Околу пожарите и пожарникарите

Не факт е додека не ве стрефи нешто ке ја подржувате актуелната политика и актуелните приоритети на гарнитурава,а кога ке ве стрефи нешто тогаш друг муабет ке правиме
 
Темата е промовирана на главната страна.
Кога ја кликнувам од главната страна ми појавува "

Страната не е пронајдена.
ВРАТИ СЕ НАЗАД
pixel_httpool_1x1_transparenten.gif
 
Кај да најдам информации за активните пожари во моментов?
 
Пола Македонија изгоре и никако неможат да ги сопрат пожариве , толку е жално колку убави шуми се уништија а се заради некои профитери кои или за сеча или за печурки палат ..да им се запали главата на таквите ....
 
значи , моментално сум во америка, и имав чест да присуствувам на профеисонално гаснење на пожар во националниот парк Grand Teton блиску јелоустоун. и се заинтесериав за да станам пожарникар.. ја сакам професијата, не е платена, ама е херојска, има добри бенефиции и се слично тука.. значи не сте свесни.. имаат тренинзи ( платени) обуки, секој ден теретана и кардио по 2 часа... вежби, и се најдобро... и сакав да ви кажам само.. со ова што го прочитав, да не чува космосот од некој поголем пожар , зошто че изгориме со оваа опрема шо ја имаме и недостаток на кадар... смешно... БИТНО СПОМЕНИЦИ НИ ВРИЕ ДРЖАВАТА ! ПУ, сраммота за владата... а и на народот што нема јајца и очи да прогледаат подалеку од нивниот нос... фала .. добро рекol alexis de tocqueville the people get the government they deserve! поздрав, се надевам дека гласачките тела на вмро и сдсм и другитепартии ке го прочитаат ова...
 
Цел град со само дваесетина пожарникари и 7 возила.Едно возило помош од Прилеп.
А тек да имало и на друго место интервенција од сличен размер?:eek:
Шестмина пожарникари завршија во болница поради труење при гаснењето на пожарот во битолскиот дом „Пелагонија Комерц“

Шестмина пожарникари во текот на ноќта се пренесени во битолската Клиничка болница на одделението за итна медицинска помош поради труење со јаглерод моноксид при гаснењето на пожарот кој избувна вчера попладне во сместувачкиот дом „Пелагонија Комерц“ во Битола.

getImageThumbnail.axd
На пожарникарите им е пружена соодветна медицинска помош и во добра состојба се испратени дома. Инаку, 20 пожарникари придружувани од седум противпожарни возила до рано утрото се бореа со огнената стихија која со голема брзина ја проголта целата покривна конструкција на објектот.
Во пожарот се оштетени и голем дел од собите на горниот кат. Костадин Поповски, командирот на битолската противпожарна единица, објаснува дека интервенцијата била мошне тешка поради стилот на градбата што оневозможувало лесен пристап за пожарникарите. Поради тежината на интервенцијата во текот на ноќта на помош се приклучило и едно возило од Прилеп.
Пожарот рано утрово е изгаснат, но пожарникарски екипи се на терен и ја следат состојбата со цел да не дојде до повторно активирање на огнот. Во сместувачкиот дом „Пелагонија Комерц“, поранешен интернат, во моментот на избивањето на пожарот немаше никој, а во овој период тука престојуваат работници од Србија кои работат во Битола.
„Во текот на ноќта се примени 6 пожарникари поради труење со јаглероден моноксид.Интервениравме и сите се испратени дома во добра ситуација“, вели д-р Зоран Лазаров, специјалист по ургентна медицина.
Анета Шијакова
24.10.2012, 13:56

И овие кретениве новинари без грешка никако.Тој дом не е поранешен, туку моментално е приватен студентски дом, реновиран и со нормална работа незавизен од ДСД Кочо Рацин.
 
zosto mu se na pozarnikari avtomobili?
sigurno ne planiraat so nego da odat da gasnat pozar:D
 
c_5.jpg

c_6.jpg

c_7.jpg

Денес во симулираните акции за извлекување давеници од вода беа вклучени припадниците на Граничната полиција и вработени во Противпожарната служба .

- Охрид е единствената противпожарна единица која располага со дефибрилатори. Подготвени сме за сите технички интервенции како регионална единица и секогаш сме во служба на граѓаните, вели заменик командирот на противпожарната единица Охрид,Горан Маркоски.

Дали е можно ???
 
o_O

Битолчани од денеска имаат тарифник за користење услуги од Противпожарна единица
ЖИВОТ | 10.07.2015 20:26
pozarnaaa-650x396.jpg

Денес на седница на Советот на Општина Битола беше изгласана Одлуката за утврдување на ценовникот за користење на услуги што ги дава Територијалната противпожарна единица – Битола на физички и правни лица. Командирпт на ТППЕ Битола, Костадин Поповски вели дека досега овие услуги не се наплаќаа, но се работи само за случаи кога граѓаните не се во животна опасност. Во одлуката стои дека давање на услуги и видот на техничката опрема и услуга што се бара се врши по претходно поднесено барање од барателот. Кон барањето физичкото односно правното лице поднесува и изјава дека е запознат со условите и цената на давањето на услугата и дека истата во рок од три дена од добивањето на пресметката ќе ја исплати на жиро сметка на Општина Битола.
За давањето на услугата одлучува Градоначалникот на Општината или од него овластено лице по претходен писмен извештај од страна на Командирот на ТППЕ Битола или негов заменик.
Под услуги што ТППЕ ги дава на физички и правни лица се сметаат : користење на против пожарно возило со пожарникари , како и користење на друга техничка опрема .
 
Дали под овие „ услуги “ се подразбира гасење на пожари или некакви други услуги?
Бидејќи со пожарните возила, пожарните пумпи и скали можат да работат и други улуги освен гасење на пожари. Можат да се местат реклами на згради, да се кастрат високи дрва, да се црпат бунари и тн.
Ако е за вакви работи, тоа има оправдување, но ако е за пожари нема оправдување
Му се запали на некому плевната, тој нема да плати, плевната изгори до темел, а од тој пожар се запалат и изгорат уште 10 куќи.
 
Кај нас пожарникарите се за жалење. Нити имаат опрема нити пак знаење. Им се има десено два пати да дојдат со празна цистерна да гасат пожар.
За разлика од нив во Словенија пожарникарите се приказна за себе. Но што е посебно интересно поголемиот дел од нив се доброволци. Професионални пожарникари има само во поголемите градови, а во помалите места има доброволни пожарникарски друштва и се околу 1400 на број. Се шпекулира со бројка од околу 130 000 доброволни пожарникари.
И не само за пожари, тие се први на местото и кога има сообраќајки,поплави и они го поднесоа нај големиот товар пред две години кога Словенија беше заробена од мраз. Членувањето во тие друштва кај нив е гордост. Сите друштва имаат пионерски, кадетски и младински категории во кој од најмлада возраст ги обучуваат.
Јас имам колеги пожарникари и кога ќе се деси нешто и ги повикаат, оставаат се и заминуваат. Газдите не им прават проблеми бидејќи се свесни дека тоа го работат за доброто на сите.
Инаку овие друштва добиваат некоја парична помош од државата и општините, но тоа е малку. Најмногу се финансираат од доброволни прилози од граѓаните и приватните фирми.
А за тоа како се опремени, не треба ни да зборувам.
 
Дали под овие „ услуги “ се подразбира гасење на пожари или некакви други услуги?
Бидејќи со пожарните возила, пожарните пумпи и скали можат да работат и други улуги освен гасење на пожари. Можат да се местат реклами на згради, да се кастрат високи дрва, да се црпат бунари и тн.
Ако е за вакви работи, тоа има оправдување, но ако е за пожари нема оправдување
Му се запали на некому плевната, тој нема да плати, плевната изгори до темел, а од тој пожар се запалат и изгорат уште 10 куќи.

Не, под овие сулуги се подразбира носење на вода на места каде им е потребна(испразнети бунари, за полнење на базени,...), потоа вадење на вода од подруми каде нивото не толку големо за предизвикува опасност, а граѓаните бараат да им се вади водата,интервенции со скалила за нивни приватни потреби(обично менување на светилки на високи места и слично), употреба на хидрауликата за растегнување на лимови, носење на вода при асфалтирање на улици, миење на улици после некое невреме...

ова го започна поранешниот командир Владе, но тој тоа го правеше ``во натура``-кој ќе побараше услуга му бараше против услуга-кој да и купи на ПП единицата комплет гарнитура клучеви, кој дигалка....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom