„Лајми.нет": ИД наредила терористички напади во Приштина и во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Јас колку што знам случајот Сопот беше 2003 година, и тој човекот што тврди дека бил тепан за да даде изјава изјавата ја дал тогаш. И не ја гледам поврзаноста на случајот Сопот со оваа тема, ниту пак воопшто со политичката криза. Во прислушкуваниот разговор помеѓу Јанкуловска и Мијалков има муабет и некаква си површна анализа на настаните и можни политички импликации од тоа, во никој случај нема одговорност кај нив за случајот. Дури ни нема експлицитен доказ дека луѓето не се криви. Они двајца не ги знаат фактите за тој случај. Но тоа не значи дека тврдам дека се осудените навистина криви или не. Тоа е веќе тематика што треба да се испита.

Тоа што го слушаш можеби не ти се свиѓа, ве нарекуваат како што не сакаш, меѓутоа и Албанците во меѓусебни разговори не нарекувааат на пример гунгш. Исто така кажуваат некои фактички состојби, како на пример дека има многу Албанци по затворите, но еве и јас ќе кажам дека врие Албанци по затворите во Швајцарија. Тоа не значи дека Швајцарија води кампања против Албанците.
Не спомнав јас партии, туку власти, држава.
Поентата ми беше дали државата е одговорна и самата со своите дела кога би се појавувале радикални структури? Малцинства кои бараат федерализации, нови договори итн.

Остави ги снимките, сега повеќе од очигледно е дека за сопот лежат невини, самиот бучковски за тоа јавно го кажа, пред снимките, снимките се само потврда.

Мене на пример некој да ми земе 10 год.од животот ако не земам некое глуппо големо обесштетување сигурен сум дека ќе станев расалгул за Македонија.

Сопот и те како има врска со темава, ако не и директно. Каде владее правото и законите не е лесно да се креираат и да функсионираат вакви ќелии, ќе имаат помалку и поневажни мотиви за општо да постојат итн.[DOUBLEPOST=1434619305][/DOUBLEPOST]
Чудно не го праша дали оправдува било која власт да ослободува Албанци за воени злосторства кои и те како ги сториле?
Затоа се произнесе, викаше бранко е крив, исто како за Сопот.
 
@puno, до кај се подготовките за терористичките напади што твоите ќе ги извршат помеѓу 25 и 28 Јуни?

Дали инструкторите се задоволни од резултатите што терористите ги покажале на обуката? Кои цели се избрани за напад? Колку Косово од својот буџет одделило за пензии на ваквите херои, за случај на смрт и закоп со државни почести и за случај на траен инвалидитет?

Немој да бидеш себичен, сподели некоја корисна информација:D.
 
Не спомнав јас партии, туку власти, држава.
Поентата ми беше дали државата е одговорна и самата со своите дела кога би се појавувале радикални структури? Малцинства кои бараат федерализации, нови договори итн.

Остави ги снимките, сега повеќе од очигледно е дека за сопот лежат невини, самиот бучковски за тоа јавно го кажа, пред снимките, снимките се само потврда.

Мене на пример некој да ми земе 10 год.од животот ако не земам некое глуппо големо обесштетување сигурен сум дека ќе станев расалгул за Македонија.

Сопот и те како има врска со темава, ако не и директно. Каде владее правото и законите не е лесно да се креираат и да функсионираат вакви ќелии, ќе имаат помалку и поневажни мотиви за општо да постојат итн.
Лежењето затвор невин, во Македонија последните 25, па и 70 години не е „привилегија“ само на Албанците. Невини лежеле и можеби лежат многу граѓани на оваа држава. Не сакам да навлезам во случајот Сопот, дали правно е издржан или не, ниту пак да навлегувам со сигурност дека лежат невини или не. Пошто политичките искази не се доволни како доказ на суд. Истото може многу лесно да се случи и за Кумановските настани, каде поради изјавата на Заев да се тврди дека терористите се туристи.

Ако ја тргнеме настрана дневната политика и ако во ваквите процеси ја бараме вината за барањата за федерализација, што според мене е валиден сомнеж, тогаш ќе ти дадам и еден друг факт. А тоа е опресијата што ја има Грција врз Македонците, па еве и ако сакаш и врз Албанците, која ете за дивно чудо не се ефектира со барање за федерализација. Истото може да го кажам и за Вулгаристан, па и за Албанија, каде што според правата Македонското малцинство е маргинализирано во општеството, тешко опресирано во минатото и сепак без барања за федерализација.

Значи по таа логика, можеме да заклучиме дека причината дека барате федерализација е дека ние ви дозволуваме да барате и да поминете неказнето, а тоа е доказ дека вашето малцинство не само што има права, туку тие права се поголеми од правата на малцинствата во Шпанија на пример(да не ги споменувам Грција и Бугарија како земји од ЕУ).

Па дури и да постојат невини што лежат во затвор, тие се некој минорен процент. На пример еве од 5000 затворени криминалци се погоди 20 да се невини. Барањето за федерализација не потекнува од овие 20, туку од далеку поголема бројка.

Тоа значи дека причините што ги наведуваш, не ти држат вода. Причините не се опресијата што Македонците ги вршат врз Албанците. Причините се од идеолошка природа и се започнати со Призренската лига пред 100тина години.
 
А за Сопот што правиме? Не се произнесе ама воопшто....
Да бидеме реални дуи не е безгласна буква во власта,имаат моќ да го решат случајот и казнат тие што згрешиле/ги наместиле ако се наместени. Они сепак одлучиле таа моќ да ја искористат за амнестирање на воени злосторници,поточно нивни пријатели и соборци. Така да барајте си одговорност во вашиот дел од власта а не од нашиот за Сопот.
 
Не е Puno статистичар, друг е статистичар и аналитичар.
 
Читам другите држави прават огради, па и соседите 30 км огради и полицајци на граница, ги одбиваат мигрантите со водени топови или ги апсат...на некој начин ги канализираат, секој си ја штити територијата на свој начин.
Иако одамна муџите се присутни кај нас и одамна имаше терористички акции и без ИД (Љуботенски бачила, полицајците Арачиново, станицата Теарце, станицата Матејче и командирот, станицата Куманово, Владата на РМ, железарско езеро...) ме интересира
Што државата Македонија има преземено во врска со напливот на мигранти и сомнителни ликови од кои нормално дел се криминалци, а дел припадници на ИД кои шетаат без контрола? Дали има распоредено полиција на граница, дали има поставено огради, дали има сознанија кои и какви луѓе влегуваат посебно затоа што сме потенцијално жариште и затоа што се јавно најавени закани кон Скопје и Приштина (што е малку симптоматично за Приштина ама ај).
 
Последно уредено:
Читам другите држави прават огради, па и соседите 30 км огради и полицајци на граница, ги одбиваат мигрантите со водени топови или ги апсат...на некој начин ги канализираат, секој си ја штити територијата на свој начин.
Што државата Македонија има преземено во врска со напливот на мигранти и сомнителни ликови од кои нормално дел се криминалци, а дел припадници на ИД кои шетаат без контрола? Дали има распоредено полиција на граница, дали има поставено огради, дали има сознанија кои и какви луѓе влегуваат посебно затоа што сме потенцијално жариште и затоа што се јавно најавени закани кон Скопје и Приштина (што е малку симптоматично за Приштина ама ај).
До този момент,jaс не сум видел или чул за ваков проблем да се зборува,а да не зборуваме за мерки на потокот на азиланти.
 
До този момент,jaс не сум видел или чул за ваков проблем да се зборува,а да не зборуваме за мерки на потокот на азиланти.
можеби. Читам некои бугарски полицајци одбивале да ја штитат границата. Во доста земји (за кои нема отворена закана за тероризам) се врши заштита колку е можно и распределба на квотата мигранти по држава, си ги штитат интересите.
Македонија ете доби отворена закана па ме интересира кои мерки се преземаат во врска со контролата.
 
Последно уредено:
Македонија ете доби отворена закана па ме интересира кои мерки се преземаат во врска со контролата.
Прашањето треба да се постави кон безбедносните структири, ние тука само правиме аматерски анализи според информации што ги добиваме од медиумите и евентуално некој друг извор, потогово кога станува збор за безбедносната ситуација. Иначе прашањето е на место.[DOUBLEPOST=1434626648][/DOUBLEPOST]
Скопје и Приштина (што е малку симптоматично за Приштина ама ај).
Немој да те чуди доколку има терористички напади и на Косово. Да не ги спомнувам Сирија и Ирак пошто таму војна се води, но Египет и Либија се со доминантно муслиманско население, па интензивно се случуваат терористички напади, во кои цел се повторно муслимани.
 
Ти за Хашките случаи како се произнесуваш?
Кај она имаше секакви, и не требаше ХАГ да ги врати и тие случаеви да ги опфати амнестијата, требаше да се казнаат соодветно сите сторители кои се исживувале врз цивили.
Нема здраво општесрво додека криминиалците се шетаат а невини се затвораат. Особена нам албанците ни требаат слободни криминалци.

И не, не им верувам на овдешните судови.
 
Сорос во Македонија служи за кон нив да се насочат двете минути на омраза од 1984 година, за ликови со твој коефициент на ителигенција. На Груевски му е потребен некаков внатрешен непријател, инаку тоталитарните и квазитоталитарните режими не можат да функционираат.

https://www.youtube.com/watch?v=t4zYlOU7Fpk

Извини што се вмешувам во дискусијата, но ете и јас така приглуп не можам да сватам какво добро носат шорошоидите на Македонија и македонскиот народ со промовирањето на федерализација, со промовирањето на делегимацијата на правото на гласање на Македонците преку поставување премиери по желба на некој од странство и албанизација на Македонија???[DOUBLEPOST=1434633249][/DOUBLEPOST]
слободно, само провери и кој ги контаминира везден темите со опозиција, Мајдан, гасовод, федерализација. Во темата за Гошинце и Куманово. Али све ова веќе е офтопик, доволно е.

Гошинце и Куманово беа причинети од одредени терористи од УЧК кои јавно порачаа дека бараат формирање албанска држава во Македонија и/или федерализација.

А поддржувачи на УЧК се појавија на митингот на опозицијата, па мора многу убаво да си се чувствувал меѓу нив на митингувањето:D.
 
Последно уредено:
можеби. Читам некои бугарски полицајци одбивале да ја штитат границата. Во доста земји (за кои нема отворена закана за тероризам) се врши заштита колку е можно и распределба на квотата мигранти по држава, си ги штитат интересите.
Македонија ете доби отворена закана па ме интересира кои мерки се преземаат во врска со контролата.
Проблемот со бегалците не е изобшто лек. Тоа са делумно луге,кои бегат да спасат живот,делумно са луге,кои сакат да се прекриjaт и може би не мал процент не са со чисти намери.
Тоа е изклучително тежка ситуациja како цело за регионот на Jгоисточна Европа.
 
Лежењето затвор невин, во Македонија последните 25, па и 70 години не е „привилегија“ само на Албанците. Невини лежеле и можеби лежат многу граѓани на оваа држава. Не сакам да навлезам во случајот Сопот, дали правно е издржан или не, ниту пак да навлегувам со сигурност дека лежат невини или не. Пошто политичките искази не се доволни како доказ на суд. Истото може многу лесно да се случи и за Кумановските настани, каде поради изјавата на Заев да се тврди дека терористите се туристи.
Болдот треба да биде утеха?

Друже утре јас можам да се затворам за некое дело кое не сум го сторил, а за доказ ќе го земат мојот профил со многу нацистички мислења или што не ја знам...

Ако ја тргнеме настрана дневната политика и ако во ваквите процеси ја бараме вината за барањата за федерализација, што според мене е валиден сомнеж, тогаш ќе ти дадам и еден друг факт. А тоа е опресијата што ја има Грција врз Македонците, па еве и ако сакаш и врз Албанците, која ете за дивно чудо не се ефектира со барање за федерализација. Истото може да го кажам и за Вулгаристан, па и за Албанија, каде што според правата Македонското малцинство е маргинализирано во општеството, тешко опресирано во минатото и сепак без барања за федерализација.
Федерализација не се прави само затоа што мештаните така сакаат, живееме во реален свет, ќе има федерализација само ако за тоа одлучат големите сили, поентата е кој повеќе допринесува за кај албанците да има такво расположение за да се прифатат и подржуваат вакви идеи.
Примерот твој Грција доволно ти збори гласно, таму и те како има потреба за федерализација, народот сака и подржува но џабе кога тоа не е во интерес на големците.
Затоа јас викам, нека оди некој нека ја подели Швајцарија.

Значи по таа логика, можеме да заклучиме дека причината дека барате федерализација е дека ние ви дозволуваме да барате и да поминете неказнето, а тоа е доказ дека вашето малцинство не само што има права, туку тие права се поголеми од правата на малцинствата во Шпанија на пример(да не ги споменувам Грција и Бугарија како земји од ЕУ).
90% од албанците немаат поим што значи федерализација, не знаат како би ни било со ако се споиме со Албанија или Косово, но сигурен сум дека 100% знаат дека не е нешто во ред со државава, и сакаат промена, тој договор кој би постигнувал промена органски се мрази од едната страна.
Ние ќе бараме промена, ако државата не казнува за тоа, само повеќе желбата ќе ја зголеми.
Па дури и да постојат невини што лежат во затвор, тие се некој минорен процент. На пример еве од 5000 затворени криминалци се погоди 20 да се невини. Барањето за федерализација не потекнува од овие 20, туку од далеку поголема бројка.
Не ме интересира количината, ме интересира само тоа што се знае дека се невини и никој со прст не мрда, и само се исмејуваат, алоооо, јас лично не сакам да живеам во држава чии закони го овозможуваат ова. наречи го тоа како сакаш, дури барање за федерализација, не ме интересира.
Тоа значи дека причините што ги наведуваш, не ти држат вода. Причините не се опресијата што Македонците ги вршат врз Албанците. Причините се од идеолошка природа и се започнати со Призренската лига пред 100тина години.
Никаде не реков дека македонците ги опресираат албанците, не живеам во илузија каде демократијата значи владеење на народот, македонците се програмирани да мислат дека албанците се злото и затоа оправдуваат било каква неправда.
Не постојат идеолошки причини, тоа само кај филмови и романи сум го видел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom