@ЉГБ
За да учиш програмирање најважно ти е да ги сфатиш концептите на програмирање. Не се залетувај на сите модерни технологии бидејќи ќе ти одвлекуваат многу внимание. Задржи се на битни работи а не на синтакса. Ц, Ц++, Јава ти се супер опции за да почниш да програмираш. Пајтон е убав и експресивен ама е по малку егзотичен и можи да те одвлечи настрана плус не е толку многу мејнстрим за работа во Македонија.
Мој совет ти е
Фаза 1. Научи процедурално програмирање (Јас го учев ова во QBasic и Паскал ама во кој јазик и да го префрлиш исто ти се фаќа) Важно е да го сфатиш текот на една програма и лесно да манипулираш со кодот. Пример земи некоја збирка задачи и пробај да ги работиш нив. Штампање низи обратно, преку еден, работи со матрици и сл. Важно е да ти влезат сите овие работи во навика. Распали го дебагерот и гледај шо се случва во меморија, стек трејс и сл... Пајтон исто ти е интересна опција за ова. Ама мој совет ти е да одиш со Јава уште во оваа фаза.
Фаза2. Научи објектно ориентирано програмирање. Јава ти е алфа и омега тука. Научи шо се класи, како се енкапсулира бизнис логика. Како додаток на ова ти советувам да читниш и нешто дизајн патерни за да имаш идеја како да си го организираш кодот.
Фаза3. Денес се ти е на веб, така да разгледај и Хтмл и ЈаваСкрипт. ЈаваСкрипт нема ништо исто со Јава освен првите 4 букви од името.
Фаза4. Види некоја релациона база. Пример MySql. Потребно е некаде да складираш податоци па треба да научиш сљл.
За почеток доста ти е
За Асемблер не се занесвај освен ако несакаш да работиш со ембедед системи. Јазикот е ненормално захтевен. Синтаксата е релативно проста ама треба во главата да го имаш целиот процесор + меморија и треба да имаш ненормално добра способност за визуелизација оти нема крајот да му го најдиш. Научи ги еднаш работите горе па ова се учи ако ги владејш работите погоре. п.с. речиси и да немаш пазар за асемблер кај нас.
Немој да земаш .Нет. Не дека нечини C# е добар, ама проблемот е шо многумина шо работат .нет се имаат научено на влечење компоненти и п од програмирање нема да научиш. Нормално не важи ова за сите, ама ако сакаш да учиш оди по потешкиот пати преку Јава и учи концепти.
Запамти, НЕМОЈ ДА УЧИШ СИНТАКСА ТУКУ КОНЦЕПТИ. Јазик се учи за ден два ако веќе знајш друг јазик.