Ова што го замислуваат без Ибра не го бива. Со Луиз Адриано ништо не прават.
Ламела им е добра опција, затоа што тој може да игра и како втор напаѓач, можеби и како треквартиста, но тешко дека ќе го донесат.
Имаше некои текстови дека Бертолачи го спремале како треквартиста, тоа е и негова прва позиција, изгледа само претходната сезона (цела) ја играше во средина. Но во тој случај средината повторно е дупло голо.
Проблем со Бертолачи е што е малку недефиниран фудбалер. Малку е полушиц, а малку е играч од среден ред. Некаков полу универзалец
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
, а тоа знае да биде доста проблематично. Поголеми се шансите да го користат во средина, но и со него повторно нема кој да ја диктира играта. Да не замарам пак со ДЈ, но ќе биде тешко...
Витсел можеби не е најпогоден (посебно ако игра ДЈ прва), но може да помогне, само што нешто не оди лесно неговото доведување, уште кога ќе загриза посериозно некој тим што игра во ЛШ, може веднаш да се откажат, ако веќе не се откажале.
Видовме дека ДЈ и Монтоливо не се компатибилни, до нив ќе го имаат динамичниот Бертолачи, но повторно ќе се проблематични.
Шарави ќе биде најголемата жртва. Демек разговарал со Михајловиќ, дури збореше дека можел да игра треквартиста. До сега не покажал со ништо дека би можел, единствено би можел да биде втор напаѓач. Гледам веќе се појавуваат шпекулации за негова продажба.
Менез може да врши работа, тој е добар и за двете позици напред, но не можат да се ослонат на него. Тој колку е корисен, толку е и штетен.
Така да, до сега скоро ништо немаат направено...
А мене уште не ми е јасно зошто не играат 4-4-2, него запнале 4-3-1-2. А ниту имаат саглам искомбинирана тројка за во средина, тешко и дека ќе ја направат ова лето, ниту нападот го имаат искомбинирано. Потребни се двајца нови играчи во напад, а треквартиста пак ќе биде Хонда или Бонавентура, доколку Бертолачи игра во среден ред.
Се бира потешкиот пат, се трошат и некои пари, но повторно не се решаваат проблемите во тимот. Како таа 4-3-1-2 да е светост, догма некоја...