Нов терористички напад на ИД во Франција

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=95696#.VY02xEZx64o

Исламистички напад во Лион, еден обезглавен повеќемина повредени

Обезглавено тело, десетина повредени и човек кој мафта со знаме на Исламската држава. Франција повторно е цел на терористички напад а овојпат местото на злосторството е фабрика за гас во Сен Кентен Фалавие, во близина на Лион. Според дел од француските медиуми напаѓачот со исламско знаме во рацете детонирал повеќе експлозивни направи во фабриката, но други извори велат дека била најмалку двајца напаѓачи кои со автомобил успеале да влезат во внатрешноста на објектот каде се обиделе да предизвикаат експлозии на резервоарите со гас.

Едно лице веќе е уапсено а десетина илјади војници и полицајци трагаат по другите евентуални учесници во нападот. Уапсениот е маж на околу 30 години кој од порано им бил познат на француските тајни служби. Во градот пристигна францускиот министер завнатрешни работи Бернар Казнев, а претседателот Франсоа Оланд веднаш го напушти самитот во Брисел и се врати во Париз каде изјави дека нема сомнение оти во прашање е терористички чин.

Ужасни детали од настанот постоојано се дополнуваат па така локален медиум објави дека главата на жртвата била пронајдена како виси на оградата на фабриката а на неа биле испишани зборови со арапско писмо. Војската изврши евакуација на сите вработени во фабриката за гас додека работниците од околните фабрики се замолени да не излегуваат надвор од работните простории. Француската влада нареди засилени мерки за безбедност на сите чувствителни локации во земјата. Овој напад се случува шест месеци откако исламистички екстремисти убија 17 луѓе во Париз и неговата околина за време на нападот врз сатиричниот весник „Шарли Ебдо“.
 
"Уапсениот е маж на околу 30 години кој од порано им бил познат на француските тајни служби."

И овие ко нашиве. Чекаат жртви за да интервенираат. Браво бе! Богами и убаво им праат, дури и малку им е. Кога го пикаат носот заедно со америте кај шо не им е место...
 
Франциja била колонизатор во близкиот изток, ти за пикане нос ко америте зборуваш...
 
Eдно лице а се мисли дека некој видел и 2 лица.... is this real life? За 2ца психопати одма терористички напад? А група од 50+ наоружани со најмодерно оружје вкопани во урбана средина кои 2 дена непрекинато водеа жестоки борби со специјални единици на една држава се само криминалци и вооружени лица....
 
И во Тунис рокнале ~30 души на плажа...
 
Eдно лице а се мисли дека некој видел и 2 лица.... is this real life? За 2ца психопати одма терористички напад? А група од 50+ наоружани со најмодерно оружје вкопани во урбана средина кои 2 дена непрекинато водеа жестоки борби со специјални единици на една држава се само криминалци и вооружени лица....
Овие најверојатно се залагаат за фундаментален ислам, овие кај нас во Куманово немаат никакво соопштение, никакво барање, ниту дејствувале така со што кај јавноста би предизвикале страв, туку кај нас работата е што е исценирана ради моменталната политичка ситуација, така мирисаше уште првиот ден и подоцна кога се заврши се оставки дадоа Јанкуловска и Мијалков зошто никој не даде адекватно образложение, а пред тоа трубеа од сите првладини телевизии како успешно ја спровеле акцијата со 9 мртви и незнам колку повредени, после се дешава ``необјасниво спектакуларно`` или незнам како да го наречам бекство на еден од групата и потоа самите почнаа да даваат изјави како некои луѓе примиле пари заради целата работа, и немој погрешно да ме сватиш јас сум прв што сакам истите говеда да им обезбедеа дупка од два метри, но ситуацијата во Куманово е далеку од тероризам, со што истото го знаат и европјаниве и не го квалификуваат како тероризам...
 
И во шиитска џамија во Кувајт терористите убиле повеќе од 10 луѓе.
 
Ме боли кур за Франција, Тунис и Кувајт. Сами или со помош на Америте си прават терористички напади за да го заплашуваат населението и да го држат под контрола, или за други цели. Во Македонија 3 дена се пукаше низ цел еден град, се водеа борби и чистење куќа по куќа за да се убијат или фатат терористите, полицајци гинеа од кукавички напади и на крај ниедна западна држава не го квалификуваше нападот како терористички, туку како вооружен...?!

Што се однесува до мене, Франција, Тунис и Кувајт може уште утре да исчезнат и око нема да ми трепне.
 
Терористи? Не бе така ви се чинит, дан се борци за права? Ај убо проверете, зш овде кај нас ко такви ни ги декларирате, уууу сорта ваша неуба.
Ље суис а?
 
Казнев откри кој ја нападнал Франција: Јасим Салхи е човекот кој што ја отсекол човечката глава и оставил знаме на ИСИС!
tocka-163574.jpg

26.06.2015 | 16:05
Извор: Точка

Се работи за отприлика 30-годишен маж, кој уште во 2008-мата година бил осомничен за радикализација, вели францускиот министер на полицијата. Нападот врз фабриката за гас во Сан Квентиун Фалавери е терористички, оценил Франсоа Оланд.

Јасим Салхи е името на човекот кој што бил уапсен под сомнеж дека му ја отсекол главата на друг маж и предизвикал неколку експлозии во фабриката за гас во Сен Квентиун Фалавери, недалеку од Гренобл, град на истокот на Франција, изјавил францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, пренесува известувач за HRT од Франција.

Салхи е поврзан со салафистичкото движење и од 2008-мата година е познат како радикален исламист, додал Казнев.

napad-francija-teroristicki-novo-01.jpg

Напаѓачот при апсењето признал дека е член на Исламската држава, ги пренесува Sky News зборовите на Хенри Семјуел, известувач на Daily Telegraph.

Daily Mirror додава дека се работи за маж на возраст од околу 30-тина години, кај кој што е пронајдено знамето на ИСИС. Наводно се работи за човек кој што од претходно и е познат на полицијата, иако нема досие, додал Казнев.

На друштвените мрежи започна да кружи и фотографија од вооружен исламист, кој е наводно споменатиот напаѓач. Сепак се испоставило дека на фотографијата е еден Албанец, кој што бил убиен минатата година додека се борел во редовите на ИСИС.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, кој ја прекинал посетата на Брисел каде учествувал на самитот на ЕУ, и се вратил во земјата, вели дека нападот бил терористички и дека напаѓачите сакале да ја дигнат во воздух фабриката за гас.

Според првичните информации нападот започнал утрово околу 9 часот и 50 минути кога се слушнала силна експлозија. Двајца мажи ја пробиле оградата со автомобил, а потоа се забиле во помал резервоар за гас при што предизвикале помала експлозија, во која што биле повредени десетина луѓе.

Потоа било пронајдено и обезглавено тело во близина на влезот на фабриката. На влезната капија била набиена главата на жртвата а покрај неа била оставена порака на арапски јазик. Тука е пронајдено и знамето на ИСИС. Глетката била и повеќе од ужасна.

- Обезглавено тело на еден човек било пронајдено кај фабриката, но засега не е јасно дали е телото донесено тука или не, наведуваат медиумите.

Истрагата е во тек, а полицијата се сомнева на терористички напад.

Овој напад се случил после неполни шест месеци откако исламистистичките терористи ја нападнаа редакцијата на сатиричниот магазин Шарли ебдо во Париз и уште неколку мети во престолнината на Франција и околината при што убија 17 лица.

http://tocka.com.mk/1/163574/kaznev...sekol-coveckata-glava-i-ostavil-zname-na-isis
 
Овие најверојатно се залагаат за фундаментален ислам, овие кај нас во Куманово немаат никакво соопштение, никакво барање, ниту дејствувале така со што кај јавноста би предизвикале страв, туку кај нас работата е што е исценирана ради моменталната политичка ситуација, така мирисаше уште првиот ден и подоцна кога се заврши се оставки дадоа Јанкуловска и Мијалков зошто никој не даде адекватно образложение, а пред тоа трубеа од сите првладини телевизии како успешно ја спровеле акцијата со 9 мртви и незнам колку повредени, после се дешава ``необјасниво спектакуларно`` или незнам како да го наречам бекство на еден од групата и потоа самите почнаа да даваат изјави како некои луѓе примиле пари заради целата работа, и немој погрешно да ме сватиш јас сум прв што сакам истите говеда да им обезбедеа дупка од два метри, но ситуацијата во Куманово е далеку од тероризам, со што истото го знаат и европјаниве и не го квалификуваат како тероризам...
Требаше да ги остават да поседат во Куманово и да се насоберат,па да видевме како ќе дејствуваа ;)

ама тогаш пак такви како тебе ќе јадеа гомна,дека ЕТЕ ЗНАЕЛЕ,ама ги ОСТАВИЛЕ да извршат терористички напади,намерно,за да се извадат од ебените бомби на заев.
Или некои исти како тебе ама другачије офарбани,ќе речеа дека заев им напраил комотство во негова општина-град,за да вршат терористички напади,за да падне владата.

Преку кур од глупи експерти и нивни следбеници како Латас и Борјан и Ацо кабранов.[DOUBLEPOST=1435338932][/DOUBLEPOST]http://grid.mk/read/news/510514165/...-napadi-vo-francija-tunis-i-kuvajt-foto-video и боље да напраиме тема за теорристички напади низ светот,пошто ќе ги има се почесто.
 
]http://grid.mk/read/news/510514165/...-napadi-vo-francija-tunis-i-kuvajt-foto-video и боље да напраиме тема за теорристички напади низ светот,пошто ќе ги има се почесто.

Има веќе таква тема http://forum.kajgana.com/threads/Терористички-напади-во-светот.76395/одамна отворено, незнам како ја немате приметено, а и оваа тема треба да се префрли во оваа од линкот.
 
Да претпоставам, Американците се криви?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom