Не капираш ти , кој што ја отвори оваа тема, дека коските на тие луѓе за кој бараш правда им се превртуваат во гроб, пепел се направија до сеа од толкуте прозивки за нив.
Океј е да си го кажеш твојот случај али не генерализирај како истите оние кој што бесцелно партиски одат на протест за да ја искажат својата фрустра.
Половина од тие луѓе кога беше '' падот на Влатата '' ги знам и тоа беа оние хулигани кој што се во весниците, половина од тие се платени за да прават такви заебанции и да ги тепаат џандарите кој што не штитат, пола се само хулигани кој што идат да прават неред од чисто задоволство, но кога сфатија дека тој процес е сосема политизиран од страна на некои дегенренци, се повлекоа и се анти тој чин. ( во тој случај премногу жал ми падна за полицијата зашто само чуваше територија, а не употреби нималку сила.)
Случајот Нешковски е затворен, си има виновник кој што го признал делото и се си е по прописна процедура за која верувам дека е исправна. /* Пуци ми беше пријател. (Замисли ја мојата фрустра колкава е!)
Случајот Тамара .. греота е да се споменува и да се користи во свои цели таа трагедија.
Бог дава живот и Бог одзема живот , против тоа се не може... Одговорноста ќе си ја сноси вака или така тој што треба да си ја сноси , не можеш и несмееш ти да кажуваш кој да сноси одговорност.
Останатите твои барања се дување во цевка и не се докажани како такви дека постојат , си постои суд и ќе се докаже тоа... тоа се само концепти од тие аудио мобилни снимки кој што не претставуваат никаков доказ за ништо а и внимателно ако анализираш ќе сфатиш како што треба.
Снимките на куртонот Заев немаат ефект, немаат валидност, јасна е ситуацијата во тој контекст.
Ако ставаш прашалнк на синонимот - куртон - , тоа го мислам, зашто тоа и е: аболиран криминалец со ниска интелегенција и еготрипец кој што е главен инструмент на многу непријателски фактори.
Инаку, работев и јас во државна институција, скоро две години , после две години не ми го продолжија договорот, не затоа што немам партиска книшка туку зашто едноставно заврши проектот за кој работев. И немам партиска книшка и не ми ни треба ....
Дали можеби требаше да се бунтувам за тоа дека не ми продолжија договор?
Одговорот е НЕ! Така требаше да биде и тоа е тоа. Не идам контра на државата зашто не работам повеќе за нејзе, туку тоа ми дава само еден друг аспект на гледање на тој систем и на функционалноста на истиот... мое е дали ќе се борам за истата функција или ќе се унапредам во нешто помоќно и повеќе исплатливо.
Сметам дека ако сум компетентен за таа работа за која што аплицирам и сакам да ја работам не ми треба никаква партија, врски или што и да е .... *едноставно можеш да се интегрираш во тој систем со некои поголеми твои перспективи, желби и акти. / тврдата реалност не се согласува со оваа точка од ова мислење, иако невидливото го ставам пред , така што согласен сум со таа мисла.
И не е криминал ако се вработиш преку партија или ако си член на партија, тоа е сопствен избор и подржувач на идеологија... твое е дали сакаш или не сакаш а никој не може да те натера на тоа.
Не мора да значи дека ако си Опозиција дека си Комуњар или дека ако ја подржуваш Владата дека си ВМРОвец.
Едно е да си партиски војник друго е да си партиски симпатизер.
Ти давам позитивна критика, го сфаќам твојот револт и затоа следи го советот:
Внимавај во што веруваш , најубаво се размислува со своја глава - одкако ќе ја анализираш целата ситуација почнувајќи од минатотот ( 30 години назад ) па се до овој момент , и кога ќе ја видиш рационално големата слика, тогаш ќе гледаш многу поинаку на работите.
Плус на сите нас ни одговара да кењаме дека државата не ја бива, дека државата за се е крива - тоа е неточно. Самите ние сме си криви или прави за све во животот , таков е законот на животот, таков е законот на мислата и таков е законот на природата.
Оние што највише опозиционо кењаат и шират највеќе шизофренија се истите оние кој што највише пари имаат , додека добар % од тука само реално гледаат на работите и се молат на подобро утре и делат позитивна мисла со минус во џеб и дома.
Не кењам никој али спремен сум да ја бранам Македонија од секакви негативни фактори кој што и мислат лошо и на овој народ кој што е многу добар.
Го чекам исходот на целиот овој немил процес за да сите видиме што се дешава и да видиме кој е цврст а кој е лигав , кој и мисли добро а кој лошо , кој е вистински а кој е лажен...во политичка смисла. А се додека ќе има вакви пречки во водството на една владеечка струкура се повеќе ќе има незадоволство во сите системи , зашто пречката го прави тоа - логично. Поздрав!
п.с: На секој твој втор ред муабет алудираш на тоа да сите ние дојдеме пред владата на тие смешни седенки што не е кул и е вон контекст на твојата првична состојба.