Беса во отворен протест за федерализација на Македонија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Ги одвојувам болдовите:
1. Се бара ослободување на осудените на Монструм(дури и пред да се објават снимките) и Бродец(на докажани исламисти и меѓународни терористи барани дури и во Косово).
2. После 11 години нема никаква смисла за спроведување на Охридскиот договор.
3. Албанскиот јазик официјален на целата територија на Р.М.
4. Редефинирање на Македонија.
5. Под знаме и химна на туѓа држава.

Епа Македонијо, со среќа!!!

(ВИДЕО) БЕСА: На 13 јуни протестен марш со барање за неотповиклива оставка на владата на Груевски и Ахмети

Почитувани Албанци на Македонија,

Ви се обраќаме денес да ве информираме дека Централниот Одбор на Движењето БЕСА, на вонредниот состанок одржан на 02.06.2015 меѓу другото дискутираше и за предлогот за организација на активност во знак на протест за ситуацијата во која се наоѓаат Албанците во Македонија.

Затоа Одборот донесе одлука со која Движењето БЕСА ќе иницира организирање на протестен марш. Како соодветен датум одлучивме де биде 13 Јуни 2015 (Сабота), во 17.00 часот.

Маршот ќе тргне од населбата Чаир, додека последна дестинација ќе биде Владата на Р. Македонија, каде ќе се прочитаат пораките и говорите на протестот.

Основни барања на овој протестен марш ќе бидат:

  • Ќе бараме неотповиклива оставка на владата Груевски & Ахмети поради партизација на државата, злоупотреба на институциите, неуспехот во интегративниот пат и заради антиалбанскиот пристап;
  • Ќе бараме истрага и осуда на сите криминални дела на инкриминираните политичари;
  • Ќе бараме од г. Заев да ги објави сите материјали кои се однесуваат на албанските вистини, особено тие што се поврзани со монтираните случаи, како што е случајот „Монструм“ – инаку ќе го сметаме и него како дел од покривање на криминалот:
  • Ќе се изјасниме дека по објавените прислушкувања, како и после неуспехот во одбрана на некоја албанска агенда, ДУИ и ДПА не се веќе претставници на Албанците од Македонија и тие немаат веќе мандат да одлучуваат за Албанците во било какви можни преговори;
  • Ќе бараме ослободување на осудените од случаите „Монструм“, „Сопот“ и „Бродец“;
  • Ќе бараме обелоденување на убиството на Харун Алиу и на неговите пријатели;
  • Ќе бараме целосно расветлување на случајот „Куманово“, одговорност од авторите и организаторите на тоа сценарио и итно надоместување на предизвиканите штети на албанските населени места;
  • Ќе бараме оставка на вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, бидејќи 11 години по истекување на рокот за имплементација на тој договор, нема веќе никаква смисла за негова имплементација;
  • Ќе бараме оставка на вицепремиерот за Евро-интеграции, бидејќи Македонија веќе неколку години назадува во евро-атлантската агенда;
  • Ќе бараме оставка на министерот за Правда и на Јавниот обвинител, бидејќи правото во Македонија е целосно партизирана и во суштина е антиалбанска;
  • Ќе бараме оставка на министерот за Животна средина поради неговиот неуспех во решавање на проблемот со загадениот воздух во Тетово;
  • Ќе бараме оставка на министерот за Образование за повеќето скандали во образованието, како што е и последниот со расизмот кон Албанците во екстерното тестирање;

  • Ќе бараме оставка на министерот за Економија, бидејќи албанските населени места во Македонија продолжуваат да бидат најсиромашните зони во земјата и, следствено, иселувањето продолжува да биде најголема болка;
  • Ќе бараме оставка на заменик министерот за Внатрешни работи поради случајот „Куманово“;
  • Ќе бараме оставка на Претседателот на Собранието на Република Македонија поради неговиот расистички пристап кон Албанците;
  • Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија;
  • Ќе бараме правична распределба на буџетот на Р.М
  • Ќе бараме нов договор за РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците.

Маршот има сеалбански карактер и Движењето БЕСА е само иницијатор на овој марш. Затоа, маршот нема да има партиски обележја на Движењето БЕСА.

Поаѓајќи од ова, Движењето БЕСА јавно ги повикува албанските политички субјекти, Движењето за реформи во ДПА, Националната Демократска Преродба, како и другите невладини организации, но и интелектуалците, уметниците, новинарите и другите јавни личности заедно да формираат Совет за организација на овој протестен марш. На тој совет Движењето БЕСА ќе има само еден глас и ништо повеќе. Ние сметаме дека денес е историски момент да ги оставиме зад нас групните, партиските и другите интереси и да се сплотиме во одбрана на албанскиот интерес во Македонија.

Затоа, во наредните денови ќе бидеме во контакт со сите субјекти и јавни личности, сето тоа со намера да се постигне поголема сплотеност на албанскиот фактор во Македонија.

Нека се слушне албанскиот глас на 13 Јуни во Скопје!

Под албанско знаме и под албанска химна!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
:dudlac::facepalm::dudlac::facepalm::dudlac:..................си го барате и ќе си го добиете.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Еве го и видеото иначе, за кој го мрзи да чита.

 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.974
Кампериве пред Влада ќе им се придружат или обратно?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Кампериве пред Влада ќе им се придружат или обратно?
Па мислам дека јасно се кажа дека е етнички обоен митингот, повикот важи до сите Албанци, под Албанско знаме и Албанска Химна. Што значи, не се поканети...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.974
Па мислам дека јасно се кажа дека е етнички обоен митингот, повикот важи до сите Албанци, под Албанско знаме и Албанска Химна. Што значи, не се поканети...
Па маршот ќе биде од Чаир до пред Влада. А таму ќе ги чекаат кампериве. Албанските знамиња веќе ги имаат, само македонските ќе треба да ги тргнат. Ништо сложено. :toe:
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Па мислам дека јасно се кажа дека е етнички обоен митингот, повикот важи до сите Албанци, под Албанско знаме и Албанска Химна. Што значи, не се поканети...
Што не значи и дека нема да има неАлбанци. Пример, Соросоидите и така се лепат на секој протест, сигурно нема да чекаат покана...
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.932
Некој од страна да гледа ќе помисли албанциве се избориле за независна Македонија па се угнетувани од славомакедонците ги немало у химна и знаме? Нон сенс си имаат матична држава им поклонија и втора нека си одат таму ако не им одговара да живеат со нас.
 
E

Epsilon

Гостин
Не ми е логично продаваат патриотизам и чиста Македонија вмроовци, а до вчера беа во коалиција со албанска партија и му ги дудлаа исечените курови.


:toe:
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Идиотиве "сенароден" го повикуваат, а никој не ги ферма. Како Албанец што сум, ова движење е рак за албанското население во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom