- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.890
- Поени од реакции
- 86.069
Бетон ќе го исуши Охридското езеро
прочитано 582 пати
28-06-2015 13:41:26

Вештачките острови во Дубаи важат за едно од најубавите светски дела на модерното градежништво. Станува збор за инвестиција која чини неколку милијарди долари.

Она што не е толку познато за овие острови е што нивната изградба беше стопирана на неколку месеци за да се испочитуваат сите стандарди за зачување на еко системот (флората и фауната) во тој регион, и тоа од страна на инвеститорот. Тоа што стопирањето значи и трошење дополнителни пари, не беше проблем за инвеститорот. Таму екологијата го следи бизнисот и обратно.
За разлика од инвеститорите во Дубаи, кај нас ретко кој води сметка за еко системот. Погледнете само што му се случи на Вардар во центарот на Скопје. Реката за која има забрана на користење на водата за секаква употреба со години, (во која пред неколку децении луѓето се бањале) од разно разните проекти од Скопје 2014 година, не само што го изгуби текот, туку и целосно остана без еко системот.
Да, за секоја градба во земјава претходно се изработува студија за нејзиното влијание врз животната средина, но многубројните примери покажаа дека наодите во тие студии и нивното почитување остануваат да важат само на хартија.
БИЗНИС ИНТЕРЕСИТЕ ПРЕД ЗАЧУВАЊЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Последниве дваесетина години, развиените земји, поради климатските промени, кои ќе донесат многу несакани последици, обрнуваат големо влијание на зачување на животната средина за ублажување на промените кои се неизбежни.
Кај нас многубројни примери покажуваат дека одиме во погрешен правец. Екологијата и бизнис интересите никако да се сретнат и подржат, туку постојано одат во спротивни правци, вели Александра Бујароска, од Фронт 21/42, правник од областа на животната средина (една од ретките во оваа област), која осум години работи на зачување на животната средина во Македонија.
“Најнов пример за нашата деструктивност се најавите за неколкуте проекти за урбанизација на Охридското езеро, кои ќе бидат многу штетни за него. Станува збор за сушењето на Студенчишко блато, кое има пресудна улога за постоењето на езерото, за да се изгради комплекс згради на самиот брег, сечењето на последниот останат појас трски кај Лагадин и покривањето на голем дел од езерото со бетонски платформи за изградба на огромни туристички комплекси, поништувањето на заштитата на голем недопрен див дел од езерото (кој може да се користи само за научни цели) и загрозување на најважните извори кај Св. Наум кои го снабдуваат езерото со вода, за изградба на туристички комплекси, поништување на заштитата на дел од Националниот парк Галичица за изградба на автопат од 14 километри, за што ќе се уништат 50 хектари заштитено подрачје од националниот парк, поништување на заштитата на голем дел од националниот парк за изградба на ски комплекс од 400 хектари, кој вклучува и огромен хотел и викенд населба“, вели Бујароска.
Експертите кои учествуваа во проценката на влијанието врз животната средина многу јасно предупредија дека реализацијата на овие проекти ќе има неповратно негативно влијание врз биолошката разновидност, почвата и водите, дека нема да бидат возможни корективни мерки и дека УНЕСКО статусот ќе биде загрозен. Македонската влада одлучи да ги игнорира овие предупредувања и да продолжи со плановите.
Ова се моментални проекти, за кои се уште нема офицјална одлука за стартување, но кој гарантира дека во следните десет или дваесет години на државата и општината нема да им „текне“ за уште неколку нови, кои ќе бидат поапсурдни и овие.
ШТО ЗНАЧИ СУШЕЊЕТО НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО ЗА ЕЗЕРОТО
Беа потребни дваесет години Студенчишко блато да добие посебна студија за валоризација (2012 година) која итно побара статус на заштитно подрачје. За жал наместо статус на заштитено подрачје доби одлука да се исуши со менување на Генералниот урбанистички план на Охрид. Последиците за ендемските видови со сушење на блатото ќе бидат големи и не постојат мерки со кои би се ублажила штетата.
Блатото Студенчишта е валоризирано како природен феномен сочуван со милениуми и оттука неговото особено значење за Охридското Езеро. Секоја промена на нивото на водата од Езерото директно влијаела и на Блатото. Тоа било населено со различни растителни и животински видови. Многу ципринидни (бели) риби (особено крапот) се мрестеле во Блатото, а се гнезделе и многу водни птици, стои во Студијата за Студенчишко блато.
„Истото важи и за планираното сечење на трските кај Лагадин, кои се едни од последните во езерото.Според достапните студии Блатото и трските се од круцијално значење за опстанокот на флората и фауната. Има многубројни апсурди, непочитување на законите и одлуки против логиката во овие проекти, кои ќе нанесат непоправлива штета за животната средина. Во една од трибините посветна за изградбата на ски центарот Галичица беше напоменето дека бидејќи на местото кое е планирано за ски центар нема снег, ќе се правел вештачи снег со вода од езерото. Колку лудо звучи тоа?“, вели Бујароска, која дополнува:
„Навистина е страшно што носителите на одлуки кои ги замислиле овие проекти не ја гледат суштината и долгорочниот ефект од нивното спроведување. Не гледаат дека сето ова претставува една целина, еден еко систем. Ако чепнеш на едно место, ќе има влијание и на другото. Се е поврзано“.
Студијата за неопходноста од заштита на трската кај Лагадин и на други места во Охридското езеро можете да ја видете ОВДЕ.
Планот за управување со Националниот парк Галичица и СОВЗС студијата за предвидените измени, која покажува дека овие измени на долгорочен план ќе ја загрозат заштитата на УНЕСКО, ОВДЕ.
Студијата за Студенчишко блато и вредностите и потребата за негова заштита од 2012 година, погледнете ја ОВДЕ.
СОВЗС студијата за ГУП на Охрид урбана единица 17, каде што пишува дека нема компензаторни мерки за Студенчишко блато, ОВДЕ.
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Охридското Езеро се наоѓа на Динарските Алпи, на границата меѓу Република Македонија и Република Албанија.
Неговата старост се проценува на околу 4 милиони години. Тоа е најстаро природно езеро во Европа и едно од најстарите природни езера во светот.
Најголемата просечна длабочина му изнесува 155 метри, поради што Охридското Езеро е најдлабоко во Европа и 14. најдлабоко езеро во светот.
Над 200 ендемични видови живеат во водите на Охридското езеро, поради што истото е најважен воден еко систем на Европскиот континент.
Ако се земе предвид неговата големина, може да се каже дека има најголема разновидност на животински и растителен свет во споредба со кое било друго езеро во светот.
Охридското Езеро веројатно е уникатно во светски рамки и по тоа што главно се снабдува со вода од извори – и тоа површински и подземни.
Овие одлики, т.е. неговата неповторлива еволуциска приказна, придонесуваат тоа да биде од суштинско значење и за науката и за животната средина. Овие одлики се, најверојатно, и причината поради која Езерото изобилува со најразлична флора и фауна.
Езерото и неговата околина се познати и по својата богата историја, култура, археолошките пронајдоци и неповторливата природна убавина.
Благодарение на овие исклучителни карактеристики, во 1979 година Охридското Езеро и градот Охрид станаа дел од само 31 локација во светот прогласена за светско природно и културно наследство од страна на УНЕСКО.
Над охридската котлина се издигнува планината Галичица во која се наоѓа Националниот парк Галичица, дефиниран како исклучително важен регион од страна на Унијата за заштита на природата (IUCN) и заштитен со закон уште од 1958 година.
Благодарение на повеќе стотици автентични уникати на природата НП Галичица е прогласен за Значително подрачје на растенија, Примарно подрачје за пеперутки и Емералд подрачје (односно Натура 2000 подрачје кога Македонија ќе стане членка на ЕУ). Поради својата исклучителна биолошка разновидност со меѓународно значење во 2014 НП Галичица стана дел од Светската мрежа на биосферни резервати на УНЕСКО.
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО БИЛО СВЕДОК НА СОЗДАВАЊЕТО НА ЧОВЕЧКАТА РАСА
Охридското езеро останало милиони години и било сведок на многу нешта: од создавањето на човечката раса и првите цивилизации, преку подемот и падот на византиската империја, до независноста на Македонија од Југославија.
ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА ЗА СПАС НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Граѓаните можат да дадат свој допринос за стопирање на плановите на државата, со кои ќе му се наштети на еко системот на Охридското езеро, со потпишување на петиција. Линк до петицијата на англиски јазик ОВДЕ. На македонски јазик ОВДЕ.
Јебале ве палми у гз