Токму така! И точно е тоа што сум го напишал и така треба да биде за тоа што приватниот капитал мора да се заштити како потенцијален намалувач на невработеноста. Какови што се најчесто вработените во државава, дај им прст, цела рака ќе ти откинат. Права не се за секого!
-Во СФРЈ имаше „Суд за Здружен Труд“ кко специјален суд од областа на работните односи, ама ретко кој работник успеа да го добие спорот. Предметите со години се влечкаа по судот за на крај да се одлучи по партиска директива одозгора. Е сега, ако случајно се десеше некој со црвена книшка да тужи, тогаш имаше изгледи и да го добие предметот. Сега е многу понаку, судовите се поефикасни, одлучуваат максимално коректно кога преметот ќе стаса кај нив. Ова со сигурност го тврдам бидејки добив таков спор со поранешен работодавец кој лошо советуван од правниот советник направи грешки кои мојот адвокат ги искористи и употреби против него.
Основно работничко право според мене е да се почитува договорот за вработување, односно засновање работен однос. Тој ги определува односите меѓу работодавецот и вработениот, не законот. Ако тој не биде испочитуван, тогаш има закон и суд и за едниот и за другиот. Арно ама, како во СФРЈ нема више, умре тоа време кога можеше да се заебаваш и по цел месец да не одиш на работа без да те казнат или избркаат од работа. За тоа и пропадна СФРЈ. Работникот беше ставен над се во државата а работник како работник, знаеме колкава и каква може да му е свеста.[DOUBLEPOST=1437953841][/DOUBLEPOST]
шо имаш ти против твојата држава да има јаки трговски партнери и да остварува размени нон стоп со нив ?
абе до кога ќе трескате апсурди,оладете малце
Мојата држава има јаки трговски партнери и остварува трговска размена со нив. Погледни ги извештаите и ќе видиш. САД и Германија се пак најголемите трговски партнери з Македонија. По нив следат Кина, Русија, Тѕрција... Трговските партнери се тие за целиот Балкан. Како што можеш да забележиш,
Некој спомна инфраструктура. Во СФРЈ, цела една огромна во споредба со Македонија земја, за 50 години постоење се изгради само еден автопат кој не беше никогаш довршен! Го нарекуваа „Автопат Братство-Единство“ ама далеку беше од автопат. Имаше еден мал дел помеѓу Скопје и Куманово и малку од после Ниш до Белград и толку беше од автопат во СФРЈ! Ниту во Хрватска, ниту во Словенија, Ниту во Босна ниту во Црна гора се направи макар метар автопат. Е да, ние бевме в предност, имавме 35км автопат, па по 15 години се направија уште 40 до Велес и тука заврши приказната. Денес во Македонија имаме 2 автопати, наскоро ќе биди готов и третиот кој иако нема да биде типичен автопат, многу ќе е подобар од патиштата во некогашна СФРЈ. За водоводи по селата да не муабетам, имаше по самиот распад на СФРЈ и села во планинските делови кои немаа струја. Патишта секогаш биле проблем, ама во СФРЈ тој проблем беше многу поголем. И нормално, на кого му беше гајле што државни камиони и автобуси сее кршат по патиштата? Ќе се амортизираат, ќе се купат други од трудот на народот. За возовите да не муабетам поарно. Ако влезеш во воз се мразиш после тоа самиот себе уште еден месец. Авионскиот сообраќај за никаде. Од Скопје имаше авион само за Главните градови на СФРЈ републиките. Ако сакаш да леташ надвор, тогаш мораш од Белград, Загреб или Љубљана. Ретко слетуваа и полетуваа повремени чартери од и во Охрид, претежно заради она малку холанѓани кои доаѓаа на умирачка по пензионирање и тоа главно во Мај и Септември по 2-3 лета.