Анархија

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Апсурд! Не ми се допаѓа ниту мене, ниту на било кој анархист со кој сум разговарала(освен оние кои се декларираат како анархо капиталисти). Се коси со идејата, исто како и анархо национализмот, на пример. :)
Анархо капитализам бил главен систем на уредување или имал доста такви елементи во 18-19 век во САД и Западна Европа. Додека Анархо-Социјализам функционирал во мали заедници од почетокот на историјата до ден денешен. Ова е поприлично грубо кажано Бидејќи чист и апсолутен анархокапитализам никогаш немало освен во глави на некои луѓе.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229
Компромис... односно момент кај што некој попушта помалку, некој повеќе. И евентуално во иднина често доаѓа до момент кај што едниот ќе рече „а ти текнува јас тогаш кога попуштив?“. Анархизмот не може да се гради на ваков став, бидејќи сам по себе не е одржлив. Не е одржлив во секојдневието, а камоли идеологија да биде базирана врз тоа. За да биде одржлив, треба да има едноумие, тоа е тоа што го објаснував пред некоја страна, истото само што Кон Артист малце погрубо го кажа од мене. А таков епилог на човештвото не ми е во личен интерес, и ми е нелогично зошто некому би му било.
Јас сум спремна на компромиси и на соработка, само по цена да бидам слободна. Компромисот не значи наметнат авторитет, значи дека ти свесно прифаќаш нешто за да успееш да го оствариш интересот. Од друга страна пак има анархо индивидуалисти кои ќе го сметаат како наметнување сето она со кое тие не се согласуваат и замисли дури и со оваквите луѓе е успешно и функционално.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А ако живеам во анархистичко општество и моето субјективно мислење е дека треба да се отфрли анархизмот и да се воведе хиерархија? Што ми следи тогаш?
Banishment, Ser Jora-style. Никој не работел на промена за да се враќа назад пак. Ќе најдеш истомисленици па создавајте хиерархија. Heck, ако ви прија, играјте си и монархија.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Јас сум спремна на компромиси и на соработка, само по цена да бидам слободна. Компромисот не значи наметнат авторитет, значи дека ти свесно прифаќаш нешто за да успееш да го оствариш интересот. Од друга страна пак има анархо индивидуалисти кои ќе го сметаат како наметнување сето она со кое тие не се согласуваат и замисли дури и со оваквите луѓе е успешно и функционално.
Да, ама сепак има голема доза на попуштање при правењето компромис. Во случајов, тебе ти се важни две работи:

1. Слободата
2. Компромисот

Кога ти го правиш тој компромис, се откажуваш од едно мало делче слобода, нели? Бидејќи ако ние живееме во општество каде сите сме спремни за компромис (самосвесно, а не наметнато), тогаш повторно немаме целосна слобода, нели? Како е тоа поразлично од денес? И денес мораш да правиш некакви отстапки за да дојдеш до поголема слобода, разликата е единствено во начинот. Крајниот произвоид мање-више, барем мене, ми изгледа идентичен.

Banishment, Ser Jora-style. Никој не работел на промена за да се враќа назад пак. Ќе најдеш истомисленици па создавајте хиерархија. Heck, ако ви прија, играјте си и монархија.
„Враќање назад“... за мене анархизмот воопшто не е чекор напред, ако веќе дискутираме филозофија на животот. Зошто ти мене да ме banish-неш, а не јас тебе? Бидејќи бројките, мнозинството би било на твоја страна? Тоа веќе преминува во опресија, а колку што знам тоа не е целта на анархистите, туку баш спротивно...
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229
Да, ама сепак има голема доза на попуштање при правењето компромис. Во случајов, тебе ти се важни две работи:

1. Слободата
2. Компромисот

Кога ти го правиш тој компромис, се откажуваш од едно мало делче слобода, нели? Бидејќи ако ние живееме во општество каде сите сме спремни за компромис (самосвесно, а не наметнато), тогаш повторно немаме целосна слобода, нели? Како е тоа поразлично од денес? И денес мораш да правиш некакви отстапки за да дојдеш до поголема слобода, разликата е единствено во начинот. Крајниот произвоид мање-више, барем мене, ми изгледа идентичен.


„Враќање назад“... за мене анархизмот воопшто не е чекор напред, ако веќе дискутираме филозофија на животот. Зошто ти мене да ме banish-неш, а не јас тебе? Бидејќи бројките, мнозинството би било на твоја страна? Тоа веќе преминува во опресија, а колку што знам тоа не е целта на анархистите, туку баш спротивно...
Веќе пишав, не си принуден на тој компромис, но би било океј да го прифатиш затоа што ќе имаш некаков интерес од него. Ама и не мораш, како што би направиле анархо индивидуалистите. Ја пазиш разликата? За разлика од сега, тогаш ќе ја слободата да одлучиш и дали ќе правиш компромис, или не. Секако, доколку не си спремен да соработуваш, треба да си спремен и другите да не соработуваат со тебе.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Да, ама сепак има голема доза на попуштање при правењето компромис. Во случајов, тебе ти се важни две работи:

1. Слободата
2. Компромисот

Кога ти го правиш тој компромис, се откажуваш од едно мало делче слобода, нели? Бидејќи ако ние живееме во општество каде сите сме спремни за компромис (самосвесно, а не наметнато), тогаш повторно немаме целосна слобода, нели? Како е тоа поразлично од денес? И денес мораш да правиш некакви отстапки за да дојдеш до поголема слобода, разликата е единствено во начинот. Крајниот произвоид мање-више, барем мене, ми изгледа идентичен.


„Враќање назад“... за мене анархизмот воопшто не е чекор напред, ако веќе дискутираме филозофија на животот. Зошто ти мене да ме banish-неш, а не јас тебе? Бидејќи бројките, мнозинството би било на твоја страна? Тоа веќе преминува во опресија, а колку што знам тоа не е целта на анархистите, туку баш спротивно...
Општеството и развојот на свеста е комплексна работа. И самото општестово се труди да влијае на карактерот и психата на луѓето со пропаганда и форсирање на одредни вредности дали е тоа солидарност дали е еднаквост, религија, семејство, етничка припадност, јазик, личен успех, почитување на авторитети од секаков вид.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Едноумие не е возможно и никогаш нема да биде, ама пак затоа имало и ќе има заедници кои одлично функционирале според анархистички принципи и без него. Утре кога ќе основаш фамилија сигурно нема да бидете сите истомисленици во неа, но ќе морате да доаѓате до компромиси и заеднички решенија затоа што ќе имате заеднички интерес, кој во едно анархистичко општество би била слободата.
Такви заедници со хоризонтална структура, кои коегзистираат без хиерархија, според принципи на солидарност, рамноправност и взаемно помагање, може да коегзистираат само на локално ниво, во изолирани средини. Чист пример за микро-комуна е семејството. :D

Можи нема да бидете истомисленици, но не секогаш ќе има место за компромис. Тој компромис некогаш значи и ограничување на слободата на другиот, макар и делумно.

Друго, анархо-капитализмот е аномалија која е во основа себе-подржувачка. Има повеќе видови на анархизам, и сите можат меѓусебно да се подржат. Но ниедна група нема да ги подржи анархо-капитализмот, овен они самите. Затоа што анарзхимот не подржува оксиморонизам преправен како нешто друго.
Оксиморон дека има хиерархиска поставеност? Нели пресекот е слободата? :D

Се додека имам право на избор, и притоа ги почитувам еднаквите слободи и права на другите, имам право да го живеам животот на начин кој го сметам за најсоодветен, макар тоа било во заедница со хиерархиска структура.

Ако сакаме ќе си направиме и садо-мазохистичко-капиталистичко-вмровска заедница, ти немаш никакво право да ни наметнуваш авторитет и колективизам, и да ни кажуваш што треба да правиме и како треба да го живееме СОПСТВЕНИОТ живот. :D

 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Друга интересна работа ми е како тоа во анархо комунистичко општество-волонтерно ќе се вршат сите работи без потреба на мотивација(пример во анарх.капиталистички систем каде што ќе се плаќа overtime,работни бонуси,унапредување итн).
Колку од вас(или повеќето луѓе)во анарх.ком општество волонтерно би работеле во рудник?Колку од вас волонтерно би одбрале да работите летово во Скопје како таксисти а при тоа да бидете вреднувани како и оној што ќе одбере да работи како дегустатор на торти?
Да не ќе работите повеќе од обичното работно време,без никавка парична мотивација,еднсотавно со тапкање по рамо,брао брат ѕвер си,комуната е горда на тебе,еве ти што ти треба(секако они што мислат дека ти треба).И секако они ќе одлучат дали тебе ти е доволно да имаш 1, 15 пати или ниеднаш одмор во годината..
И да,аргументот дека абе тогаш ќе биде повисока свеста е 0 аргумент,таква свест може да се има и во капиталистичко општество и во било какво државно уредување,да можеше до сега,ќе се случеше.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Ова нема апсолутно никаква врска со темата.
Има и тоа сериозна Секс Пистолс се најголеми промотори на Анархизмот и тоа Социјалистички а, сега ги има на кредитни картички. Не ми се верува дека го читам ова.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229
Има и тоа сериозна Секс Пистолс се најголеми промотори на Анархизмот и тоа Социјалистички а, сега ги има на кредитни картички. Не ми се верува дека го читам ова.
Пистолс се панк група. Оние кои го промовираат анархизмот имаат пишувано книги за него.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Оксиморон дека има хиерархиска поставеност? Нели пресекот е слободата? :D

Се додека имам право на избор, и притоа ги почитувам еднаквите слободи и права на другите, имам право да го живеам животот на начин кој го сметам за најсоодветен, макар тоа било во заедница со хиерархиска структура.

Ако сакаме ќе си направиме и садо-мазохистичко-капиталистичко-вмровска заедница, ти немаш никакво право да ни наметнуваш авторитет и колективизам, и да ни кажуваш што треба да правиме и како треба да го живееме СОПСТВЕНИОТ живот. :D
Томејто-томато.

Можеш што сакаш да правиш - со твои истомисленици. Ко што никој со сила нема да прави од тебе анархист, твојата хиерархија ќе си ја определиш со останатите каде ќе ја терате, и со кого. Никој ништо не ти наметнува, освен да те форсира да направиш избор, нешто што денес не е редовна појава. После тоа се е на тебе оставено. Твојот избор не треба да влијае негативно на останатите кои не го направиле истиот - тоа е тоа. Толку. Нема некоја подлабока филозофија.

„Враќање назад“... за мене анархизмот воопшто не е чекор напред, ако веќе дискутираме филозофија на животот. Зошто ти мене да ме banish-неш, а не јас тебе? Бидејќи бројките, мнозинството би било на твоја страна? Тоа веќе преминува во опресија, а колку што знам тоа не е целта на анархистите, туку баш спротивно...
И со тебе томејто-томато?

Според сите анархисти, е чекор напред. Бидејќи ја подржувам таа идеологија нормално дека ќе кажам дека е чекор напред, не знам што те буни.

Ако имам доволен број истомисленици, твојот approval или disapproval нема тежина. Доволен број ако сме мнозинство, и да, тогаш би бил "banished". Или доволен број истомисленици, за одделување од вас како мнозинство, каде ние сме "banished".

Воопшто немам фрки за протерување. И така инфраструктурата ќе мора да се менува во анархо општество, better start from zero than break things down and then start from zero. Ќе ни заштедите труд :D.[DOUBLEPOST=1434236335][/DOUBLEPOST]
Колку од вас(или повеќето луѓе)во анарх.ком општество волонтерно би работеле во рудник?
Зошто кога може да пратиш робот за тоа?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
И со тебе томејто-томато?

Според сите анархисти, е чекор напред. Бидејќи ја подржувам таа идеологија нормално дека ќе кажам дека е чекор напред, не знам што те буни.

Ако имам доволен број истомисленици, твојот approval или disapproval нема тежина. Доволен број ако сме мнозинство, и да, тогаш би бил "banished". Или доволен број истомисленици, за одделување од вас како мнозинство, каде ние сме "banished".

Воопшто немам фрки за протерување. И така инфраструктурата ќе мора да се менува во анархо општество, better start from zero than break things down and then start from zero. Ќе ни заштедите труд :D.
Аха. Значи со цел ти да си добиеш слобода, ќе ја ограничиш слободата на некој друг. Односно во превод, поради сопствена идеологија, ќе му наштетиш на некој друг. Јак овој анархизмот бе, демек борба за еднакво прифаќање на луѓето, толеранција, да нема наметнување на туѓи мислења базирани врз туѓи интереси, али све дур не отстапуваш од веќе зададените норми и самата идеологија. Контрадикторно, не? Дури и во теорија изгледа нелогично и апсурдно, а уште помалце во пракса. Лесно е да протераш некој кој не го познаваш, па затоа вака си правиме муабет, ама што правиме кога би требало да се разделиш од мајка, татко, брат или дете, некој премногу близок кој го сакаш, а не се согласува со тебе? Ете ти уште еден лесен момент за рушење на „системот“. Што правиш тогаш? Ако не го протераш, тогаш отстапуваш од идеологијата која ја браниш. А ако го протераш, тогаш ти си изгубил од човечноста. Во тебе нема ни љубов, ни грижа. Ти си едноставно лоботомиран и живееш со помислата дека правиш нешто „for the greater good“ и дека „така треба да биде за доброто на светот“. Размисли, не те потсетува ова на некои денешни идеологии, м? Тогаш што и да би одлучил, епилогот има негативни последици за твоето опкружување. Затоа не може да биде успешен анархизмот, а ако биде, тогаш се губи човештвото и доаѓа до застој во напредувањето на општеството (да не речам дури и уназадување), она што јас го бранам и ми е најважно да го одбранам.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Anarhijata e interesna kako idea ama samo kako idea,vo realnost e utopia.Primer koj bi gi branel tie superorganizirani komuni,ako na horizontot se pojavi psihopatska organizacija od tipot na ID.Ili so ke bese so graganite na Kumanovo,ako bea osteveni na milost i nemilost na 100te iliridaborci koj so dojdoja so namera da vrsat teroristicki akcii niz Makedonija?I posledno ama najbitno,se dodeka parite go vrtat svetot anarhijata nema da postoi kako takva!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom