Ja ko прво да ти кажам гледам што се дешава на парадиве на запад и колку морално целото општество им тоне и сликиве сигурно не се фотомонтажа.
Знаеш што гледаш на запад? Ентертејнмент дејли. Онака сума сумарум во два збора. Ентертејнмент бизнисот е сепак бизнис и печали многу пари од продавање на магазини и онлајн шпици во врска со ентертејнмент, дали на тезга или онлајн. Она што се продава најмногу е она што граба најмногу внимание. Секс, табу, сензационализам, контраверзија, шок-фактор. Тие се елементите. Што има една "геј парада" (повеќе порно циркус него ли прајд парада во вистинска смисла)? Сето набројано и повеќе. Нормално дека помалата бројка такви "паради" ќе бидат медиски по-промовирани и лупани во фаца на конзумерската маса отколку поблаги верзии (кои што се во поголем број), поради тоа што првиве грабаат повеќе внимание и се продаваат како леб.
Никој не тврди дека е фотомонтажа. Сам реков дека тие луѓе се одлепени и вон реалноста. Но мала маса се сепак. А јас нажалост не сум некој виножитен геј диктатор па да го ставам тој хаос во некој ред. Виновници не барај кај фриковите туку кај тие што печалат пари на тоа, особено на луѓе кои ги полнат своите хејт батерии на такви срања. Пред да кажеш дека не си конзумент, изброј колку пати тие две-три сликици ги постираш again and again and again во темава (и другите поврзани теми). Или ги имаш сликиците сејвирано на компјутер, или упорно ги гуглаш изворите. Тоа те прави конзумент, корисник - на медиски продукт издаден со единствена цел да фаќа внимание и да биде видено/прочитано.
Се прашуваш зошто толкава фама не се дигна за прајд парадата во Хрватска како таа во Србија? Или зошто двете тонат у заборав и безначајност споредени со некоја "парада" во Сан Франциско? Во Хрватска се помина регуларно, и медиски беше измачувачки досадна ствар за да се продава. Српската парада, или ок, обид за истата, заврши со огромен беклеш и наплин на насилство и контраверзија, и нормално цел Балкан ја памети и ќе ја памети едно долго време. Сан Франциско? Може дневна репортажа локално, али затоа медиуми во други земји кои не се навикнати на таква претстава а сакаат фама и заграбувачки наслови ќе го лупнат настанот на насловна страница или масивно ќе го репортираат (а други помали медиуми ќе удрат mirror-report) и така се дига прашина. Затоа кога Ска Манијак удира на гугл некоја комбинација термини за геј парада искача тоа што искача и поимот геј парада со тек на време добива таков облик во твоето резонирање.
Уште полошо е ако знаеш дека повеќето геј паради се ништо посебно и намерно гуглаш грозотии за да докажеш некоја лична поента на виртуелен форум. That would be just a 'pure pathetic' case.
У кугла не гледам за да знам шо ке правите вие но под предпоставка од западниве ваши колеги мислам дека и вие на таква слобода исто така ке се понашате.
Не, не знаеш. Упорно идеш накај оној Homo Whisperer фактор, сам си го копаш бунарот брат
. Just .... stahp eet. Please. For your own sake.
Западот е широк поим и не ги знаеш сите колегите наши од таму. Од друга страна, пошто ја имам секоја причина да бидам изложен на искуства и интеракции со тамошни колеги, ептен си во заблуда за тамошните LGBT како и твоиве истомисленици овде. Ептен сумњам дека базенот на искуство/изложеност ти е строго лимитиран (if not nonexistent). Мојот не е. Ако земеше да комуницираш со повеќето такви луѓе ќе видеше дека си во заблуда. Не мора да бараш далеку, плодна почва имаш и овде, форумот не е лимитиран само на еден ипол хомосексуалец. Но твојата интеракција со луѓе ко нас ти почнува и завршува со вакви препирки на онлајн портал. Иако тврдеше дека познаваш и дека си комуницирал со геј лица. Мојот булшитметар е sky high за таа ствар. Да сакаше, ќе проширеше видик одамна, и тоа не со 1-2 лица. Имагинарни геј пријатели/пријатели на пријатели/познаници не се стратегија со која аргументирано доминираш во дадена дискусија/дебата со одереден став.
Можеби грешам и нема вакви будалаштини да правите со деца. Но тогаш доаѓаме до почетокот. Зашто уствари барате права и сакате прајдови !?!?
Мене не ми е јасно зошто тоа ти пречи.
Има верски празници, луѓе се собираат да одбележат некој настан поврзан со нивната религија и никој не се жали отворено и да истура гнев врз нив, биле они доминантна или помала религиозна маса. Нити луѓе од друга религија, нити атеисти зеле да прават контра-собири и плукаат и/или тепаат некој затоа што верува во Јехова, Алах или ебан Кришна. А религијата е избор, за разлика од сексуалната ориентација. Дури и да си растен во религиозно семејство секогаш можеш да ги промениш работите кај себе на тоа поле ако сметаш дека не се пронаоѓаш таму.
Има рок манифестации или џез фестивали. Истомисленици се собираат и таму. Саеми на книги - иста приказна. Конвенции на гикови и нердови за стрипови, видео игри, филмови итн. - исто срање.
