линкот најдолу. Дел од неговите книги може да се најдат во нашата електронска библиотека на Copy cloud.
Јавното предавање со слободен влез ќе се одржи во конференциската сала на Hotel Russia, на тема "Западна езотерија и ритуали на иницијација." Идејата е да се направи паралела помеѓу иницијаторните ритуали на слободното ѕидарство, Wicca и Златна Зора.

Henrik Bogdan.
 
Школски пример за извлекување погрешни заклучоци од погрешни примери:

http://www.vaseljenska.com/misljenja/bezumnici-prave-potpuno-bezumne-zakljucke/

Јас поточен заклучок од тој на американските психолози одамна немам прочитано. Како поинаку освен психички болни да наречеш група луѓе која си замислува имагинарен поредок, и дозволува тој имагинарен поредок да влијае на нивниот живот во реалноста?
 
Јас поточен заклучок од тој на американските психолози одамна немам прочитано. Како поинаку освен психички болни да наречеш група луѓе која си замислува имагинарен поредок, и дозволува тој имагинарен поредок да влијае на нивниот живот во реалноста?

Гејмери.
 
Јас поточен заклучок од тој на американските психолози одамна немам прочитано.

Изгле‘а дека си ‘ногу начитан: не си прочитал ништо појќе од она кое го пишуваат антихристите и сличните „исти„ на форумов...:sneaky:[DOUBLEPOST=1439040521][/DOUBLEPOST]
Како поинаку освен психички болни да наречеш група луѓе која си замислува имагинарен поредок, и дозволува тој имагинарен поредок да влијае на нивниот живот во реалноста?

Имаш: психички болни кои се свесни за својата болест и такви кои ем се болни, ем не се свесни дека се болни.
 
Филмот за дедо Добре, кандидат за „Оскар“
dedence.jpg

Филмот за живиот светител од Бајлово, дедо Добри, ќе се бори за наградата „Оскар“, за најдобар документарен филм, велат неговите создатели.

Молчаливиот ангел“, како што се вика филмот, ќе учествува со сигурност и на фестивалот во Кан.

Филмот сосема наскоро ќе биде завршен, и се очекува да се појави во бугарските кина на крајот на летото или почетокот на есетна.

Го видов човеков кога бев во Софија, беше баш на почетокот на црквата, сакав да му дадам парички ама ми беше незгодно дека не знаев дека проси уствари , а претходно им дадов на некои други што им требаа пари. И после уствари кога сконтав кој е човеков многу ми е жал уствари што не му пуштив некоја паричка, и знам дека за црквата ги дава парите..... плус секогаш давам пари на тие што им е потребно дури и правам муабет со некој од нив и им пуштам позитива.
Ме погледна некако пред да влезам во црквата и мислев дека е некој свештеник и влегов во црквата , а притоа имав многу лоши мисли, бев нечист и кога искочив од црквата ми беше многу лошо и ќе паднев во несвест, ме пукна некој дилириум.
Ја сфаќам моќта на тие храмови и на душевноста... и знам дека ми пушти некоја мисла човеков што ме натера да се размислам што правам во животот и тој момент.
Сакам да го гледам филмов и нека живее човеков уште 100 години!
 
Имам се одрекол од исламот и станал христијанин
16 август 2015 лето Господово

Тофик пораснал посетувајќи ги муслиманските училишта и се издигнал до позиција на имам во источно-африканско село од каде што потекнувал.
210346.b.jpg
Неколку длабоки, лични откровенија го довеле до христијанската вера, по ризик на неговиот живот.

За да стане имам, Тофик се обучувал цели 24 години во Медреса (исламско училиште за муслимански свештеници), Африка. „На училиште, учев само за исламот. Одредени делови од предавањата се однесуваа на уништувањето на христијанството. Па така го правевме она што нѐ учеа: ги напаѓавме христијаните веднаш по завршувањето на нашата обука. Штом ќе се изградеше нова црква во градот, нашите учители веднаш нѐ известуваа за тоа и ни велеа да одиме да ги нападнеме луѓето и да ја уништиме црквата. И тоа е токму она што ние го правевме. Ги тепавме, ја демолиравме црквата и ги палевме нивните Библии“.

Подоцна Тофик од страна на локалната џамија бил избран да присуствува на обука во Саудиска Арабија за понатамошни исламски студии. По завршување на неговото образование во Саудиска Арабија, тој се вратил во неговото село и ја добил титулата имам. Ја предводел изградбата на 16 џамии во областа под негово водство, а исто така наметнал и правило – ниту селските водачи, ниту пак посетителите не смеат да го проповедаат христијанството во неговиот град.

Една вечер, токму во екот на неговата силна ревност за исламот, неочекувано започнало неговото патување кон христијанството. „Тоа се случи во 2002 година. Утрото околу 3 часот имав видение во кое многу јасно Го видов Христос како ми вели да Го следам. Мојата жена ме праша што ми се случило, бидејќи се разбудив преплашен. Кога ѝ објаснив што видов, таа се уплаши и рече: ’Ќе станеме безбожници, мораме веднаш да започнеме да се молиме’“. Тогаш Тофик ѝ ги посочил стиховите од Куранот кои Христос му рекол да ги чита, уверувајќи ја дека секој од нив го упатува читателот да Го следи Христос и да верува во Него.

Веднаш потоа Тофик имал уште едно видение, во кое Христос му рекол дека ако Го следи ќе плати цена за тоа, но дека на крајот ќе победи.

Неговите жена и деца не ја прифатиле идејата да Го следат Христос, но Тофик не можел да ги игнорира виденијата. Токму затоа започнал да оди во црква. По присуството на првата Богослужба, Тофик замолил да се сретне со некој од свештениците. Познавајќи ја неговата репутација како еден од највлијателните исламски водачи во околината, тие најпрвин изразиле сомнеж околу неговите мотиви.

„Им кажав за моите виденија и сѐ останато; тие ме прифатија и почнаа да се молат за мене. Сакав да ја изразам мојата промена надворешно, па затоа престанав да ја носам традиционалната муслиманска облека. Веста дека започнав да одам во црква се рашири навистина брзо. Многу луѓе почнаа да ме оплакуваат, помислувајќи на тоа дека јас ќе бидам ’мртов’, бидејќи според исламското учење, кога муслиман ќе се одрече од исламот и ќе ја смени верата, луѓето го сметаат за мртов“.

Неговото племе било особено гневно поради неговата одлука да Го следи Христос. „Реагираа на тој начин што доаѓаа кај мене дома велејќи ми: ’Овој брат е мртов’. Во нашата култура, кога некој умира неговиот имот се дели. Па така припадниците на моето племе ја запалија мојата куќа, го зедоа мојот добиток и остатокот од имотот кој беше во моја сопственост. Потоа лажно ме обвинија дека сум запалил друга куќа. Поради тоа бев приведен во затвор и бев изведен пред суд. Но за време на судскиот процес се покажа неискреноста на сведоците поради нивните контрадикторни изјави“.

По ослободувањето од затвор Тофик привлече повеќе од 200 луѓе кон Христовата вера. „Библијата стана мое оружје. Патував на многу места за да ја проповедам христијанската вера и да ги учам луѓето за неа... изградив црква во регионот во којшто живеам и многу луѓе се одлучија да Го следат Христос. Како резултат на тоа локалните селани се вознемирија, па исто како и претходно, ме нападнаа физички и ми ја запалија куќата. Напаѓачите мислеа дека сум мртов, па ме фрлија во околината. Рекоа дека го убија главниот виновник и сега нивната област е чиста, ослободена од неговите активности и дејствувања. Започнаа да викаат и да пејат“.

Тофик најпрвин сакал да им се одмазди; но неговите виденија го убедиле во спротивното. „Гласот на Христос во моите виденија ми зборуваше за гонењето на христијаните, па затоа знаев дека тоа ќе дојде и бев спремен. На почетокот поведов судска постапка против оние кои го уништија мојот дом, но подоцна реков ’не’; одбрав да им простам и сето тоа да го препуштам во Божји раце. Така луѓето беа ослободени“.

„На крајот на краиштата гонењето не е лошо: тоа со себе носи и добри нешта. Треба да почнеме со тоа што ќе ги засакаме луѓето. Мора да ги љубиме и да им покажеме љубов. Треба да бидеме трпеливи и полека - полека тие ќе ја прегрнат христијанската вера“, истакнува Тофик.
http://www.bigorski.org.mk/index.ph...d_pravoslavieto&action=details&record_id=2014
 
Шпанска серија во македонската црква во Перт, сменет и попот, a изгледа и попадиката

На Македонците во Австралија зимава не им е досадно. Веќе три месеци тие се забавуваат со приказните за попот во црквата „Свети Никола“ во Перт Веско Каранфиловски и неговите љубовни авантури меѓу верниците. Сега попот Веско е на искушение – треба да докажува дека сето тоа се само обични озборувања.

mkd-210467.jpg
Поп Веско Каранфиловски

На овие озборувања веднаш реагирал владиката Петар и го суспендирал попот Веско на шест месеци.

За овие шест месеци попот Веско ќе мора да го убеди владиката Петар дека немал ништо љубовно со 29-годишната вдовица Ирена Наумчевска, дека не е точно дека бил истепан од 95 годишниот Живко Наумчевски, дедо на починатиот сопруг на Ирена, дека не е точно дека за Илинден се степале сопругата на Веско Билјана и Ирена, дека сопружниците Билјана и Веско веќе не одат заедно во црква...

Дотогаш во црквата „Свети Никола“ ќе служи новиот поп Мирко Пешовски. И за него нашинците паметат разни приказни. Свештеникот Пешевски од Мелбурн пред 20 години бил пријавен, а потоа ослободен од обвинение за кражба во вредност од пет долари. Во судскиот процес попот Пешoвски ја признал вината дека украл три алати од продавница за железарија и бидејќи тоа му било прво дело, судијата го ослободил од казна.

Попот Веско беше поврзан и со минатогодишниот случај кога поради проблемите со поделбите во МПЦ во Австралија, една Македонка била погребана од украински поп.


Мајтапџиите од Перт веќе раскажуваат разноразни шеги за љубовниот живот на поп Веско, а велат дека свештеникот добивал и понуди за работа по дома – да реди подни плочки или да прска против штетни инсекти!

Link
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom