Фибоначи

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.317
Поени од реакции
5.958
Леонардо Фибоначи бил италијански математичар кој направил константа. Фибоначи константата т.н. златна константа. Интересното и мистичното е што Фибоначи константата се пронаоѓа насекаде во природата, кај животните, во размерот на човековото тело, во музиката, во архитектурата на старите култури и цивилизации.

Големо прашање е дали Леонардо Да Винчи знаел уште пред Фибоначи за истата константа... Погледнете ги сликите.

Da_Vinci_Vitruve_Luc_Viatour-resized.jpg
Поделувањата според константата апсолутно се означени на овој легендарен цртеж за човековите пропорции на Да винчи.
tumblr_mywdsrnhgI1r4wthoo1_500.jpg
На овој цртеж апсолутно подлежи фибоначи константата цртежот исто така е од Да Винчи и притоа девојката на сликата прикажува масонски симбол со раката...

Фибоначи пропорциите видливи на делови од човековото тело.
Golden_arm.png
ca07113939865b750b94a2dfc4c26a79.jpg images.jpg
Мистеријата воедно и главното прашање е што всушност е Фибоначи ? Што точно претставува смислата на Фибоначи пропорцијата ? Ако почнеме со можеби малку ми се десет слајдови надолу... Се пишува дека можеби Фибоначи е пропорција создадена од Бог па затоа е наречена златна односно поради тоа се наоѓала во се и сешто. Други пишуваат дека апсолутно намерно се цртани цртежи според оваа пропорција, дека античката архитектура е неслучајно градена според Фибоначи итн.

Кое е вашето мислење за Фибоначи пропорцијата ? И која е според вас смислата нејзина ?
 
1. Oва е Златниот Сооднос (Golden Ratio ) и не е НАПРАВЕНА во 12 век од тој Фибоначи ,
тој ја oткрил низата од броеви (1,2,3,5,8,13....) математичката формула за Златниот Сооднос .

2. Леонардо Да Винчи е можеби најкреативниот човек што постоел воопшто на Земјата ,
- не може да знаел за овoj СООДНОС пред Фибоначи затоа што Да Винчи живеел 200 -300 години по Фибоначи ,

3. Има докази уште од антички времиња за БОЖЕСТВЕНИОТ СООДНОС

Се смета дека Египќаните ги користеле двете формули π (Pi) и (Phi) во дизајнот на големите пирамиди.
Грците го базирале дизајнот на Партенонот со помош на овој сооднос.

Фидиј (500 п.н.е. - 432 п.н.е.), грчки вајар и математичар, го студирал (Phi) и го применувал на дизајнот на скулптурите на Партенонот.

Платон (околу 428 п.н.е. - 347 п.н.е.), во своето видување за природните науки и космологија прикажани во неговата "Timaeus", Златнот сооднос го смета за најцврста врска помеѓу сите математички односи и клуч за физика на космосот.

2.jpg


.
 
so ova Phi probajte izmerete ja celata vasa visina, potoa od papokot do podot i verojatno ce vi izlezi toj broj, 1.618 ....
 
Кое е вашето мислење за Фибоначи пропорцијата ? И која е според вас смислата нејзина ?

Настрана од Фибоначи, а вклучувајќи го и неговиот прв и втор ред од пропорциски низи, пропорциите (бројчаните односи) се делат на:
- геометриски,
- аритметички и
- хармонски.

Смислата на тие пропорции е повеќекратна:
- даваат геометриско-аритметички ред во ликовното обликување од уметничките дела (атхитектура, скулптура, сликарство),
- даваат висока гаранција за убавината и редот кои уметникот сака да ги постигне и достигне,
- даваат (условна) гаранција за крајниот резултат/квалитет од уметничкото дело,
- даваат вклопување на уметничките дела во веќе створената објективна природа,
- даваат долготрајност на уметничките дела низ текот од времето и
- чинат да уметничките дела преоѓаат во трајна вредост, како производ од човековиот дух.

Ако тргнеме од ставот дека „...архитектурата е продолжеток на природната креација...„, тогаш користењето и повикувањето на некој од пропорциските системи значи и поставување на уметникот во улога на творец, аналогно на Бога Творецот, Кој твори според однапред поставена замисла па така (треба да) твори и уметникот.
 
Последно уредено:

Токму така: мерењата и споредбите помеѓу живите битија и неживите материјални структури, посочуваат дека буквално истите пропорции се среќаваат и во живиот и во неживиот Свет.

Славната DIVINA PRОPORTIONE самата покажува кој е Создателот...
 
2vmbyuf.png
 
Златниот сооднос е математичко претставување за работа што е позната како убаво е за око т.е убавината.
Сите тие филозофии, воодушевувања и слични атрибути за тоа дека е креаторот и слично се само празни зборови за опис на убавината. Описите се празни бидејќи имаат само филозофско/теоретско гледање на работите, а не и практично или со други зборови повеќе делуваат како комлименти и му годат на тој што се подарени или му го креваат егото.
Доколку се прават физичките работи со златен сооднос (како на пример архитектурни градби) тоа е гаранција дека ќе бидат убави за око т.е дека ќе им се допаѓаат на луѓето или со други зборови златен сооднос е тајната на мајсторите.
Интересна работа е што паѓаат во вода сите оние излитени фрази дека убавината е субјективна, што на еден му е убаво на друг не му е.
Златниот сооднос не е мистерија туку прецизно утврдена бројка за убавина.
 
Нема ништо мистично или мистериозно во фибоначи секвенцата, броевите или размерот, чиста математика.
Некои биолошки структури следат или само наликуваат на фибоначи секвенца само заради природата на делбата на клетките, едноставно таква структура се добива со консекутивно делење на тие клетките, на пример кај некои цветови или кај некои плодови.
Мистериозно е исто толку причината зошто меурите од сапуница се топки. Физички правила.

Од друга страна, раката, дланката или други биолошки структури воопшто не следат фибоначи секвенца, а тоа на сликите се само цртежи.
Пример за раката
www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12563655

Што се однесува до цртежи, градби или други човечки созданија кои наводно ја следат секвенцата, исто нема ништо мистериозно. Така ги правеле скиците, и им служела како водич во цртањето. Впрочем може таа спирала да се постави врз било која слика и случајно би се погодиле елементи кои одговараат на неа, без потреба самата слика и воопшто да е цртана според неа.
 
Ако тргнеме од ставот дека „...архитектурата е продолжеток на природната креација...„, тогаш користењето и повикувањето на некој од пропорциските системи значи и поставување на уметникот во улога на творец, аналогно на Бога Творецот, Кој твори според однапред поставена замисла па така (треба да) твори и уметникот.

images



l43-priapo-130125191941_medium.jpg


Ај пресметај фибоначи да те видам.
(немој некој случајно да го бриши постот ради сликата - има поента, ама прво нека пресметат фибоначито)

Misconceptions about the Golden Ratio;
http://www.cdlmadrid.org/cdl/htdocs/universidaddeotono/unioto/matematicas/markowsky.pdf
 
Последно уредено:
Ок ви ги почитувам мислењата на сите дека Фибоначи е само обична математичка константа, но целта на темата покрај тоа е и алтернативниот поточно мистичниот поглед на константата. Сакам да кажам неморате сто души еден по друг да се повторувате со исти мислења дека фибоначи не е ништо повеке од обична математика.
 
Ок ви ги почитувам мислењата на сите дека Фибоначи е само обична математичка константа, но целта на темата покрај тоа е и алтернативниот поточно мистичниот поглед на константата. Сакам да кажам неморате сто души еден по друг да се повторувате со исти мислења дека фибоначи не е ништо повеке од обична математика.
Па тоа ни беше поентата, дека ништо од тоа што се тврди како мистика не е точно. Само лажирани слики.
Еве фино објаснето, ако те интересира, прочитај.

https://www.lhup.edu/~dsimanek/pseudo/fibonacc.htm
 
Што се однесува до цртежи, градби или други човечки созданија кои наводно ја следат секвенцата, исто нема ништо мистериозно. .

А како би требало за „изгледаат„ за да станат „мистериозни„?
Живо ме занима...
 
Back
На врв Bottom