Д фестивал - Дојран; 17 - 19.07.2015 (Ману Чао еден од изведувачите)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Пред малку ми излезе ова на ФБ, па решив да отворам тема во врска со фестивалов.
Ова е 5-то издание на фестивалот, но не знам зошто, некако не добива многу голема медиумска покриеност (или проблемот е во мене што не гледам телевизија, но и на соц. медиуми не сум видела некои споделувања), искрено баш сум позитивно изненадена и мислам дека треба да му се даде целосна поддршка.

Мило ми е што се организира во Дојран, пред се за да се подигне малку неговата актуелност и редно е малку да има вакви настани кои не се во Охрид или Скопје. Со години Дојран е тотално запоставен, иако има огромен потенцијал таму, доколку се работи напорно.

Но, ова е само мое скромно мислење, ја отворам темава за информации, споделувања, договарања и слично.

На затворањето, последниот ден ќе настапи Ману Чао. Организаторите и официјално потврдија.

11393248_584125075061247_5131403752402456405_n.png

Од останатите изведувачи ќе настапат и „Фулиш Грин“, „Пи-ем-џи Колектив“, „Културно уметнички работници“ и „Драм енд брас трио“, Љубојна, Бла, бла, бла и ЗАА.

Картата е 600 денари со тоа што вклучува фестивалска влезница плус гратис камп.

Што мислите вие за фестивалот?
Сте биле ли на претходните изданија?
 
Досега не сум бил, незнам дали ќе одам годинава, но знам дека одлично направиле што ја земале Љубојна како дел од овој настан. Лошо е само што за овој настан не известуваат преку телевизија, а да беше за Цеца или некој друг од Србија по 100 пати ќе поминуваше реклама.

Иначе на кое место поточно ќе биде настанов?:)
 
Јас слушнав ке имало 3 стејџа , 2 на паркингот и една во стар дојран на плажа.
 
На паркинг се одржува фестивалов, измеѓу Нов и Стар Дојран. Иам одено 2-3 пати до сеа, се собира народ, посебно од околните места. :)
 
Сум бил до сега на две изданиа и топ провод. Ова година концептот е малце изменет со тоа што ке има и камп, што значи и дневна журка причина повеќе да се посети. За 600 ден 3 дена со се камп е прифатлива цена. Иначе и Bad Copy ќе настапуват мислам вториот ден. Уште не се знае целокупната понуда кој ќе настапува, али јас имам намера да одам.
 
600 денари? Па ова ти е исто ко безпари да е, многу ефтино бе. Браво браво
Инаку за последните изданиа имам слушано само пофални зборови.
 
Сега за сега овие им се потврдени како настапувачи а ќе има уште :

*BAD COPY (петок, 17. јули),
* ZAA (петок, 17. јули),
* КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ ( петок, 17. јули)

* КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ feat. TK WONDER (сабота, 18. јули),
* ФОЛТИН (сабота, 18. јули),
* ЉУБОЈНА Brass Fantasy (сабота, 18. јули),
* FOOLISH GREEN (сабота, 18. јули),
* PMG Kolektiv (сабота, 18. јули),
* DRUM'N'BRASS TRIO (сабота, 18. јули)

* MANU CHAO LA VENTURA (недела, 19. јули),
* BLLA BLLA BLLA... (недела, 19. јули),
* BAILDSA (недела, 19. јули)!

иначе секоја година идам (дека сум од Дојран :D ) секој година екстра журка паѓа
 
600 денари? Па ова ти е исто ко безпари да е, многу ефтино бе. Браво браво
Инаку за последните изданиа имам слушано само пофални зборови.
Ептен е евтино реално.
И да не е со гратис камп и да е само фестивалската влезница, пак имаш 3 дена настапи и за 3 дена 600 денари е багатела реално. :)

И не знам, ама стварно немам слушнато за фестивалов. Не знам што е проблемот, прилично сум упатена што кога се случува, дури и за настани кои не ми се онака фаворити за одење, ама знам дека се дешаваат, за овој фестивал немам ич слушнато. А супер иницијатива е. Се обидувам да сфатам во што е проблемот. Ај телевизија не гледам, може сум пропуштила. Ама активна сум на интернет, на социјални медиуми и таму никогаш немам видено... зошто толку мала промоција не ми е јасно.
 
Антенна 5 го организираат, или се медиумски покровители. Како и да е, тие го промовираат настанов години уназад.
 
Антенна 5 го организираат, или се медиумски покровители. Како и да е, тие го промовираат настанов години уназад.
Можно е, затоа реков дека може е и до мене, ете радио ретко слушам, телевизија не гледам, но еве се зачудив што и по социјалните мрежи немам видено ништо, а настанов е баш за млади кои нон-стоп споделуваат се. :) Ми промакнало изгледа. :)
 
Ептен е евтино реално.
И да не е со гратис камп и да е само фестивалската влезница, пак имаш 3 дена настапи и за 3 дена 600 денари е багатела реално. :)

И не знам, ама стварно немам слушнато за фестивалов. Не знам што е проблемот, прилично сум упатена што кога се случува, дури и за настани кои не ми се онака фаворити за одење, ама знам дека се дешаваат, за овој фестивал немам ич слушнато. А супер иницијатива е. Се обидувам да сфатам во што е проблемот. Ај телевизија не гледам, може сум пропуштила. Ама активна сум на интернет, на социјални медиуми и таму никогаш немам видено... зошто толку мала промоција не ми е јасно.

Реклама 0. Јас стрикно од фејсбук шо пратам. На тв само еднаш мислам видов кратка реклама. Мислам оваа година е 4то или 5то издание. Досега си беше она стандард, сите скоро мислам беа наши артисти и траеше само еден ден. Ако не сум грешка, лани мислам беа Stereo MCs.
Годинава е тип топ. Ептен се изненадив и за ценава и за артистиве. Ману Чао, Бед Копи, Кирил Џајковски, Суперхикс и уште не знам кој се, сигурно и други дј-и и групи и плус гратис камп е повеќе од СУПЕР цена :D . Се надевам дека годинава ќе имат прилично голема посетеност.
Здравје, ако сум во можност би сакал да одам на фестов.
 
Македонски и фестивал никад не ми иде у иста реченица од причина што сакаме брзи пари со чкљ организација. Ништо лично, ама така е. Ол д бест.
 
Леле, Дојран! :love:
Можам да замислам која атмосфера ќе се создаде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom