Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Zdravo, preporacajte mi kade moze da kupam kvaliteten i dobar velosiped, na novo do 2.500 den
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.451
Поени од реакции
2.002
@Acohipmk Ги гледав Макс велосипедите на Агротехна, ми фатија око. Е сега се мислам помеѓу тие што се со амортизери и без амортизери. Каков да земам, со или без амортизери? Да не се расипуваат амортизерите брзо?
И дали во Агротехна имаат делови за во случај кога ќе откаже нешто?
Гледам во ГТЦ имаат салон, па тој ми е најблизу, дали ги имаат на лагер сите велосипеди или носат по нарачка?
Убаво ти кажа Боки, немој премногу да очекуваш и биди спремен на брзо менување на делови. Или подсобери некој денар за поквалитетен велосипед или побарај на старо нешто, но изборот за тие пари и на старо е мал.[DOUBLEPOST=1434468497][/DOUBLEPOST]
Zdravo, preporacajte mi kade moze da kupam kvaliteten i dobar velosiped, na novo do 2.500 den
Квалитетен и добар за 2500 денари? Сериозен си? :eek:[DOUBLEPOST=1434469052][/DOUBLEPOST]
Zdravo.. Sakam mislenje vo vrska so ovoj tocak, jas nemam iskustvo ne mi e za na golemi relaci cisto za do rabota i niz grad.. http://velosiped.mk/index.php/shop-store/zenski/capriolo-diavolo-600-fs-17-20-detail
..Drugo.. Bitola nema golem izbor na tocaci kaj so prosetav ili ne mi se dopadnaja ili cenite mu bea visoki spored budzetot moj.. sakam da go poracam preku internet ako mozi sovet ke vi bidam blagodarna fala :)
Добар е за тие пари. А таква авантура да нарачуваш велосипед од интернет не ти препорачувам.
 
Последно уредено:

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Zdravo.. Sakam mislenje vo vrska so ovoj tocak, jas nemam iskustvo ne mi e za na golemi relaci cisto za do rabota i niz grad.. http://velosiped.mk/index.php/shop-store/zenski/capriolo-diavolo-600-fs-17-20-detail
..Drugo.. Bitola nema golem izbor na tocaci kaj so prosetav ili ne mi se dopadnaja ili cenite mu bea visoki spored budzetot moj.. sakam da go poracam preku internet ako mozi sovet ke vi bidam blagodarna fala :)
Види во Битола што е застапникот за Крос да не има на лагер некое точаче градско за до таа цена.

http://bikes.mk/
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Некоја препорака за добро масло за ланец за роуд бајк?
Во Outdoor.mk купив Joe's PTFE dry lube 100 милилитри, мислам дека 390 беше. Вака ми изгледа океј, подмачкува и трае, ама па собира и ѓубренце. Среќа имам powerlink на ланецот па лесно се вади за темелно чистење.

Него, на мојот матичен форум отворив тема со проектче за реставрација на велосипед, кој го интересираат вакви работи, слободно нека прочита на овој хиперлинк.

П.С. Ако имате делови за донација, отворен сум за соработка :D:D:D
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Да не знае некој каде може да се набават квалитетни гакички со постава за велосипед?

Има на оглас, ама квалитет/цена соодносот се секогаш под знак прашање со огласиве...
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1630653
 
Член од
19 март 2013
Мислења
333
Поени од реакции
185
Кои се најтесни гуми кои можат да се стават на 27,5' тркало?
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
62
Поени од реакции
74
Што викате за овој роад бајк, сакам да го купам на старо
Peugeot so rx100 velicina 52.
kolku realno bi vredel? deckoto vika deka treba gumi da se smenat i sajla za zadna kocnica. navodno toa e se.
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Кој беше на Тур де Галичица и како си помина? :)

Си го сменив мојот мачно склопуван и неизмерно сакан роудбајк за планинарец, и ова ми изгледаше како совршена прилика да го пробам планинарецот RAM HT.Two 2.2 и по неасфалтиран терен.
Се забравме со другарче, он од Скопје, јас од Гостивар и во сабота попладне пристигнавме во Отешево. Имавме резервација во Автокамп Отешево и пријатно се изненадивме од чистотата и состојбата на бунгаловите во истиот тој камп. Бонус беше погледот:



Сабота вечерта имаше организирано журка на плажата под Хотел Лејквју (Lakeview за странците :D) која почна некако споро, па премина во забавно журче откако луѓето се напија три-четири-седум-осум пива.
Вечерта, во автокампот тишината ја разби пороен дожд, во огромни количини и долготрајни периоди. Тоа значеше едно нешто: теренот од offroad делот на Галичица покриен со земја црвеника стана апсолутно невозможен за возење.
Наутро во 8:30 часот, товаривме велосипеди и правец на стартна точка во Ресен. Не пречекаа демотивирани фаци, како и информација дека организаторот ја откажува турата, и доколку се оправи времето, ќе има возење само по асфалтираниот дел од турата. Заедно со времето, расположението на толпата осетно се подобри и така, во добро друштво и убава атмосфера, се искачивме на Галичица. Апсолутно вредеше патот до Отешево/Ресен и би препорачал на секој што ќе се двоуми за наредната година, да оди! Глетката која ве чека е следната:



П.С. Стартниот пакет на турата беше СМЕШНИ 200 денари. Се добиваше одлична маичка, два исотоник пијалоци, шишенце вода, смоки и внимателно одбрано благо (наполитанки и чоколатце со ориз) кое не се топи или распаѓа и може да се понесе на турата.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Бев на Галичица, ама кампував што беше до некаде лоша одлука со оглед дека се истури дожд во три вечерта.
Извонредно организирано со навистина симболична цена за стартниот пакет и навистина штета што не можеше да се извози турата.
Галичица ја имам возено неколку пати и го прескокнав тој дел од Ресен и бидејќи бевме уморни и ненаспани заради времето си заминавме дома.

Лани исто така бев на турата и тогаш се погоди супер временцето и навистина е тура што не се пропушта...Ишалах догодина побројни.

Еве едно видео од караш за турава...Ме има фатено малку дури спремам јадење. :)

http://karas4training.com/mk/training/sports/pushti-na-tur-de-galichica


@Martinmkd

Колку пари е ноќевање во бунгаловите?
 
Член од
5 септември 2012
Мислења
1.280
Поени од реакции
1.135
Многу одамна мислам да се подновам но буџетот тешко расте. :)
Понудете некој добар велосипед до 200e.
Барам нешто ваков http://velosiped.mk/index.php/shop-store/maski/passion-detail али ако има нешто друго со предни амортизери за оваа цена ставете линкче. поз ;) (висина 177cm)
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
@Windfucker

Ноќевање во бунгалов е 1000 денари при што има 3 кревети а реално има место и за уште две вреќи за спиење на под, ако ептен ефтино сакаш да поминеш.
Иначе зборев со Ќулумовски додека веслав за нагоре, рече дека многу од камперите се демотивирале и заминале за дома. Ве разбирам и ја оправдувам одлуката зошто кај 4 сабајле дури и мене во 4 ѕида ме фати страв од олујата, а не вас во шатори...

Ете, барем знаете дека има втора опција за наредна година. Барем јас знам дека пак во бунгалов ќе си идам, најбитно ми е точакот да ми е безбеден и да ми помине ноќта пред возење мирно. Ако не се наспијам наредниот ден слободно можам како пропаднат да го етикетирам.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.707
Поени од реакции
21.219
вакво нешто со долги ногавици се наоѓа по скопјево ( за возење бајк нормално ) ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom