Средношколски протести

Сакам да ги разочарам сите идни бруцоши со фактот дека повеќето факултети ја применуват болоњата и системот на заокружување и како што истакна на протестите пред МОН дека екстернот неможе да биде мерило за знаењето на ученикот затоа што 20 прашања на заукружување не се мерило за нивно знаење. Ве поканувам повторно да ги окупирате факултетите со барање да се смени овој срамен концепт на оценување! Да ајде да ве видам сите што ја браневте автономијата на унивезитетот што ќе кажете сега или само политика ви е во глава?
Болоња нема врска со прашања со заокружување, туку со ЕКТС кредити кои најмногу зависат од факторот часови предавање.
Тоа што универзитетите некогаш преферираат дел од тестовите да имаат прашања со заокружување НЕ го одобрува ниту оправдува екстерното. Екстерното пак ќе биде промашен проект без никаква релевантност.
И не значи дека и против тестови за заокружување на универзитетите нема утре да протестираат студентите.
Впрочем, такви тестови најмногу се воведуваат заради зголемена оптовареност и немање доволно време да се евалуираат на стандардни начини, и тоа е резултат на „реформите“ во високото образование. И студентите не добиваат pool на прашања од кои би им се паднале дел и со тоа би се селектирале само бубаторските некритички способности, како што се селектираат со екстерното.
 
Сакам да ги разочарам сите идни бруцоши со фактот дека повеќето факултети ја применуват болоњата и системот на заокружување и како што истакна (кој истакна?!) на протестите пред МОН дека екстернот неможе да биде мерило за знаењето на ученикот затоа што 20 прашања на заукружување не се мерило за нивно знаење (чие знаење?!). Ве поканувам повторно да ги окупирате факултетите со барање да се смени овој срамен концепт на оценување! Да (?!) ајде да ве видам сите што ја браневте автономијата на унивезитетот што ќе кажете сега или само политика ви е во глав?
Еве зошто треба има екстерно тестирање. :D
 
Сакам да ги разочарам сите идни бруцоши со фактот дека повеќето факултети ја применуват болоњата и системот на заокружување и како што истакна на протестите пред МОН дека екстернот неможе да биде мерило за знаењето на ученикот затоа што 20 прашања на заукружување не се мерило за нивно знаење. Ве поканувам повторно да ги окупирате факултетите со барање да се смени овој срамен концепт на оценување! Да ајде да ве видам сите што ја браневте автономијата на унивезитетот што ќе кажете сега или само политика ви е во глава?
1. Болоњскиот процес не кажува како треба да се испитува, односно каков да е тестот, туку каков е процесот на учење, стекнување на знаење и формирање на оценката. Искрено, ја немам прочитано декларацијата, ама ова е од тоа што отприлика знам. Така што проблемот не е само во Болоња, туку во имплементирањето.
2. Има доста факултети каде што нема заокружувања, како што е пример мојот Правен, каде пола од испитите се усни, заокружување има само на влезните колоквиуми кои буквално се само како квалификација за испит. Понатаму, заокружувања на техничките факултети? Дури и да има, сигурно прво треба да ја решиш задачата па после да заокружиш точниот одговор. На Економски знам како се заокружувањата и тоа воопшто не е лесно како што сите мислат (ок, на некои предмети има и отворени прашања). Тоа е затоа што најчесто прашањата се со multiply-choice, а исто така, најчесто не е наведено колку точни одговори има прашањето, така што, од 5 понудени, може да е точно едно, може да се сите 5.
3. Како што кажаа и другите, на факултет нема т.н. базен на прашања од кои можат одговорите да се научат на памет.
4. Знаеш и самиот кој е главен проблем со екстерното. Тие што имаат заслужена 2ка или 3ка во текот на годината, лесно доаѓаат до 4ка или 5ка на екстерното. Впрочем, оценувањето се спроведува во тек на целата година, има повеќе тестови, евентуално усни испрашувања, така што еден тест од 20 прашања не може да одреди оценка.
 
Веќе неколкумина “разочарани“ ти реплицираа, а некоја контра-реплика од твоја страна тешко да прочитам. И штета што твоите неопределени, самоуверени и паметни другарчиња ги подигнаа белите знамиња и излегоа од оваа дискусија. Зошто? Затоа што го слушаа(т) Латас имбецилот кој ги погазува основните човекови права како и шири говор на омраза кој еден ден ќе кулминира со меѓуетнички конфликти. Сега тие ја знаат вистината.

Ако добро забележувам сега си во одбрана на екстерното (затоа што се останато ти е оф-топик или логички сакаш да кажеш дека матурантите ќе се соочат со уште системи на погодување кои ќе им го понижуваат нивното стекнато знаење и интелект). Ок. Ај, баш ме интересира кои се јаките (позитивните) страни на ова екстерно тестирање (како што ме интересира и кои се јаките страни на тие системи со кои подоцна ќе се судрат)?

И да беше малку попаметен ќе ги наведеше сите реформи во образованието, па тогаш да направиме една компарација за тоа колку оваа влада придонела во образованието, а колку претходните. Важи?

..........па потоа и ќе можеме и да разговараме и за “Болоњата“.......:)
 
Дека системот има недостатоци има се согласувам тотално ама не се спомнува тоа никаде. Знаеш најголемата нелогичност која е што полагаш на нешто што уште не си го ни учел затоа што наставниот план е до 10.06 , а екстерното се одржува порано , па имаш лекции кои не се предадени затоа што професорите несмеат да ги предадат порано оти од министерство ќе ги казнат ако не работат по дадениот план. Потоа нелогичноста е што неможеш да оставиш некого на продолжителна или да му ставиш единица во сведителство инспекција ќе ти каже толку неможеш да му извадиш за двојка? Додека на екстерно ако извадиш единица истата ти влегува во сведителство! Тука е проблемот што нешто сакат да прават а не е смислено добро ниту како ниту па кога и да можеш да протестираш и да изнесуваш вакви факти , а не да го нема затоа што е на заокружување и со нереални граници или лесноста на препишувањето не е земена во обзир си земеш телефон со одговорени прашања и петка може да извадиш.[DOUBLEPOST=1433369939][/DOUBLEPOST]
Веќе неколкумина “разочарани“ ти реплицираа, а некоја контра-реплика од твоја страна тешко да прочитам. И штета што твоите неопределени, самоуверени и паметни другарчиња ги подигнаа белите знамиња и излегоа од оваа дискусија. Зошто? Затоа што го слушаа(т) Латас имбецилот кој ги погазува основните човекови права како и шири говор на омраза кој еден ден ќе кулминира со меѓуетнички конфликти. Сега тие ја знаат вистината.

Ако добро забележувам сега си во одбрана на екстерното (затоа што се останато ти е оф-топик или логички сакаш да кажеш дека матурантите ќе се соочат со уште системи на погодување кои ќе им го понижуваат нивното стекнато знаење и интелект). Ок. Ај, баш ме интересира кои се јаките (позитивните) страни на ова екстерно тестирање (како што ме интересира и кои се јаките страни на тие системи со кои подоцна ќе се судрат)?

И да беше малку попаметен ќе ги наведеше сите реформи во образованието, па тогаш да направиме една компарација за тоа колку оваа влада придонела во образованието, а колку претходните. Важи?

..........па потоа и ќе можеме и да разговараме и за “Болоњата“.......:)
Реформи почна од 2000 година некаде коа американците дава така наивни пари со цел да не затапат тогашен некаков концепт безврска само што почна , па се мора да се купуват книги и од следната година кажа нечини тој ај друг. Потоа бум генерацијата ја фати првата државна матура со која бевме тотално оштетени затоа што концептот им даваше предност на гимназијалците , а тестот беше ист! Факултетски реформи бум генерацијата први ја согледа примената на болоњата и ектс системот! Значи не е точно дека на економски бар јас можам да гарантирам дека прашањата на заокружување биле тешки коа со теорија на веројатност минимум вадев 7 а да имав читнато нешто од 8 па нагоре. Точно има отворени прашања ама се бројат предметите каде тоа е така само што и тие никој не ги чита битно е да пишуваш само и ова одговорно го тврдам! Сеа доаѓаме до врвната реформа изедначување на училишна и државна матура , а за сметка на тоа екстерно тестирање кое ќе ги натерало професорите да оценуват реално неземајќи предвид целата оптеретеност и општествена култура на родителите и самите деца. Како јаготка на шлагот Кембриџ концепт бе и тоа воведување на сред полугодие! Ама мора и прашање е кога ќе се случи и државен испит на факултетите па протестирајте пак колку сакате зш коа ги зимале парите од усаид и слични се обврзале за вакви некој глупи американски реформи на образование кое ќе донесе неписмени нации. Значи кој и да е на власт верувајте дека тоа ќе се спроведе! Решение да се направи добра експертска анализа и да се состави добар концепт за образование кој ќе почне да се применува од 1 до 9 а другите нема да ги фати нека оди една генерација јабана ама не сите наредни. Потоа да се натерат професорите да напишат нови книги и да објавуват научно истражувачки трудови концептот преведени книги со google не е добар , па и примерите им се мајко моја! Кога ќе се создаде таа основа тргање на политичко/директорски притисоци врз наставниците и професорите , а не лепезата ако нема 5 ќе леташ од работа затоа што тато се знае со градоначалникот или директорот и се добри пријатели. Кога ќе се спроведе ова може да збориме за реформи ова сега е каша попара и штанцање на неписмен кадар кој ќе ти работи за 9500 и ќе биде задоволен со тоа.
 
Последно уредено:
Претходно ги политизираш протестите, а сега јасно го изразуваш своето критичко размислување околу нашиов образовен систем!

И денес, и по ова екстерно тестирање постојат озонски дупки во системот. Што значи дека тоа апсолутно никако не влијае врз системот, освен негативно (потенцирам), ако ученикот има 1 или 2-ка, професорот ќе му стави 3-ка затоа што тој ќе препише за повисока оценка. Тоа е глупаво и тоа е кардинална грешка што сеуште постојат тој родителски и наставнички совет каде се поправаат оценките на учениците (или и тука во превод мама е во совет и имаш 5-ка- врски). Јас да сум на власт, покрај тоа што би ги забранил абортусот и ловот, би ги забранил и сите вакви глупости кој внатрешно ги рушат институциите, а кога ќе се урнат институциите, ќе се урне и самата држава, уставот и националниот поредок....без права нема држава и обратно.....претерани права „анархија“, непочитување на истите- еден од облиците на недемократско владеење и управување....Што имаме ние?.......

Редно е да се постават граници. И ќе има премногу незадоволни во смисла “Тоа се само деца“. Законите треба да го контролираат општеството, а човекот кога е контролиран е незадоволен (а од друга страна е сигурен). Така да и овој Закон ништо не би сменил посериозно, но ако оценката е реална, без тие 2 совета, ќе се добие пореална слика за тоа колку ние сме интелектуална (писмена и развиена) нација.

И екстерното тестирање и оценување треба да биде стартната точка. Тоа нека постои, но нека биде коректор на/за учебниците и наставните програми, а не на оценките и учениците. Јасно е дека се потребни учебници, а не скрипти и смешни диктирања. Диктатот е само врзување на мозокот и е многу стриктен и директен. Тука нема размислување туку само учење на памет. Сето тоа е многу погрешно. Време за промени има, ние не сме млада држава и треба се' да сфаќаме сериозно.

Симбиозата меѓу професорот и ученикот е сериозна. Оценката, знаењето и успехот се резултат на истата, но сето тоа треба да биде реално, а не да постои со цел да се плакнат очите. :)
 
http://www.mkd.mk/makedonija/ucheni...eshni-prashanja-na-eksternoto-testiranje-foto
mkd-197600.jpg

mkd-197601.jpg

mkd-197599.jpg
 
Прво треба да се тестираат оние кои ги составуваат и одобруваат прашањата, оние кои донеле решение и ја потпишале одлуката. Плус да им се даде по еден ваков тест со сладоледот на ликовите пред собрание.

Екстерно или екстремно глупави прашања?
Иако учениците напорно учеле за тестирањето, сепак за некои прашања не можат да најдат одговори, додека пак други се погрешно поставени.
Во екстерните прашања по англиски јазик за петто и шесто одделение голем дел од понудените текстови имаат и граматички и правописни грешки, а дел од прашањата учениците воопшто не го учеле.
На прашањето: Колку букви има кирилицата која настанала со преобразба и поедноставување на глаголицата? понудени се 4 неточни одговори: а)58; б)48; в)28; г)38. Точниот одговор на прашањето е 44.
Во текстовите по англиски јазик се меша сегашно со минато време, иако голем дел од учениците од четврто и петто одделение воопшто немаат земено минато време. Исто така, има многу печатни грешки, па така Лејди Ди не е „Princess“ туку „Princes“.
На екстерното по граѓанско образование се појави и прашање поврзано со спорот за името со Грција, кое голем дел од учениците го одговориле различно, а подоцна одговор не можеле да добијат ниту од нивните родители ниту пак од наставниците. Родителите се жалат на тоа и дека огромен проблем им претставуваат задачите по математика затоа што се непрецизни и збунувачки.

Прашањата изобилуваат и со расистички елементи.
Во прашањата по граѓанско образование може да се забележи омаловажување на учениците Албанци во кое тие се споредуваат со земјоделци или ученици кои живеат во планина и чуваат добиток, додека Македонците се сметаат за најдобри.
„Родителите не го пуштаат Агим да оди во училиште. Сметаат дека како највозрасен од сите браќа и сестри треба да се грижи за кравите во планина. Оваа одлука на родителите на Агим се вика:“
„Томче е најдобар ученик и затоа класниот раководител го предложил за претседател на одделението осмо два. Учениците тајно и со мнозинство гласови го избраа Томче за претседател. Дали има недемократски постапки при изборот на Томче?“

Кога говориме за процесот на вреднување на воспитно – образовната работа, треба да имаме предвид дека вреднувањето во себе обединува цел еден систем на следење, проверување, мерење и оценување на предметот на вреднување.
 
Последно уредено:
@Lurtz @рудници
За англискиов не сум сигурен баш само знам дека SPORTS е точно иако некој мудрец го заокружил како неточно па дури и статија направил.
За расизмот на прашањата не коментирам. Расизам еј....албанците црнци да не станале у меѓувреме пошто така се понашаат па не сум проверил. инаку приказната е според вистински настан барем така изгледа. Ве молам од сега за да не
P.S. од кај им се прашањата и зошто секој скриншот е со различен фонт? Ако има грешки треба да се исправат иако ова очигледно е за деца од основно и прашањата се толку едноставни и немаат врска со времето.
 
Не е поврзан расизмот со албанците. Нема никаков даден пример што значи дека можноста за манипулација е огромна.

Инаку да, грешки има. Дадени биле текстови кои немале никаква врска со прашањето, недодефинирани прашања и 4-ри погрешни одговори. Барем такви слики шетаат низ фб. Тоа се грешки и се додека тие не се поправат овој проект не може да биде мерило за колективниот и поединечниот успех на професорот/ите и ученикот/ците. Една системска грешка може да биде круцијална затоа што ќе влијае негативно врз успехот на ученикот, а се додека ќе има оштетени, незадоволството ќе биде огромно. Но што да се прави друже. Честито нека ни е недемократијава. :P
Држава во “карантин“ не се прави. Никој не е болен, туку сите сме етикетирани. Етикетата боли, а болката може да значи и болест, фигуративно (повторно). Па сега барај ја логиката на овој галиматијас. ;)
 
се согласувам освен недемократијава :-)
 
се согласувам освен недемократијава :)
Тоа е повеќе од очигледно. :P

Довербата во институциите не се враќа преку ноќ. А општеството секогаш ќе го контролира малцинството, па нема отстапка ни сега.
И проблемот ќе продолжи и во 2016 и во 2017 г.

ПиЕс. Грујо рече дека оставките биле патриотски чин! Тогаш зошто он не даде оставка, како вистински патриот? :)
 
Не сака да ја остави Македонија на цедило:-). не знам може ќе даде догодина како Сеп Блатер во ФИФА - добиваш избори и си даваш оставка. Има таман време да создаде еден-двајца заменици. Мој предлог Ивановски за информатика. Нека го впрегнат нека го сликаат нека заврши два три проекти и ете ти замена.
 
Грешки имаше откако се започна со екстерно и упорно се прават обиди истите да се минимализираат. Додека учевме со децата, кога ќе видевме вакви прашања и ние се чудевме што би одговориле. Толку недоследности, грешки и проблеми и оценките влијаат не само врз ученикот (во досието за оценки) туку и врз наставникот, врз неговата плата. А колку што сум запознат во разговор со наставниците, родителите имале проблем со решавање на приговорите од надлежното тело. И целиот тој стрес, плачки (сепак се работи и за мали деца), нервози, за да на крај матурантот остане без или со исклучително слабо платена работа или да земе бугарски пасош и да бега.
Средношколски Пленум: Дали е ова екстерното тестирање кое го ветуваше Адеми?
 
"Абдурахман освоил 90 бода на екстерно и го завршил факултетот за три години. На колку години Абдурахман ќе започне да продава дрога и оружје?" Е ова е "расистичко" прашање а не...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom