Грција излегува од Еврозоната?

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Се уште не ми се баш јасни овие од Сириза, ама ми се чини дека ако се случи Grexit, следен чекор ќе им биде национализација на банките..
 
Светот на чело со двајца Британци и indiegogo почнаа да ја ,,спасуваат" Грција. :popce:

Донаторите може да добијат разгледница од Грција, салата од фета-сирење и маслинки, шише узо и грчко вино. Оној кој ќе го плати целиот износ добива еден грчки остров.
 
Светот на чело со двајца Британци и indiegogo почнаа да ја ,,спасуваат" Грција. :popce:

Донаторите може да добијат разгледница од Грција, салата од фета-сирење и маслинки, шише узо и грчко вино. Оној кој ќе го плати целиот износ добива еден грчки остров.
Јас сакам само еден поздрав со банкнота од 100 милијади Грчки Драхми и да си одиме сите по дома.
 
Последно уредено:
Сега треба да се купи стан на море :)
 
Ако сакаат да ја заебат Грција за 2 години ќе јадат земја и тоа тие што можат да јадат земја ќе бидат среќните.Грците се во катастрофална положба најдобрата варијанта им е да свиткаат кичма и да ги прифатат сите барања на ЕУ ,ако продолжат со вакви политички циркузи каде пробуваат да ги поткопаат ЕУ политички,ќе завршат со граѓанска војна и без добар дел од територијата.

Грците од секогаш ја имале предноста да имаат добра репутација ( античка држава, демократија ,филозофија).Сега се познати како неработници,преваранти и арогантни копиља нема никој ни да мрдне прст да им помогне.
Me likey...
 
- мислам дека Грција нема да банкротира,
- мислам дека нема да го напушти еврото, ни ЕУ
- мислам дека ЕВРОТО нема намера да исчезнува ,
- мислам дека Европа кошот полн рогови само се протресува за да се среди-компактира,
- мислам дека европејците сепак не се како кретените меѓу нив кои се релативно малку, повеќето веќе одамна имаат препливано преку океанот,
- мислам дека Русија ја свати шемата по која до сега ја подјебаваа, па ќе и тргне карта ко луда....
- мислам дека Европа ќе ушмука неколку милиона нови работници..............и дека во иднина нема да биде толку синоока и светлокоса..
- мислам дека Америка... онаа Америка јужно од Канада ќе остане со прстот во уста... :):):)
- а ние Македонците ??? па ние сме бе народот кој ја измислил познатата : да му умре на комшијата козата, што само потврдува дека сме бесмртни..како народ.;)
 
Да беше ЕУ во цутот како до 2008 немаше да има проблем да и платат и прогледаат низ прсти на Грција. Ама овој пат и ЕУ си има триста маки и не баш во кондиција да им иде по ќејфот на Грците. ЕУ секако губи и да им прости и да ги отфрли. Прашањето е кај губи повеќе? Дали да го отстрани одма канцерот или да го храни долги години ама канцер е канцер. Плус ако им отпишат долгови истото ќе го побараат и Шпанија и Португалија и Италија и сите. Германија моментално самата има проблеми со забавен раст никој веќе нема сила да ги рани.
Еве нешто интересно скоцкано така.
 
Ципрас се предомислува, Европјциве го чекаат исходот од референдумот за да му пресудат на Ципрас... Барем да останеше маж до крај и да не се понижеше со писмото...
 
Се знаеше дека Ципрас нема алтернатива освен популизам кој пали кај очајна маса (секоја сличност со нашава ситуација не е случајна).
 
Што го очекува јужниот сосед овој месец:

Недела 5. јули:

Грците на референдум гласаат за предлогот на доверителите, кој владата во Атина веќе го отфрли, иако и самиот предлог стана безпредметен со крајот на програмата за помош во вторникот. Гласачките места отвораат во 7 часот по локално односно 6 часот по средноевропско време а затвораат во 19 часот (18 часот средноевропско време). Кога можат да се очекуваат веродостојни резултати е непознато. Ако тоа се одвива брзо и исходот е јасен, можно е веќе вечерта да дојде до првични советувања- најверојатно преку телефонска конференција- меѓу министрите за финансии од еврозоната, за да се оцени исходот на референдумот.


И Европската Централна Банка би можела да оцени дека е повикана да решава за натамошно снабдување на грчките банки со итни кредити. Како последно ЕЦБ одлучи повеќе да не ја зголемувва помошта, на што Атина реагираше со воведување на контрола на протокот на капитал и мораше да го ограничи подигањето на готовина за своите граѓани на 60 евра на ден.

Понеделник 6. јули:

И меѓународните финансиски пазари ќе реагираат на исходот на референдумот. Доколку победи опцијата „Да“ за предлозите на доверителите, левичарската влада во Атина мора од своја страна да спроведува политика, која самата ја отфрла- или да се повлече и да распише нови избори. При победа на „Не“, подготвеноста на земјите од еврозоната за натамошни разговори околу помошта за Грција не би била премногу голема, зашто пари од Европејците може да има само под услови на реформи и штедење. Покрај советувањата на министрите за финансии , во деновите по референдумот не е исклучен ниту нов вонреден самит на шефовите на држави или на влади.

Вторник 7. јули:

Грчките банки, онака како што стојат работите досега, повторно би биле отворени. Имено владата го одреди времетраењето на контролите на протокот на катипатл до 6. јули. Што ќе се случува понатаму, веројатно ависи од ЕЦБ и од тоа дали таа повторно ќе го зголеми итното снабдување со кредити, со цел грчките банки да добијат свежи пари.

Петок 10. јули:

Краткорочни државни обврзници во вредност од две милијарди евра ќе доспеат за отплата. Со оглед дека нив најчесто ги поседуваат приватани доверители, отпаѓањето на отплатата ќе влијае врз оценката за тоа дали Грција е банкрот. Зашто неотплатените долгови кон приватните доверители за големите агенции за кредитен рејтинх претставуваат одлучувачки критериум , за една држава да ја прогласат за платежно неспособна.

Понеделник 13. јули

Следната редовна средба на министрите за финансии од еврозоната во Брисел. На истиот ден Атина всушност мора да му отплати натамошни 455 милиони на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ). Грција кај ММФ веќе доцни со отплата на долгот, откако на 30. јуни не ги врати доспеаните 1,5 милијарди евра.

Понеделник 20. јули:

Сеге ќе биде доспеана за отплата најголемата рата во јули: Атина би морала на Европската Централна Банка да и уплати 3,5 милијарди евра.
 
Моментално 52‰ за НЕ спрема 48% за ДА во раните резултати.
 
Малата разлика на референдумот само ја докажува поделеноста во Грција, не му дава легитимитет на Ципрас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom