Планинарење

Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
Го најдов евентот, еве што пишува:
1. Екстремна патека- се оди од планинарски дом „Чеплес„ -Солунска Глава (2540 м.) -Бегово поле-планинарски дом Караџица - Алдинци - Преслап - планинарски дом Китка - Горно Количани. Патеката е долга 58 км со 2620 м. висинска разлика и се пешачи 19 ч. Зборно место планинарски дом Чеплес на 18.04.2015 во 07 ч. Бројот на учесници е делумно ограничен поради нокевање во планинарските домови Чеплес и Караџица/200 ден /исхрана од ранец.

2. Рекреативна патека- с.Горно Количани - планинарски дом Китка - с.Горно Количани. Должина на патеката е 8100 м. со висинска разлика од 780 м. и се пешачи 2:30 ч. и 2 ч. за враќање.
Зборно место на 19.04.2015 пред ПТТ Железничка станица во 08 часот. Бројот на учесници не е ограничен. Организаторот обезбедува превоз на релација Скопје-Горно Количани-Скопје на 19.04.2015 - цена 150 денари. Исхрана од ранец, обезбеден чај/маица 160 ден.
дај прати ми линк од евентот од фб неможам да го најдам
 
Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
дај прати ми линк од евентот од фб неможам да го најдам
Линк

Јас се премислив идам рекреативна од Горно Количани до Китка. Викендот 25-26 април е страшен со дешавки па ке чувам за тогаш. Веливар на Дешат, Трескавец или Царски ливади на Скопска Црна.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.290
Знае некој колку се плаќа преспивање во планинарскиот дом Чеплез?
 
G

Goldie

Гостин
Го реновирале, добил приватен сопственик и сега се вртат цени меѓу 250 и 300 :/
Ау да заборавив на тоа, и не е само реновиран туку и новоизграден дел имаат пуштено. За цена најдобро јави се прашај..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.290
200 во стариот дел, 300 во новиот, работи цела недела
Да не имаш број?
Се јавив на еден број кај некој Ване, па ме препрати кај некој друг, а тој друг не ми изгледа дека некогаш ќе стане достапен :D
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
161
Поени од реакции
69
Предложете добри 3 сезонски чизми за паланинарење што можат да се купат од Македонија или Бугарија. Буџет околу 100 евра со нешто ситно плус минус :)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
Барај планика, јас земав за нешто под 8000ден, добри удобни, убаво го стегаат зглобот
Точно кој модел е ке видам попосле

Send from my ONE TOUCH using Tapatalk

едит: моделот е Planika Protect MCB 21
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
до поискусните-прв пат завчера го искачив водно по козјите патеки...дали е голем подфат ако следна недела се нафатам да идам средно водно-матка и назад ? планирам да купам добра чизма,пошто таа што ја иммам не ја бива...и да прашам,зашто ме болеше кичма дур идев нагоре ? ја мислам пошто бев по кратки ракави а се потам брзо,абе кичма ме искина како да сум кревал 200 кг на мртво....активен сум спортски,мада секоја спортска дисциплина си бара редовност и секоја е посебна...
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804

Водно - Матка - Водно е многу и за редовни планинари а за тебе огромен напор, оди водно до матка и спушти се доле и со автобус врати се, така сите праат...многу саати одење е натака навака, мислам дека нема да можеш
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
до поискусните-прв пат завчера го искачив водно по козјите патеки...дали е голем подфат ако следна недела се нафатам да идам средно водно-матка и назад ? планирам да купам добра чизма,пошто таа што ја иммам не ја бива...и да прашам,зашто ме болеше кичма дур идев нагоре ? ја мислам пошто бев по кратки ракави а се потам брзо,абе кичма ме искина како да сум кревал 200 кг на мртво....активен сум спортски,мада секоја спортска дисциплина си бара редовност и секоја е посебна...
Секоја спортска активност активира различни групи мускули, на пример човек кој трча или постојано дреме во теретана после пет-шест исцепени дрва со секира ќе почне да го боли кичма. Исто е и со пешачењето по нерамен терен.
Во твојот случај и лоши обувки можат да предизвикаат болки во половината.

Ако немаш кондиција по планински терен Средно Водно - Матка е преголем залак дури и во една насока. Ако веќе сакаш да го поминеш тој пат мој совет е да одиш со жичара до крстот, пешки до Матка па да се вратиш со автобус. Но и во тој случај земи во обзир оптоварување на колената и зглобовите, симнувањето кон Матка знае да биде незгодно посебно ако времето е влажно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom