Добро, се што кажал си е така. И што сега? Зошто воопшто го напишал ова? Дека човекот е отпаднат од духовното е позната работа и е во основата на христијанството. Затоа и постојат духовните пастири - да го насочат стадото по прави патишта. А стадото, напротив, се полошо и полошо. И кој е виновен, стадото или пастирите? Ме израдува кога прочитав дека е потребно да се тргне од себеси, дека е потребна самокритика. Неколку пати ја спомнува таа самокритика и на крај останав жеден преку вода -сета самокритика се сведе на тоа дека некои големи викале а други си молчеле. Е со таква самокритика не е чудо што стадото ќе ви оди по се покриви патчиња.