Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Aристотел верувал во разум и сметал дека со логика може да се спознае се. Тоа е спротивно на православитето кое смета дека има емотивно знаење и дека се не се спознава со разум.
Тоа е многу логично да го каже некој кој бил паган или безбожник каков што бил и он самиот.Не знам што е овде чудно и спорно.
 
Поентата ми е дека најголем дел од познатите филозофите не се согласуваат со учењето на црквата за светот исто како што го прават и некои источни практики и филозофии. По оваа логика МПЦ треба да ги анатемиса и нив. Додуше го има и тоа направено црквата во средниот век.
 
За мене како Христијанин,е важно што најголемите научници кои ги поставиле темелите на современата наука(Тесла,Њутон,Кеплер,Фарадеј,Пастер и др) биле Христијани и со нивните научни трудови го докажале постоењето на Бог.За филзофи... многу ми е гајле да ти кажам за нечиви специјални сфаќања за животот и универзумот.
 
За мене како Христијанин,е важно што најголемите научници кои ги поставиле темелите на современата наука(Тесла,Њутон,Кеплер,Фарадеј,Пастер и др) биле Христијани и со нивните научни трудови го докажале постоењето на Бог.
Знаењто за бог доаѓа од срцето не е од разумот и според православната теологија неможе да се докаже постоењто на Бог со наука.
 
Не факт дека Бог не е совршен, туку нечија претстава за Бог, има огромна разлика. Јас дискутирам за нивната претстава, нивното разбирање за Бог.

Мојот одговор го задоволува и Христијанското поимање на Бог.

Не гледам што во одговорот не ти е јасно?
 
За мене како Христијанин,е важно што најголемите научници кои ги поставиле темелите на современата наука(Тесла,Њутон,Кеплер,Фарадеј,Пастер и др) биле Христијани и со нивните научни трудови го докажале постоењето на Бог.За филзофи... многу ми е гајле да ти кажам за нечиви специјални сфаќања за животот и универзумот.
Te molam prilozi eden od niv?
 
Знаењто за бог доаѓа од срцето не е од разумот и според православната теологија неможе да се докаже постоењто на Бог со наука.
Бог е Дедо Мраз со бела брада ???

Тоа ли сакаш да ти се докаже???
 
Мојот одговор го задоволува и Христијанското поимање на Бог.

Не гледам што во одговорот не ти е јасно?
Ете според христијаните, јогата е опасна и штетна. Дали е тоа и твој став? Според христијаните, човекот се раѓа грешен, и мора да чуствува гриќа на совест, да бара прошка и искупување. Дали тоа е твој став?
 
Знаењто за бог доаѓа од срцето не е од разумот и според православната теологија неможе да се докаже постоењто на Бог со наука.
Верувај ми дека може и многу го докажале.А тоа дека Православната теологија го тврди тоа.. тоа ти го измисли сега.
 
Прашај поп ако не ми веруваш на мене.
 
За мене како Христијанин,е важно што најголемите научници кои ги поставиле темелите на современата наука(Тесла,Њутон,Кеплер,Фарадеј,Пастер и др) биле Христијани и со нивните научни трудови го докажале постоењето на Бог.За филзофи... многу ми е гајле да ти кажам за нечиви специјални сфаќања за животот и универзумот.
Се пишува Њутн, не Њутон. И за твоја информација, Њутн има далеку повеќе трудови и ракописи напишано на тема алхемија, одколку механика. Е сега, колку алхемијата е компатибилна со христијанството, на сите им е познато. Пред неколку векови, луѓето немале избор освен да се декларираат како христијани, бидејќи државата и црквата сеуште не биле одвоени. Оној што ќе го прогласеле за еретик, лесно можел да заврши на клада.
 
Во тој случај, нема надеж за тебе.

„Надеж моја Е Отецот, прибежиште мое Е Синот, покров мој Е Духот Свет„, вели Црквата.
Како што гледаш, има на Кого да се надевам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom