Мислам дека твојот проблем со науката се состои во тоа што ти од науката очекуваш да открива некои вистини кои воопшто не се тема на проучување на науката.
Се чини дека проблемот е токму твој: дека науките треба да откриваат само „вистинчиња„ од одедена локална „природа„ но не и „нешто повеќе„.
Позитивниот став од Црквата кон науките вели дека науките, согласно објавите од Новиот Завет, треба да бидат „подолгиот/потешкито пат кон Бога„, односно, да се стигне до созанието за Бога Творецот, преку проучувањето на Божјите творби.
Се чини дека науките одамна станаа самодоволни и самоцелни.[DOUBLEPOST=1436639623][/DOUBLEPOST]
Па да, но не гледам како тоа има врска со правото на секој човек да трага по знаење или да биде игнорантен.
Правото за трагање по вистината е човекова природна потреба и за мене е неспорна: намерата ми беш да посочам дека огромно мнозинство од луѓето уопште не се ни „замараат„ со такви „тешки„ теми, а ти самиот го оправдуваш таквото однесување.[DOUBLEPOST=1436639927][/DOUBLEPOST]
Не сфаќам баш како Понтиј Пилат е поврзан со мојот одговор. Би било супер ако можеш тука да појасниш.
.
Можам.
Понтиј Пилат, судијата Христов, за да ја отфрли вината од себе за пресудата кон Христа, стори симболично миење на рацете, кое (миење) до ден-денес е лицемерен гест за отфрлање на својата одговорност и префрлање на истата кон другите луѓе, кои таа одговорност ја немаат.
Така е со денешните ТВ: тие пуштаат програми со секаква можна содржина, а во најавата за истите само предупрдуваат дека содржината ѓоамити била несоодветна за гледачи на (не)соодветна возраст и со тоа ѓоамити намвремено предупердување, телевизиите, кои се емитери на програмата односно причинители за нечие „висење„ пред телевизорот, ја префрлаат вината за прикажаната програма од себе на самите гледачи, кои со прикажаната програма немаат никава врска.[DOUBLEPOST=1436640052][/DOUBLEPOST]
Без аксиоми, не може да се изведе никаков логички заклучок. И во религија Богот е „априорно поставен почетен услов“.
Бог не Е „почетен услов„, кој се задава со цел да имаме за што да маубетиме. туку е идеја која им е вродена на луѓето. Оттаму, историски е познато дека сите досегашни народи, поседуваат религиознот, изразена на одреден начин.[DOUBLEPOST=1436640170][/DOUBLEPOST]
.
Веројатноста за појавување живот е 1, затоа што во (под претпоставка) бесконечен универзум, за бесконечно долго време ќе се случи секој можен настан, вклучувајќи го и појавувањето на живот. Во таков универзум, појавата на живот е неизбежна, прашање е само кога..
Самиот поставуваш услови, за кои ни оддалеку не си сигурен дека имаат точност, а уште помалку проверливост. Астрономијата не позната неограничен Универзум, ниту познава Универзум чија трајност е времески бесконечана.[DOUBLEPOST=1436640259][/DOUBLEPOST]
Па за мене тоа „бесмислено постоење“ е сосема во ред, барем подобро од тоа целта на моето постоење да е одредена од некој друг.
Реченицава е уште еден начин на изразување егоцентризам и гордост, од кои пати родот човеков...