Грција излегува од Еврозоната?

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Ја знаеш приказната дека бабата давала една лира да се фати на орото, а десет да се пушти? :D

Не е најпаметно некој да се фаќа на оро со финансиските ајкули од запад.

Ам ако не бива на запад, ќе пробаме на исток.
Брзо, брзо додека не се сетиле. :D

New Development Bank
upload_2015-7-8_15-33-7.png
 
Јас веќе долго време се прашувам која е цената за Грција, не само за овој спас, туку и за сите понатамошни кои ќе следат (со ил` без драхма). Кој е лимитот кој не може да се надмине?

Но, изгледа нема лимит кога се претура од шупље во празно. :)
хммм.., мислам дека сепак се работи за Европа, која никако да го заборави монументалниот биковски секс со Зевс, па затоа е онака вечно слаба и нежно попустлива за грчиштава кои упорно тврдат дека тој Зевс лично ги има напраено на нивните смртни мајки.....;)
 
Ја знаеш приказната дека бабата давала една лира да се фати на орото, а десет да се пушти? :D

Не е најпаметно некој да се фаќа на оро со финансиските ајкули од запад.
Абе не да не е точно ова, ама пробуваат Грцине да го избуткаат муабетот:"Знаевте дека сме неодговорни, вие сте по-криви од нас шо ни дадовте парите".
Не дека и ова не држи вода, ама хоштаплерајот е ист од двете страни.:P[DOUBLEPOST=1436365855][/DOUBLEPOST]
Ам ако не бива на запад, ќе пробаме на исток.
Брзо, брзо додека не се сетиле. :D
Ова би било... интересно(?)
 
Еве го Ципрас денес пак се исправил и ветил реформи. Добро ова со реформиве е нова фора во последно време? Башка ке предложи реформи, ќе се прелажат божем западњаците, и пак ќе им го спопика во референдум бидејќи ќе стане збор за непопуларни мерки и пак на 0. Ако им го направи тоа, тогаш треба да се бара интересот кај Меркел за ова две напред три назад оро.

А ако тргнат према Исток да бараат пари, ќе треба нови атласи да купуваме.
 
Каде беа сите овие што се бунат денеска дека дел од кривицата има и тие што позајмувале пари, пред 5-10-20 години? Ако некој треба да се буни тоа се сите даночни обврзници од другите земји чии пари се користеле во вештачкото богатење на Грците бидејќи они ќе го сносат товарот на крајот од денот безразлика како ќе заврши оваа приказна. Ама па и они безгласни за цело ова време, така да реално секој треба да се помири со своите лоши одлуки.
 
Парите од даночните обврзници не се користеле за богатење на Грците.
Грците им должат пари на амерички банки, ЕУ им го исплаќа долгот т.е купува на америчките банки (со пари од даночните обврзници), само што сега Грците им должат на ЕУ.
Во целата ситуација, најлошиот дел е што нема детален опис на кој тоа Грција им должи пари т.е кои се банките.
Најголемата вина ја носат даночните обврзници на ЕУ, што не ги сменат од власт тие што ги позајмиле нивните пари, како на пример Меркел. Самото тоа ќе урне магичниот систем од карти што е поставен од банките и ќе пропаднат поради давање на ризични кредити т.е лошо работење, како што секоја фирма од друга бранша би пропаднала.
И сега наместо даночните обврзници да се плашат за нивните пари ќе се плашат банките кога ќе даваат кредити, а со тоа и земји како Грција во иднина сами ќе се подобрат, ако сакаат да земаат пари на заем, а не да се подобруваат откако ќе биде многу касно.
 
Сакаш да кажеш дека кога нашите маки ке доспеат, ќе ги кривиш тие што ни давале пари или тие што ги земале тие пари без да не прашаат дали сакаме цел живот да враќаме?

Друга работа, да не се наоѓа негде во pdf одлука дека со сила ќе се даваат пари на Грција? Зошто Чешка и Словачка не се во истата каша? Разбирам симпатии према модерниов Че(геварис) иако неосновани од аспект на реална состојба и она што ги чека Грците.

btw @pearl сега америчките или ЕУ банките се лошите што ги полнеле кутрите наивни комшии со пари?
 
..луѓето во Грција СЕ ЗБОГАТЕНИ. Нормално не се таму сите богати ко крезови..., но сите оние вошкари кои таму живееја секако се направени пристојно богати европски граѓани. Грчките властодржци парите кои ги земаа од ЕУ фондовите буквално ги користеа за да ги плаќаат своите бирачи. На милион иновативни начини од кој буџетски платените работни места беа наједноставна секојдневна рутина. Цел век со Грција управуваат две-три партии кои беа и уште се под неприкоснивена управа на буквално династички фамилии: Караманлиси, Мицотакиси, некакви други Тралалакиси и се такви...ЕУ фондовите и дрчните банкари им дојдоа како кец на десетка. Вистинските грчки крезови покрај со дел од тие пари, сепак најмногу се нафатираа со масни тендери , но најмногу со неплаќање на даноци на морската заработка од своите бизниси... И мува не ги лази. И ништо нема да се смени. Кога не се смени ништо после втората светска војна , после толку маки, напор, пот и крв..сега нема ам ич ништо..., ова сега е песма лета за тие мамлази. ;)
 
Поголем евроскептицизам ќе се случи ако се отпишат долговите него ли да се притиснат Грците надвор од еврото. Ако се одлучат на отпис баш ме интересира реакцијата на европејциве.

Логикава на Ципрас е - Срам да ви е колку многу пари ни дадовте последниве 15 години, ко да не знаевте каква стока сме ние! :)
Днес Ципрас стаса до нови висини. Тезата му е - дадовте ни милиарди, грцките државjaни не видоха ништо.

Како цело Грциja е фалирала и само сериозни реформи можат да запрат воведуването на нова валута. Дали ке се вика драхма или гевро или нешто трето...друго прашане.
Jнкер днеска рече,дека не е честно само еврозоната да одлучува,затоа ке има совет во недела на сите држав членки на ЕУ.
Се знае,дека источните држави до една са против Грциja и барат излегуването j от еврозоната.
[DOUBLEPOST=1436391526][/DOUBLEPOST]
Почеток на крајот на европската унија.
Грциja е около 2 % от икономиката на еврозоната. Това е минорен дел.[DOUBLEPOST=1436392849][/DOUBLEPOST]Ципрас днеска во ЕП беше направен сарма.
 
Последно уредено:
А ако тргнат према Исток да бараат пари, ќе треба нови атласи да купуваме.

Нека повелат, ќе биде весело за гледање. За разлика од емотивноста на Европа кон Грција (читај го concrete погоре), Кинезите немаат емоции, работат како мравки, не даваат кеш пари и сметаат во евро центи (што мислиш, кој ја измисли идејата за 99¢ store :)).

Кинезите нема да им дадат пари на слепо, туку ќе влезат со инвестиции, првенствено профитабилни за нив самите. И за парите кои ќе ги платат, очекуваат работа. Еве како размислува Кинезот, глаучот на COSCO, фирма која ќе работи со најголемиот дел од пристаништето Пиреја во следните 30 години.

Currently, around 1,200 Greeks work for Cosco. The company doesn't need to pay union wages, there is no corporate training and the crane-operations staff has been reduced.
Jobs are now awarded by an agency instead of the unions. A port worker earns about €1,200 per month, which is above average for Greece, but only one-third of what wages used to me.
When asked about the unions, Fu describes them as being "superfluous!" "Every employee is like the member of a family," he says. "Everybody works with respect for the other. We listen to what our employees say and react to it. The company is like a family. We are all brothers. Everybody is happy."
That's nice. But the firings, the labor disputes, the claims that employees don't even have the time to use the bathroom? "Nonsense," Fu says, before returning to the issue of principles.

"The union leaders promise their members more money for less work," he says. "How is that supposed to work? If you want a higher salary you first need to work hard. Not lie on the beach and drink beer. Learn from the Germans! Work hard, never be lazy and always work seriously. Hard work -- happy life."

Парите од даночните обврзници не се користеле за богатење на Грците.
Грците им должат пари на амерички банки, ЕУ им го исплаќа долгот т.е купува на америчките банки (со пари од даночните обврзници), само што сега Грците им должат на ЕУ.
Во целата ситуација, најлошиот дел е што нема детален опис на кој тоа Грција им должи пари т.е кои се банките.
Најголемата вина ја носат даночните обврзници на ЕУ, што не ги сменат од власт тие што ги позајмиле нивните пари, како на пример Меркел. Самото тоа ќе урне магичниот систем од карти што е поставен од банките и ќе пропаднат поради давање на ризични кредити т.е лошо работење, како што секоја фирма од друга бранша би пропаднала.
И сега наместо даночните обврзници да се плашат за нивните пари ќе се плашат банките кога ќе даваат кредити, а со тоа и земји како Грција во иднина сами ќе се подобрат, ако сакаат да земаат пари на заем, а не да се подобруваат откако ќе биде многу касно.

Се знае на кои странци должела Грција во 2010. Најголемиот дел го имале европските банки, затоа и ги спасија, односно европските бирократи си ја спасија својата глава, а не Гркот.

http://www.bloomberg.com/news/artic...french-with-23-billion-in-greek-debt-bis-says

29banksGrfx-articleInline.gif

Заклучно со 2009 година, америчката изложеност кон Грција била 17 милијарди евра, трошки во морето од скоро 400 милијарди. Во 2010 година, кога се` уште се правеа обиди да се пресметаат вистинските бројки кои се криеле со години и кога скоро сите велеа дека програмата за помош најверојатно ќе биде околу 40-50 милијарди, Goldman Sachs ги шокираше сите кога излезе со инфо дека "најверојатно" помошта ќе треба да биде околу 150 милијарди. На крајот испадна 110 милијарди, за две години потоа да им фрлат уште 130 милијарди. Затоа и мислам дека кога чичко Буш се пакуваше да замине од Букурешт, им шепна на GS да се спакуваат од Грција.

Сакаш да кажеш дека кога нашите маки ке доспеат, ќе ги кривиш тие што ни давале пари или тие што ги земале тие пари без да не прашаат дали сакаме цел живот да враќаме?

Друга работа, да не се наоѓа негде во pdf одлука дека со сила ќе се даваат пари на Грција? Зошто Чешка и Словачка не се во истата каша? Разбирам симпатии према модерниов Че(геварис) иако неосновани од аспект на реална состојба и она што ги чека Грците.

btw @pearl сега америчките или ЕУ банките се лошите што ги полнеле кутрите наивни комшии со пари?

Види, во секој должничко-доверителски однос, и двете страни имаат права и обврски, кои се гледаат низ призмата на бројките. Првиот не треба да се задолжува над своите можности, а другиот треба да си направи солиден due diligence и да си го пресмета ризикот. Така што, аргументот не лежи во целост и потполно кај ниту една од страните, туку лежи некаде измеѓу. Е сега, за тоа каде меѓу тие две страни да се повлече линијата на правдата, освен што ќе се гледаат само бројките, на сцена стапува и моралниот аргумент. Не можеш од слеп, очи да бараш.

Само што во конкретната ситуација за Грција, тешко е човек дури и да се обиде да најде зрно емпатија или симпатија. Тука не станува збор за одлуки на неколкумина за сопствен интерес, за да може да се амнестира цела популација. Тука станува збор за масовна даночна евазија, целосно искористување и крадење на државни ресурси за сопствено богатење од страна на цел народ, неосновани и шокантни бенефиции, олеснувања и субвенции за секој еден граѓанин, заштитени професии до ниво на скандал, клиентелизам (секогаш далеку поскап од корупција) од невидени размери итн.

Како за пример, пред кризата, според државната грчка статистика, само 5.000 граѓани во државата заработувале над 100.000 годишно, и пази, станува збор за популација од 11 милиони. Докторите во најбогатиот кварт на Атина пријавувале годишен приход од 30.000 евра, а поседувале по две-три луксузни коли, викендички и јахти (bitter смешка е што со тој приход, реално не може да платат ниту кирија за своите ординации). Кога се воведе данок на луксуз, конкретно данок на базен во куќата, самоиницијативно се пријавиле само 350 куќи, за потоа со сателитска снимка да се утврди дека всушност реално се 17.000. На островот Закинтос, од вкупно 650 жители, 400 од нив се пријавени за слепи и примале од државата по 750 евра секој втор месец како бенефиција за слепилото. Сум слушала приказни дека земјоделците земале субвенции за одгледување јаболки, со прст не мрдале, а потоа за да се оправдаат дека имаат производство, купувале скапани јаболки од Ресен и пријавувале дека, замисли, само во нивната нива удрил гром. :)

И мал милион други лажирања, така што, за ситуацијата во која се наоѓаат е виновен секој еден од нив, а не само државниот апарат. Сите колективно уживале во поефтина струја, храна, бензин, пензионирање на 50 години, општо во луксузен и ефтин животен стил и затоа не може да стане збор за великодушна прошка на народот поради некои си таму Мицо, Коста, Веру и слични Такиси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom