@Ставрогин ама тука и ти бегаш од логиката. Само затоа што некој е религиозен, тоа не значи дека не придонесува за општеството. Не сите коишто се религиозни се и прозелитисти. Многу од нив низ историјата па до сега, па и сега, се полезни и потребни за општеството независно од тоа какви се критериумите во даденото општество и потребите на луѓето во него. Знам многу такви, луѓе коишто 1000 пути ги вреднуем повеќе од други атеисти на кои им пожелувам канцер. Верувањето и неверувањето во омнипотентен креатор не повлекува полезност/неполезност за општеството секогаш. Зависи од религијата, личноста, условите у кои се практикува религијата и начинот на кој се контемплира истата...
Од друга страна, има многу атеисти коишто се имбецили и многу помалку полезни за општеството и општата среќа, земено низ призмата на разновидни стандарди кои можеме да ги поставиме за тоа што е „полезност за општеството“.
На мене лично, такви милитантни атеистички и антитеистички ставови коишто повикуваат на омраза кон одредена група на луѓе посебно така обопштено и стереотипно ко твоето и поруки дека треба да ги снема од земјата, ми се еквивалент на Хитлер, Сталин, Шеријат, name it... Исламот е религија и будизмот е религија. Сиките веруваат у бог исто ко што мормоните веруваат во бог. Имаш имбецилни и опасни доктрини поврзани со бог од некаков карактер, имаш нетеистички религии, пантеистички религии и разлики од едно верување до друго како од небо до земја.
Ајде ако не да почнеме и јавно да ги бесиме сите теисти, не бе, сите припадници на било каква религија, што побрзо да ги снема од земјата и да преминеме у модерно футуристичко, либерално и со сила бутнато под нос атеистичко доба па од тогаш ќе ги озакониме основните човекови права, слободата на мислење, што, голем ташак.
Овој пут ти дадов само опомена, а постовите не ти ги бришам чисто за да стојат ко пример и искрено не ми се веруе уште дека го читам ова од тебе.
За следен муабет од ваков карактер, ќе побарам перма бан.