Како знаеш дека на пример твоето божанско контемплирање е вистинското, а не тоа на суфите? Дека твоето контемплирање на вистината е она правото, а не тоа на сиките на пример? Емотивно осеќаш?
На крај краева, ти не си осознал интуитивно и од нигде за светото тројство, ниту по пат на самосознавање, духовно осознавање на реалноста и слично. Ти си го прочитал тоа.
Ти не си се родил у село, цел живот да го потрошиш на чување овци и наеднаш од нигде да осознаеш дека постои Светото Тројство па да го исконтемплираш тоа, иако повеќето сакате да звучи дека ова се случило така.
Реалноста е друга и најчесто е претставена од овој тек на настани:
1. Прво читаш дека светото тројство постои.
2. Потоа од Х причини почнуваш да веруваш во тоа.
3. Потоа следуваат спиритуалните искуства, контемплации и потврди дека верата не е празна туку базирана на нешто што постои. Тие контемплации се најчесто емотивни, барање на игла у сено односно очајно барање на боженствени искуства, апофении/пареидолии, магично размислување и све што веќе набројав погоре, да не се повторуем.
Дали било што од твојата контемплација што си го заклучил како факт, може да го објасни светот, да се тестира во овој свет?
Што ја прави твојата контемплација добра епистемиолошка алатка?
Како делиш знаење од измислица, нешто што те прашав и во претходниот пост?