Прашања и одговори

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Дај помогнете за избор на факултет некој совет и слично.
Се мислам да одам на историја или филозофија а и англискиот е можна опција :)
Историја со мерак би учел и мислам дека би го завршил без мака што се вели :D
Филозофијата ми е интересна и не ми е проблем да ја учам, а англискиот онака имам некое солидно познавање да се рече па за тоа и го ставив како опција :) Е сега милион прашања ми се вртат низ глава што ќе биде,како, кои опции се отворени за работа по завршување на факултет дали си лимитиран да бидеш само професор\учител?
Кажете по некој збор за факултетиве опишете ги. :)
Во моментов ко изгубен германец се чувствувам па секоја информација е добредојдена.:place: :D
Фала однапред :D
Дојди си на историја сине, ако ја сакаш историјата, има со мерак да си ја учиш и со леснотија да ја проаѓаш, а покрај тоа и забавно ќе ти биде. Професорите се топ, самата наука е таква што нема некој професор што би те заебавал и за инат да те бутка, туку (речиси) сите се спремни да ти излезат во пресрет и колку што може повеќе да ти помогнат да научиш, ама вистински да изучиш и да излезеш со знаење. На смерот предаваат едни од најинтелигентните луѓе во државата, меѓу кои и според мене најдобриот професор во државава, али ај да не го именувам. Изучувањето не е како во основно и средно да бубаш датуми и имиња на памет, туку многу повеќе се навлага во суштината на случувањата, одговарајќи на прашањата „што и зошто се случило и кои се последиците од тоа“, следејќи ја таа врска која ја нарекуваме причинско-последична (последицата од еден настан сама по себе е причина која води до друг настан, па така од антика до денес). Дури често навлегува и во одредени филозофски води, па чим и тоа те привлекува, ептен ќе ти се свиѓа. Сеа да не речеш ќе претерам, ама многу ќе научиш за светов и општеството ако со љубов ја студираш историјата. Самите предавања се топ, бидејќи за разлика од факултетите на кои има по 200 студенти во огромен амфитеатар и професорот појма нема кој си ти и никад нема да те запамти, тука сме по 50 во слушална каде што за професорот не си еден обичен, пролазен студент чие име го знае само ако има индекс пред него, туку на самите предавања се запознаваш и преку тоа запознавање на некој начин ги изучуваш работите. Често има дискусии во кои професорите те охрабруваат активно да се вклучиш, најинтересни се оние предавања каде буквално си правите муабет, но на крај сфаќаш дека преку муабетот изучуваш многу работи, и си излегол со многу повеќе знаење отколку кога си влегол. Има огромна блискост, се активираш и самиот си дел од предавањето, на некој начин си оценет и од самиот твој карактер, што само дава поголем мерак да ги изучуваш работите. Барем јас така се осеќам :)

Слободно прашај ако имаш дополнителни прашања, или ако си ептен заинтересиран и се одлучиш да се запишеш, пиши ми и приватна порака, па ако сакаш уште подетално све ќе ти објаснам, тука сум во пресрет да ти излезам :)
 
Член од
4 јуни 2015
Мислења
239
Поени од реакции
221
Јас сум заинтересиран за историја :) RickyLFC9 ова за кој факултет се однесува ? и може ли некој да ми каже кога почнуваат уписите ? Фала:)
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Јас сум заинтересиран за историја :) RickyLFC9 ова за кој факултет се однесува ? и може ли некој да ми каже кога почнуваат уписите ? Фала:)
УКИМ - Филозофски факултет - Институт за историја. Уписите ми се чини се на крај на август негде :)
 
Член од
1 август 2015
Мислења
411
Поени од реакции
701
Дали секоја година се исполнува квотата од 50 студенти за Историја и дали е можеби зголемена ако знае некој нека пише.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Дали секоја година се исполнува квотата од 50 студенти за Историја и дали е можеби зголемена ако знае некој нека пише.
Не сум сигурен дали е зголемена, не би требало да е. А инаку во мојата година се исполни речиси целосно, мислам дека двајца само немаа влезено, можеби и грешам. Сепак тоа беа апла ниски просеци, негде околу 40.
 
Член од
9 јуни 2015
Мислења
95
Поени од реакции
123
Дали знае некој дали некаде во близина има факултет за авијација ? Кои се ословите и слично ... :)
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Дојди си на историја сине, ако ја сакаш историјата, има со мерак да си ја учиш и со леснотија да ја проаѓаш, а покрај тоа и забавно ќе ти биде. Професорите се топ, самата наука е таква што нема некој професор што би те заебавал и за инат да те бутка, туку (речиси) сите се спремни да ти излезат во пресрет и колку што може повеќе да ти помогнат да научиш, ама вистински да изучиш и да излезеш со знаење. На смерот предаваат едни од најинтелигентните луѓе во државата, меѓу кои и според мене најдобриот професор во државава, али ај да не го именувам. Изучувањето не е како во основно и средно да бубаш датуми и имиња на памет, туку многу повеќе се навлага во суштината на случувањата, одговарајќи на прашањата „што и зошто се случило и кои се последиците од тоа“, следејќи ја таа врска која ја нарекуваме причинско-последична (последицата од еден настан сама по себе е причина која води до друг настан, па така од антика до денес). Дури често навлегува и во одредени филозофски води, па чим и тоа те привлекува, ептен ќе ти се свиѓа. Сеа да не речеш ќе претерам, ама многу ќе научиш за светов и општеството ако со љубов ја студираш историјата. Самите предавања се топ, бидејќи за разлика од факултетите на кои има по 200 студенти во огромен амфитеатар и професорот појма нема кој си ти и никад нема да те запамти, тука сме по 50 во слушална каде што за професорот не си еден обичен, пролазен студент чие име го знае само ако има индекс пред него, туку на самите предавања се запознаваш и преку тоа запознавање на некој начин ги изучуваш работите. Често има дискусии во кои професорите те охрабруваат активно да се вклучиш, најинтересни се оние предавања каде буквално си правите муабет, но на крај сфаќаш дека преку муабетот изучуваш многу работи, и си излегол со многу повеќе знаење отколку кога си влегол. Има огромна блискост, се активираш и самиот си дел од предавањето, на некој начин си оценет и од самиот твој карактер, што само дава поголем мерак да ги изучуваш работите. Барем јас така се осеќам :)

Слободно прашај ако имаш дополнителни прашања, или ако си ептен заинтересиран и се одлучиш да се запишеш, пиши ми и приватна порака, па ако сакаш уште подетално све ќе ти објаснам, тука сум во пресрет да ти излезам :)
За запишување заинтересиран сум, но сепак се мислам знаеш сите околу тебе трубат бегај со тоа нема работа, си влијае и тоа потсвесно на изборот, а реално немам некои големи шанси бидејќи не сум од Скопје, живеам во мало место каде можност би било за наставник или професор ако има слободно место. Али мани тоа, штом се понуди за помош еве неколку прашања. :D
За влегување тешко, лесно?
Професори добри, лоши? - претходно кажа повеќето се добри но сигурно има некој што изиграва шериф :D
Разгледав за книги, гледам скоро половина на српски се, нема никој преведено или што? Не ти прави проблем учење на српски? :)
И ако постои некоја страна да пратам кога, како се уписите и сл. дај линк.
Сега за сега тоа е не ми текнува друго што да прашам, ако ми текне ќе пишам пак :)
 
Јас лично би ти препорачал да ги баталиш муабетите „бегај, нема работа со тоа“. Таму кај што нема многу работа, нема многу конкуренција. Таму кај што има многу работа, има и многу конкуренција. Такада пропорционално исто ќе си дојде. Ти ако си квалитетен студент, кај и да студираш можеш да се избориш за шанса. А според мене најлесно е да се избориш студирајќи го она што најмногу го сакаш. Те разбирам пошто и јас така размислував, но ете веќе трета година сум и откако се запишав ни секунда немам помислено на тоа дека сум згрешил, бидејќи не згрешив. Поради тоа и многу полесно ми оди студирањето, не можам да се замислам на друг факултет, а тоа што матерјалот е интересен прави све да иде ко подмачкано. Такашто да, кога гледаш вака лесно е да кажеш „само професор можеш да бидеш“, но можеш да бидеш професор кај сакаш. Колку све училишта нема низ Македонијава, нели? Плус не мора да значи дека мора да си само професор, можеш да се вработиш и во некој институт како институтот за историја кај нас, здравје боже ако си добар, вадиш јаки просеци и му привлечеш око на некој професор, можеш студиите да ги продолжиш во странство. Све е до тебе, верувај :)

За влегување е релативно лесно, ко што пишав погоре, последниот студент од приватна квота во годината јас кога се запишав имаше нешто измеѓу 40 и 50 поени. Секоја година е различна, меѓутоа сепак не ти треба којзнае колку висок просек за да влезеш. Јас со околу 85 поени мислам дека бев 9ти рангиран во државната квота. Примаат 25 на државна и 25 на приватна квота, така мислам дека беше.

Професорите мене досега сите ми беа топ, освен еден со кој имав така поситни проблеми, меѓутоа веднаш сфатив дека така ќе биде, се фатив за книгата, научив матерјалот ко што треба и без проблем сите предмети кај него од прва ги пројдов. Терсене карактер малце, но ако научиш нема гајле. Од сите останати имам научено многу и се стекнав со огромно знаење, а лично за професорите најмногу ми се допаѓа тоа што со љубов си ја работат работата, и поради тоа не се некои кои за инат би те буткале, бидејќи навистина го ценат знаењето. Положуваш со знаење и со ништо друго, каков и да си, на испит покажи дека знаеш и ти гарантирам дека со ниеден професор нема да имаш проблем.

За српскиот да, за некои е проблем. За мене искрено не е, пошто слушам турбофолк :D Али како и да е, се почесто и почесто се преведуваат книгите или се пишуваат нови (државата малце го запоставува институтот, па затоа бавно иде работата). Еве сега ја разгледувам програмата, веќе бајаги предмети се на македонски преведени, во прв семестар имаш еден што е на српски, во втор ниеден, во трет ниеден, во четврт еден и толку знам бидеќи до тука сум. Не е толкав голем проблем, навистина, плус професорите се свесни дека ние веќе не сме генерација што израснала во Југославија, и јазиков може да се каже дека е туѓ за нас, па пофлексибилни се.

Страни, проверувај ја веб-страната на филозофски:
- http://www.fzf.ukim.edu.mk/
Како и фејсбук страната:
- https://www.facebook.com/FilozofskiFakultet.mk?fref=ts

Извести ме доколку се одлучиш да се запишеш, со задоволство во огромни детали ќе идам за да пробам да ти помогнам :)
 
Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.095
Дали за запишување треба извод не постар од 6 месеци или ја бладам нешо ?
 
Член од
3 август 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Има ли некој што студира или има завршено графичко инженерство на Технички факултет да ми објасни нешто околу смеров.
 
Брат фала и за информациите и за подршката. Имам уште малку време да се решам, па ако се запишам ке ти пишам. ;):)
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Имам едно прашање, дојде време да се вратам на факултет па размислував кој факултет да го одберам помеѓу Европски, ФОН или МИТ?
Има ли некој да ми сподели некое лично искуство?
 
Член од
5 август 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
Ако студира некој или да знае како е на Институтот за безбедност, одбрана и мир на УКЛО. Неопходно е да имаш врски и таму за да се запишеш, се прават ли физички тестови и слично ?
 
*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
758
Поени од реакции
1.207
Decki, da ne mu se naoga nekoj tuka so studira na UGD? mi treba informacija/link okolu lanskiot upis. So kolku minimalno poeni se vleguva na Fakultet za turizam-smer hotelierstvo? Fala mnogu :)
 
Член од
4 јуни 2015
Мислења
239
Поени од реакции
221
Лелелее абе знае ли некој кога почнуваат тие уписи, на која дата ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom