Џаба си го споделил, прво еволуција нема никаква врска со хомосексуалците
Пошо не ти сече, за тебе е џабе, и тука се слагам. Али постот не е наменет за тебе, така да немај гајле, неме вреѓа твојата игноранција и негација на истиот. А дали има или нема врска - тебе последен би те прашал, пошто толку ти е позната колку што на МИКИ1 му е позната. And I'm sugar-coating it.
тоа ја интересира природата и тоа е за неа нормално и природно, врска на две единки кои немаат никаква шанса да создадат свое заедничко потомство не е природна, не е нормална.
Покажав што ја интересира природата. Тебе те интересира да отвориш спојлер на некој пост со спротивен став, да ѕирнеш дека има животински сликици, да не го прочиташ, да проектираш претпоставка за што се говори во истиот, и истите суви изговори од аргументи да ги избљуваш повторно одма после постот пошто се сметаш за Nature's PR. And you're doing a lousy job at it too btw.
А за тие што ставаат слики дека кај животните имало примери на хомосексуалност:
Убавината кај човекот е што има огромен потенцијал да ја развива свеста за разлика од животните. Затоа споредбата на животинскиот свет со човекот не е соодветна.
Ние си одбираме да сме мрзливи, алчни т.е да се однесуваме како варвари / животни (90% од денешната човечка популација) а после "Цацко" ни е крив.
Свеста не може да ја промени сексуалната ориентација, па колку сака нека е развиена. Ќе остане иста. Единствен чекор е целибат, али што е уствари постигнато со истото? Ништо. Simple denial. Затоа споредбата со животните е на место. Човекот се води по принципи и начела, но неговите карнални потреби остануваат исти (дишење, јадење, секс/размножување). Животните немаат свест како кај човекот, и се водат по инстинкти. Но карналните потреби се исти. На карнално ниво животинскиот свет е конгломерат на огледала свртени едни кон други. А каде може да игра улога високо развиената свест? Да не биде некој хомофоб/хејтер. Тоа е веќе свесен избор. Никој не се раѓа во Douchebag mode ставена на default. Ко сунѓер го собира тоа ѓубре во себе дур расте. А кај животните и нема хомофобија. Инстинкти and all that shit. Али кај освестениот, високо развиен, интелектуален и "цивилизиран" човек, ја има. Go figure.
Примерите беа поставени за да се добие поширока слика за природата и колку не е хетеронормативна, а колку е уствари хетерофлексибилна. Не може Лет3 да дрнда за природност и нормално кога сите полови варијации и сексуални ориентации кај човекот, и многу, многу повеќе, се присутни и кај повеќе од 10 000 истражени животински вида (и тоа сега за сега, бројката несомнено ќе се зголеми со тек на време) и да го користи тоа за аргумент, и ти и Владе и Манијакот да го лајкате од чиста подршка без поткрепа на неговите ставови. Упорно дрнда за еволуција, и истата таа еволуција заедно со животинските видови и човекот ги создала тие елементи, и истите постојат одамна, не се од вчера. Да биле грешки, ќе имале краток век на траење, природата си има филтер. Очигледно не се аномалии, туку репетитивна појава низ генерации, и генерации, и генерации.
Хомосексуалноста не е еволуција, да беше еволуција сите единки ќе станеа хомосексуалци не само еден минорен дел од популацијата кој се појавува без никакво правило тук таму низ светот, се работи само за аномалија, грешка во репродукција, ништо повеќе.
Во 70 десети медицина успеваше да излечи 30% од хомосексуалци после тоа го забранија истражувањето на хомосексуалноста, нејзините причинители и третмани за неа, до сега можеби ќе се најдеше и излез од таква состојба за тие што се зафатени со таа природна грешка
Не постојат излечени хомосексуалци. Ова е исто ко да продаваш некому магична пудра која на ќелави луѓе им никнува коса. Такви центри и организации само постојат да ошурат некој од пари и паразитираат од нечија беда, мизерија, пропадната самодоверба и сл. Ако не е хомосексуалноста, тогаш ќе биде нешто друго. А ги има доста за хомосексуалноста, пошто процентот не е воопшто мал, и може дебела пара да се заработи. Полошо е од скиентологија.