Планот е Валенсија да расте како клуб и за неколку години да го зголеми буџетот со што ќе може да им нуди поголеми плати на играчите. А сите знаеме дека парите го движат фудбалот. Најголема плата моментално зема Негредо (3 милиони евра нето), а Отаменди зема 1.300.000 евра нето.
Сега Отаменди има 27 години. На пример во Сити ако зема да кажеме 6 милиони нето. За следните 6 години таму би заработил 36 милиони евра, додека кај нас 7,8 милиони евра. Еве каде лежи зајакот. Не дека Отаменди нешто повеќе го сака Јунајтед или Сити. Парите го влечат колку и да вели тој дека е поинаку.
Е сега планот со младите надежни играчи го гледам јас како начин безболно да се поминат овие неколку години додека клубот не зајакне финансиски. Мина и Данило сигурно нема сега да бараат најголема плата во екипата, а Валенсија и те како би можела да има корист од нив. Е сега ако некој од нив се покаже после неколку години, Валенсија ќе може да ми понуди доста поголем договор отколку сега и ќе може да се бори со другите моќни Европски екипи.
Барем јас се надевам дека ќе биде така.