Ако имаш летвички, а мислиш дека нема да ти требаат и само онака ќе ти скапуваат, искористи ги, празнините пополни ги со силикон/фуга, но летвичките пак ќе треба да ги излакираш, зошто дрвото како дрво прима влага.
ОСБ таблата е голема површина, брзо и лесно се монтира (еве ти и цени од Мега Куманово со попуст
http://mega-ku.mk/proizvodi/%proizvodi_categories%/osb-plochi/). Од надвор ќе ја поминеш со лак и готово. Во долниот дел ако доаѓа во контакт со земјата и не сакаш да прима влага помини со битумен, залепи стиропор...
Јас сепак мислам за да не се мачиш најдобро е да искористиш лим, иако незнам зошто не го сакаш. Нема да направи до толку сауна, ќе ставиш тервол. Ем е ефтин, ем однадвор има пластифициран слој, башка објектот ти е привремен.
Иначе мислам дека веќе несмее да се гради куќа со мајстори кои ти си ги нашол, туку мораш да најдеш лиценцирана фирма која ќе ти ја изгради куќата. Затоа можеш да размислиш и за монтажна куќа.........., ем фирма, ем ќе ти ја завршат за неполн месец