Еве да споделам што е најново во врска со мене, ако може да му послужи некому инфото:
ДАБЧ ми издале дупликат од стариот произход од пред 10 години, ама само копија од истиот (по старо - на него не е наведено на каков основ е издаден), бидејќи поднесов документи од прв братучед, а очекувано не ги прифатиле како основ. Имав поднесено и нецелосна документација од прадедо, очекувано ни таа ни ми ја признале.
Важно за сите вие што (сакате да) аплицирате за дупликат произход, а немате документи од предок: Ако од ДАБЧ еднаш веќе ви имаат издадено произход, без разлика кога и на каков основ, не можат да ве одбијат за издавање на нова копија од истиот. Мој совет е да не чекате и веднаш да поднесете за дупликат, тој сигурно ќе ви биде издаден. Без разлика што со него нема да можете да добиете државјанство во Министерството за правосудие, сепак може да ви послужи привремено, колку да аплицирате веднаш, без да чекате промена на законот и негово стапување во сила. Додека дојдете на ред за разгледување во Правосудие, новите измени на законот ќе бидат стапени во сила, ќе можете да извадите нов произход од ДАБЧ под олеснети услови, или уште подобро, ако имате документи од прв/втор братучед кои сега не ви ги признаваат во ДАБЧ, ќе можете да ги поднесете во Правосудие уште при самото поднесување. Бидејќи јас сум таков случај, имам намера така да постапам.