Зошто сето тоа не пречи, а група/популација истомисленици за ова прашање боде очи? Аргументативно, сите овие примери имаат за цел или да ја едуцираат масата, да промовираат нешто или да испратат порака, или да направат некој да се осеќа прифатен, и меѓу истомисленици, и да нема грижа на совест за истото. Прајд настаните служат за сите тие работи. Да покажат дека општеството во таа дадена географска локација им дава на граќаните можност да бидат тоа што се родени да бидат, и дека е во ред да се биде горд на тоа, како што некој може да биде горд христијанин, горд нерд, горд македонец, или горд whatever.
Како што на тебе и слични им се гади од гееви и не гледаат причина за гордост и така и мене ми се гади од горди белорасни супериорци па пак и на хомосексуалците и на тие скапани расисти им се дава правото да организираат маршеви и прајд настани затоа што пред законот се исти. Али океј, тоа на Запад (да, и на тој Запад што го плукаш/плукате, се уште се дозволни расистички собири под капа на миротворен марш/прајд парада). Само затоа што две групи не делат став дека другата група има право да биде горда на елементот што ја прави самата група-група, не значи дека немаат право на истото. Човековите права се создадени за сите. Не само за луѓе како мене (иако има пациенти и на форумов што ја плукаат таа Повелба иако истата играла улога за наше осамостојување и декларирање на етникум итн.). Не викам дека се совршени и дека со се' се слагам. Пример ете хуманото третирање на умоболни криминални психози, али што да правам, Повелбата ги штити и нив, како и сите останати, што да правиме.
И вака и така на чело од вас на никој не му пишува шо е , никој на улица не знае шо правите дома и со кого или која . Тогаш правата и прајдот ви служат за себепромоција и уште поголемо привлекување внимание од општеството !?!?!
Не.
Прајдот е за рандом 14 годишник кој/а планира да си ги исече вените затоа што открил/а дека соученик-или-два од клас му/и се свиѓаат на начин на кој повеќето нивни врсници свиѓаат припадници на другиот пол. За она девојче кое мрази шминки, фустани и кукли а сака топки, долги и искинати панталони, и идол и е кратко ишишаната испотена хероинка која вози мотор на автопат, и дека тоа не е само холивудска фритеза. За тој 16 годишник кој не иде на школо затоа што е дневно малтретиран пошто има 20% повеќе естроген од врсниците во гласот или говорот на телото а наставниците не мрдаат со прст дури и кога пред нивни очи се случува истото, или оној дечко кој мрази физичко пошто треба да биде во соблекувална со чопор други машки и моли господ ако е таму дека нема да има физичка реакција на некој од нив затоа што тоа носи физичка реакција од соучениците. I can go on and on and on ...
Да, се праќа порака со прајдот, и се промовира нешто. Се вика себе-прифаќање и еднаквост. А не тоа што повеќето мислат/тврдат дека прајдовите служат.
Епа тогаш не се чудите ако некој ве затепа на улица ако предходно ве видел у розеви танга како се лижете на сред плоштад.
Имам доста пати спомнато претходно. Да е до мене, ќе му го дадам стапот на тој што сака да ги тепа таквите. Немам сочуство за нив само затоа што се и тие хомосексуалци. Таков егзибиционизам (не па полошо) ми смета и мене колку што им смета и на сите други. Ама пак ќе повторам - тоа не се геј паради, туку циркус на фрикови кој си ја носи таа лепенка. Знак дека и либерализмот има потреба од поставување на црвена линија.
Ако љубовниот живот си го чувате за дома ко секој нормален човек никој нема ни да знае што сте а не пак да ве напаѓа.
Нормалните луѓе за кои збориш каде се? Пошто секој ден сум сведок на хетеросексуалци кои што се лигават по кафичи, ресторани, библиотеки, манифестации, паркови, автобуски станици, па и кај домови на други луѓе (каде има инстанци на скоро full-blown sex, без разлика што има публика наоколу). Да не зборам што се дешава по возовиве. Тоа е за тебе нормално? Може едукативно за помладата популација за која сте толку загрижени?
Не, вас ве лази тоа што двајца мажи или пар жени се фатиле за рака или одат прегрнати, или не дај боже, мал peck размениле јавно.
Се додека масовно хетеросексуалците парадираат со својата хетеросексуалност отворено и јавно, нема зошто да даваш совети хомосексуалците да бидат геј само дома/позади 4 ѕида. Борбата е за еднаквост. А не за тоа што вам ви одговара. Додека мнозинството тера одредена шема, помалите групи ќе ја бараат истата шема доколку им се допаѓа. That's that hombre.
ете вака мораме да ве трпиме и да ве сожалуваме што сте се родиле згрешени. Јбг таков е животот. За некој мајка за некој макеа.
Likewise. Само не знам дома како те трпат.
Педерите и лезбејките се пуфкат наоколу и не ја признаваат својата болест или грешка на природата, признајте си, може ќе бидете поприфатени
Совети би се разгледале доколку не би биле толку контрадикторни и спротивставени (не дека нејќеме разнолико, или хетеро на латингриш
)
Едни твои колеги викаат - To be gay is okay, as long as it's far away (from them). Не нејќат у близина, и со оглед на тоа што секој втор го дава тој совет - се чини дека не би било многу популарно и ефективно да излеземе јавно со некакво признание и да бараме лекој за истото (пошто нели се иде до аптека/лекар за тоа, а кај нас доктор-пејшнт конфиденшиалити агримент исто ко да нема и се бетер од ... средниот дел на твојот ник, да не збориме за аптекариве). А и сумњам дека би застанало истово таму. Ко за педофиливе ќе се предложи датабаза на known gayz и исто ко некој нацист да не стаил бар код на рука
Златната средина е најбоље. Уствари светот тоа и го бара. Таа средина е тоа што е на Запад.