Полека сега. Претходно обвинуваш некого за вештерство (не ти, туку историски записи од историјата на човекот под надзор на религијата- Христијанството) и го убиваш на мизерен и нечовечки начин, а во својата света книга има елементи на вештерство т.е. претстажување (предвидување) на иднината! И муслиманите викаат дека во Библијата е спомнат Мухамед, што не мора да е вистина (и не е).
Сега празни цитати од страна на Исус, додека од Мојсеј конкретно не видов апсолутно ништо конкретно. Ова можеби за тебе се докази, но за мене не можат да бидат затоа што Библијата била многупати променувана, па и сигурно има грешки во првиот превод. Па тој разбирлив јазик подоцна бил искористен како сржта за подоцнежните преводи и препишувања од проста причина што вистинските текстови биле запалени, ако не се лажам.
Кога веќе знаеме доста за соништата, кога веќе знаеме дека религиските чуда се повторуваат во речиси сите свети книги, записи и приказни. Кога веќе знаеме дека постојат контрадикции (ајде нека биде грешка при преводот) и кога знаеме дека сите приказни се измислени (но тоа не значи дека и ликовите во нив се) и дека оваа Библија е слична со онаа вистинската, тогаш каде ја најде мудроста? Дали повторно во народот, што бил и е далеку од вашата концепција и замисла за Бог или народната мудрост и фантазија која е креатор на сите тие приказни!?