Бака = Мартинез, дури може да се каже дека Бака и е повеќе докажан од овој од Порто со оглед на тоа дека настапуваше во Ла Лига. Единствена разлика се годините ама сигурен сум дека ќе има добри партии Бака во Милан, жилав играч е, знае да се позиционира, да се бори за топка и влече луѓе на себе.
Сметам дека за Витсел мора да запнат уште појако да го донесат без разлика колку бараат затоа што Милан е дефицитарен на таа позиција и НДЈ никако не е опција за прв тим. Дури немора ни Витсел, еве го Сонг од Вест Хем може да го донесат ќе биде подобар од НДЈ а сосема солидна и евтина опција, само е прашање колку самиот би прифатил трансфер во Милан.
Зборот ми е дека и покрај разочарувањето од трансферот на Кондогбија, Милан е на добар пат после толку години. Го чисти ѓубрето, и полека но сигурно ќе се оправа. Преку ноќ шампиони не се стануваат, ама нека продолжат со паметни трансфери и чистење на ѓубре, еве трансфер роков, и Јануари и ќе имаат солидна основа за тимот натаму.