Како студент сум добил и вакви прашања, а и знам дека повеќето работодавачи ги поставуваат.
1. Дали ти е итна работата?
2. Ти студираш, значи кога ќе дипломираш дали од тебе ќе очекуваме отказ?
3. Зошто не си ми познат, од која фамилија потекнуваш?
4. Ако ви понудат поголема плата, дали би преминале на страната на конкуренцијата?
Баш ме интересира како ќе одговорите на овие прашања.
Не е само да ги научите одговорите на прашањата, туку има и други работи кои даваат одговор. Погледот, начинот на седење, гледањето во часовникот и насмевката.
Треба да знаете да се снаоѓате и да го убедите работодавецот, дека вие сте личноста што ја бара. Никогаш не измислувајте нешто кое никогаш не сте го научиле и не кажувајте дека мотивација ви се парите.
Секогаш носете ја и онаа добро познатата "Книга за фалење" Тоа е папка која содржи CV, мотивационо писмо, план, дипломи, проекти, препораки, сертификати и награди.
Еве мои прашања со кој сум ги добил и како сум одговорил. Некои се и повторуваат, ама нема врска ќе ви се најдат како можен одговор.
Како дознавте за работната позиција?
Најчесто кажуваат дека огласот сте го прочитале на некоја интернет страна.
Лошо е само ако барате работа преку огласи, а немате препорака од претходен работодавач.
Кажете нешто и за вас?
Образование и каква личност си. Одговорен, посветен, доверлив и тимски работник. Ако не кажеш какво искуство имаш, следува прашање и за тоа.
Какво работно искуство имате? Не ги кажувајте сите работни искуства, само она кое е поврзано со работата за која сте аплицирале.
Ова е најголема грешка. Имам видено CV, каде што како работно искуство му е наведена летна работа како келнер и шанкер на базен, а аплицирал за програмер.
Зошто дадовте отказ во претходното работно место?
Ако сами сте напуштиле кажете дека тоа не било доволен предизвик за вас.
Ако ве отпуштиле кажете што се научиле од преходното работно место и дека тоа ве направило поголем работник.
Што знаете за нашата компанија?
Не одите на интервју, ако ништо знаете за компанијата. Доколку дојде ред, работодавецот да ви објаснува со што се занимава компанијата, тогаш не се надевајте на вработување. Ќе помсили дека барате било каква работа.
Правиш план познат како 30-60-90 и го презентираш. Во овој план ги собирате истражувањата кои сте ги направиле за компанијата.
Зошто сакате да работите на оваа позиција?
Не раскажувајте премногу, уште помалку немој да кажете дека таа позиција ви е животна желба и дека долго сте ја очекувале. Кажете дека сте добри и сакате да напредувате во таа област.
Која се ваши добри и лоши маани?
Кажете барем неколку лоши маани и дека ќе се потрудите да ги поправите. Знаат дека секој не може да биде професионалец.
Ако кажете се добро за вас, ќе испадне дека се фалите. Никогаш лошата страна да не ви е она, што е бара како главен критериум.
Дали преферирате да работите во тим или самостојно?
Ја обожавам динамиката која ја носи тимската работа, но понекогаш сакам и да работам нешто кое ќе претставува моја лична одговорност.
Дали си прекфалификуван за оваа работното место?
Можеби сум прекфалификуван, но тоа би било супер за вашата компанија. Ќе добиете некој кој е подготвен веднаш да започне со работа, некој кој веќе има искуство.
Колкава плата очекувате?
Дознајте колку е просечната плата во компанијата. Не се потценувајте и не кажувајте премногу ниска плата, после тешко ќе добиете повисока плата. Не се ни преценувајте.
Дали би прифатиле пониска позиција со цел да се искачите кон посакуваната?
Да, ова е можност, за да ги приширам моите знаења.
Имате ли хоби?
Кажете дека ве интересираат многу работи од областа за која аплицирате и дека постојано истражувате. Во слободно време се занимавам со спорт, вежбам, читам книги и гледам филмови.
Дали имате прашања?
Секогаш имајте неколку прашања. Тоа покажува дека претходно сте истражувале за таа компанија. Ако кажете не немам прашања, ќе помисли дека не се интересирате за работата во компанијата.
На крај треба и ветување дека доколку ве изберат вас, дека ќе го дадете најдоброто од себе.
Најчесто прашањето
Дали може да работите во тим? се поставува и како
Што ќе направите ако работата на вашиот колега не му оди добро?