Да те прашам нешто.
Зошто баш змија ?
Или око ?
Затоа што и змијата и окото се езотериски симболи далеку постари од христијанството. Змијата како симбол е присутна во сите древни митологии и религии, ќе ја најдеш и на исток, ќе ја најдеш и во древниот египет, ќе ја најдеш и кај древните цивилизации во северна, средна и јужна америка. Исто е о со окото. Зошто баш тие е исклучително обемна област. Оној што навистина сака да дознае, ќе проучува и ќе дознае, останатите ќе веруваат во теории на завери.
Друго нешто.
Јасно е дека членовите од помалите степени нема да знаат во што се впуштаат и што е позадината на овие тајни друштва.
СИГУРНО дека нема уште на стартот да ти кажат дека веруваат во Луцифер.
Ако ти кажат,нормално дека нема да прифатиш и они се свесни за тоа.
Во Масонеријата членовите ја дознаваат главната тајна (дека Луцифер е газдата ) дури кога ќе стигнат до 30 степен.
Кај Илуминатите пак,најниските слоеви почнуваат со обожавање на египетски богови и како што напредуваат, им се пренесува големата тајна.
Работата е до тој степен отидена,што они се убедени дека се избрани за да доминираат со светов.
За крај.
Ти велиш дека Илуминатите сакале човештвото да го просветлат.
Дали некогаш барем малку си се посомневал во таа намера ?
Сите знаеме дека луѓето се многу повеќе склони кон лошите работи.
Мене на пример,ми е многу пологично одредена група на луѓе да се организира тајно за да прави лоши работи,отколку да се замара,плус да ризикува да не биде фатена,се со цел да го просветлува човештвото.
Кој е тој будала што ќе се замара за дотолку за човештвото ?
Интересна работа како сите што се надвор од организацијата, се убедени дека знаат повеќе од оние што се дел од неа. Јасно било?! Од каде е јасно? Како тебе ти стана јасно? Колку книги прочита ти од автори што се членови? И кој се тие книги? Дали воопшто си прочитал било каква книга напишана од член на илуминатите или од масон, или од телемит?
Дали воопшто си се обидел да видиш и дознаеш што означува одреден поим? Дали си свесен дека постојат повеќе концепти за еден ист поим? Ако теист, деист и пантеист кажат - Бог, тој ист збор, има три различни концепти, едно значи за оној што е теист, друго за тој што е деист, трето за оној што е пантеист.
И да, можеби тебе ти е нелогично, и за тебе е будала оној што се "замара" со човештвото, но постојат луѓе што сакаат да го направат човештвото подобро.
I koja e vasata povrzanost so iluminatite so tolku zestoko gi branis???
Демантирањето на глупостите и невистините е едноставно демант, а не нечие бранење!
Во врска со твоето прашање за поврзаноста, ќе ти копи пастирам дел од манифестот на ОТО:
LIBER LII: “МАНИФЕСТОТ НА О.Т.О.” за првпат е печатен околу 1912 e.v., а повторно во THE EQUINOX, Vol. III, No. 1, 1919 e.v.
Репринтот е објавен во THE EQUINOX, Vol. III, No. 10, 1986 e.v.
МАНИФЕСТОТ НА О.Т.О е прифатен и како А.’. А.’. публикација, но не е класиран.
МАНИФЕСТ НА О.Т.О.
МИР, ТОЛЕРАНЦИЈА, ВИСТИНА:
ПОЗДРАВ НА СИТЕ ТОЧКИ ОД ТРИАГОЛНИКОТ:
ПОЧИТ КОН РЕДОТ.
ДО СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ: ПОЗДРАВ И ДОБРО ЗДРАВЈЕ.
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон
1. О.Т.О. е тело од иницијанти во чии раце се концентрирани мудроста и знаењето од
следните тела:
a. Гностичка Католичка Црква.
b. Ред на Витезите од Светиот Дух.
c. Ред на Илуминати.
d. Ред на Храмот (Витези Темплари).
e. Ред на Витези од Св. Јован.
f. Ред на Малтешки Витези.
g. Ред на Витези од Светиот Гроб.
h. Скриена Црква на Светиот Грал.
i. Херметичко Братство на Светлината.
ј. Светиот Ред на Розиниот Крст на Хередом.
к. Редот на Светиот Кралски Свод на Енох.
l. Древен и Првобитен Ритуал на Масонеријата (33 степени).
м. Ритуал на Мемфис (97 степени).
n. Ритуал на Мизраим (90 степени).
о. Древен и Прифатен Шкотски Ритуал на Масонерија (33 степени).
p. Сведенборшки Ритуал на Масонерија.
q. Ред на Мартинисти
r. Редот Sat Bhai, и многи други подеднакво значајни Редови, иако помалку славни О.Т.О. не го вклучува А… А… иако е во близок сојуз со тоа возвишено тело. О.Т.О. на ниеден начин не ги прекршува привилегиите на правилно овластените Масонски тела.