Лек против низок крвен притисок ?

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Хаха жити докторката. А зошто се јаде солена храна? - Затоа што е солена, за да те тера да пиеш повеќе течности :D.

Иначе и ја патам од низок притисок и тоа сега како што е вакво никакво времево скоро секој ден ми паѓа притисокот. Незнам што е лекот.
Добро и кажала докторката, ако само пие вода нема никаков ефект, солта е таа која што ја задржува водата. Имав многу пациенти особено во летниот период кофа со жештините се потеа испаруваше водата и притисокот им беше доста низок, освен кока кола или кафе можеби не им препорачував ништо друго, кон солта и солената вода се прибегуваше само во случаите кога имаа до толку низок притисок да не можат да станат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку што јас знам тие кои имаат низок крвен притисок - живеат подолго. Затоа не се грижите. Кога ќе Ви падне притисокот едноставно прилегнете и поспијте или напијте се кафе, каснете нешто и слично
За жал, јас имам висок
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
патам од низок од кога знам за себе. сум ги пробал сите можни глупости и можам да заклучам дека зависи од моментот, периодот. некогаш било доволно и чаша кисела вода, а некогаш не било доволно ни 2 ред була да испијам. во зимо на пр прибегнувам и кон црвено вино (пола до една чаша за ручек), исто така и црните чаеви кои се богати со теин (ѓоамити помалку штетен од кофеинот) можат да помогнат. но пак ќе напоменам, се' зависи од моментот. но, ако видиш дека не ти помага ништо од она што ти е на располагање во моментот, легни си и одспиј (ова ако е возможно, а на работа тешко).
а ДА, уште една работа која е исто така важна, а тоа е да се престојува во посвежи простории. една од причините за паѓање на притисокот е и температурата. така да во поладни/климатизирани простории полесно може да се справиме со проблемот.
П.С. поарно низок него висок. од низок скоро и да не се умира ;)
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.130
Поени од реакции
13.703
Можно е да ти фалат соли минерали...и јас сум цеќ живот со низок притисок, обично тоа ме спасува...и малку фискултура. Во најголем број случаеви е како што спомна кооператива
 
Член од
16 октомври 2014
Мислења
13
Поени од реакции
14
Mojot pritisok e otprilika 90/60 ne mi preci no toa sto sum so nisok pritisok mi pravi da sum sekogas izmorena duri nautro. Normalno li e ili ima nesto?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.157
Поени од реакции
6.818
денес цел ден ме боли глава млитав притисок 90/60 од времето ќе да ет.............
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Mojot pritisok e otprilika 90/60 ne mi preci no toa sto sum so nisok pritisok mi pravi da sum sekogas izmorena duri nautro. Normalno li e ili ima nesto?
денес цел ден ме боли глава млитав притисок 90/60 од времето ќе да ет.............
Кафе, ништо друго
Какво кафе бре?
Низок притиссок = слабо срце,под итно на лекар и проверка на срцето
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Какво кафе бре?
Низок притиссок = слабо срце,под итно на лекар и проверка на срцето
Друг пат....тоа е за висок притисок, одма на лекат. Ако нискиот притисок е причинет од слабо срце, сигурно немаше да бара преку интернет одговори, знаеш какви симптоми ќе имаше??? веруј ми немаше да му биде до кајгана
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.157
Поени од реакции
6.818
Друг пат....тоа е за висок притисок, одма на лекат. Ако нискиот притисок е причинет од слабо срце, сигурно немаше да бара преку интернет одговори, знаеш какви симптоми ќе имаше??? веруј ми немаше да му биде до кајгана
какви ако сакаш да наведеш :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Другар не си прави сосила главоболки, кога е надвор 40 степена една е прилината зошто имаш низок притисок, не дај боже да имаш низок притисок поради срцето, ако е така, ке бидеш розов или блед поради недоволно концентрација усните и другите лигавици ќе ти бидат розови, и кожата студена, и следува летален крај. Ај отиди кај матичниот и речи му од што може да имам низок притисок да видиш како ќе превртува очи оти цел ден пензионерите се врвчат по жешкото и му досаѓаат со низок притисок, бар јас додека ја држев амбулантата имам пациенти со низок притисок што ме прашуваа постојано како да се справат.
 
само побарав ако се можи да се објаснат симптомите на слабо срце :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
денес цел ден ме боли глава млитав притисок 90/60 од времето ќе да ет.............
Газирано напиј се, поготово Кока-Кола и посолена храна денес, значи со повеќе течности и ќе ти биде подобро...И јас сум имала 90/60 притисок...
Немој само да се дехидрираш затоа што на инфузија ќе завршиш...
И движи се, не лежи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom