- Член од
- 21 мај 2009
- Мислења
- 876
- Поени од реакции
- 466
Имам неколку прашања во врска со аплицирање и заминување.
- Како се одвива интервјуто? Колку е потребно познавањето на англиски јазик (до кој степен гледаат на тоа) ?
- Дали е морално претходно искуство и дали може да се помине со лажно искуство т.е доколку бараат земени потписи од работно место исто на она што сакаш и да аплицираш?
Ке се обидам да ти објаснам зошто гледам дека прашањата ти се на место.Ме потсети на мене кога поставував вакви прашања на еден куп форуми.Одговорот следи....
1.Моето искуство со интервју.Хмммммм,беа еден куп.Сосема различно од оние интервјуа кои сум а предпоставувам дека си ги правел и ти во МК.Нивото на англискиот јазик е добро се додека може да те разбере она што ке го кажеш и се додека можеш да го разбереш она што ке ти го кажат.Објаснуваш за твоето последно работно место што и како си работел,и нормално и за останатото твое искуство.Повекето од регрутерите понатаму објаснуваат за твоето работно место,значи обврски и слично.Платата е на крај која најчесто е однапред дефинирана и е тема на ценкање.
2.Пожелно е да имаш предходно работно искуство посебно кај оние струки каде се бара стручно познавање.Сите регрутери се свесни дека секое ЦВ е 80% нашминкано.Но,се додека можеш да го работиш она за што си аплицирал никој не прави проблеми.Моето прво ЦВ беше шминкано со 10 кг боја па поминав на интервју,но сепак имав искуство за работата за која аплицирав.
Скоро сите интервјуа регрутерите практикуваат да го одвиваат преку скајп.Е сега барем до толку знаеш како треба да се однесуваш на скајп,така......
Се надевам дека барем малку помогнав......За друг совет стојам на располагање...Поздрав